Search This Blog

Friday, May 30, 2008

Кои се неопределените ... колку се ... ке влијаат ли тие судбоносно на овие избори ?? ...

Во нашите услови имаме две цврсти гласачки тела оние кои гласаат за десницата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и оние кои гласаат за левица предводени од СДСМ ...

Какви беа досегашните бројки во МК избори

читај повеќе »

** Парламентарни избори 1990 година

Парламентарните избори 1990 година се првите парламентарни избори што се одржани во Република Македонија (тогаш се уште Социјалистичка Република Македонија), по воведувањето на политичкиот плурализам. Најповеќе мандати освои ВМРО ДПМНЕ, 38, а следна партија беше дотогашната единствена и владејачка партија СКМ-ПДП.

Изборите се одржаа според мнозинскиот изборен систем при што територијата на републиката беше поделена во 120 изборни единици. Учествуваа 18 политички партии и 43 независни кандидати. Првиот круг се одржа на 11 ноември 1990 година, а вториот – на 25 ноември.

Гласачкиот одзив во првиот круг беше 84,8%, а во вториот 76,8%.

** Парламентарни избори 1994 година

Парламентарните избори 1994 година се првите парламентарни избори кои се одржаа по стекнувањето независност на Република Македонија. Се одржаа истовремено со првите непосредни претседателски избори на 16 и 30 октомври 1994 година. Победа извојува коалицијата Сојуз за Македонија предводена од СДСМ. Опозицијата, ВМРО ДПМНЕ и Демократската партија го бојкотираа вториот круг на изборите и тврдеа дека имаше сериозни нарушувања во изборниот процес.

Исто како и на парламентарните избори во 1990 година мандатите се распределуваа според мнозинскиот изборен систем.

Гласачкиот одзив при првиот круг беше 77,3%, а при вториот – 57,8%.

** Парламентарни Избори 1998

ВМРО-ДПМНЕ

312.627

СДСМ

279.795

ПДП, ПДПА-НДП

214.360

ДА

119.351

ЛДП, ДПМ

77.788

** Парламентарни избори 2002 година.

Парламентарните избори 2002 година се одржаа на 15 септември 2002 година. Изборите се одржаа според пропорционалниот изборен модел, во шест изборни единици. Победа извојува опозициската коалиција За Македонија заедно, по што по четири-годишна пауза на власт се врати Социјалдемократски сојуз на Македонија.

Распределбата на мандатите во ново-формираниот состав на Собранието беше следната:

Партија Освоени гласови (%) Освоени мандати
За Македонија заедно 40,46 59
ВМРО-ДПМНЕ и ЛПМ 24,41 33
ДУИ 11,85 16
ДПА 5,209 7
ПДП 2,322 2
НДП 2,146 1
СПМ 2,124 1

ИЗБОРИ 2002

Официјални резултати - гласале 1.222.711 избирачи

Коалиција „За Македонија заедно“ - 494.744 гласови (60 п)
ВМРО - ДПМНЕ и ЛП - 298.404 гласови (33 п)
Демократска унија за интеграција - 144.913 гласови (16 п)
Демократска партија на Албанците - 63.695 гласови (7 п)
Партија за демократски просперитет - 28.397 гласови (2 п)
Национална демократска партија - 26.237 гласови (1 п)
Социјалистичка партија на Македонија - 25.976 гласови (1 п)

** Парламентарни избори 2006 година .

Парламентарните избори 2006 година се одржаа на 5 јули 2006 година, кој беше прв термин за редовни избори. Изборите се одржаа според пропорционалниот изборен модел, во шест изборни единици, исто како и парламентарните избори во 2002 година.

На изборите победи коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, која освои 44 пратенички мандати. Следи коалицијата „За Македонија заедно“, предводена од СДСМ со 32 мандати, коалицијата ДУИ-ПДП освои 18, ДПА - 11 мандати, Нова социјалдемократска партијаВМРО-Народна партија 6, Демократска обнова на Македонија 1 и Партијата за европска иднина 1 мандат. 7,

Гласачкиот одзив беше 56,5% што е убедливо најнизок процент на гласачи на досегашните парламентарни избори. На овие избори излегоа цели 17% помалку гласачи во однос на претходните парламентарни избори. Драстичниот пад на гласачкиот одзив во голема мера се должи на разочараноста на македонските граѓани од политичките партии и нивниот капацитет да ја извлечат земјата од кризата ...

Очито е дека од првите избори навака паѓа излезноста на изборите ... и МК партии оние што ке победат на изборите владеат со помалку од 30 проценти од гласачкото тело ...

Кои се луѓето кои се неопределени ... добар напис има во денешено Време:
- Неопределените ја носат победата ...

  • губењето интерес кај граѓаните да ги слушаат политичарите и да ги следат нивните предизборни кампањи ...
  • неопределените гласачи се тие кои не фаворизираат ниту една од главните политички опции во земјата.
  • разочарани гласачи или граѓани кои загубиле верба во политичкиот процес,
  • граѓани кои живеат многу тешко и затоа им е сеедно кој е на власт.
  • Во групата на неопределени исто така се вбројуваат и оние кои имаат богат живот и оттаму бизнисот, а не политиката, им претставува приоритет
  • најчесто размислуваат во насока дека сите политичари се исти и не можат ништо подобро да понудат.
  • Мал број од нив се цврсто решени дека нема да излезат на денот на гласање, а другите се фрустрирани гласачи кои секогаш гласаат за опозицијата.
  • гласачи кои секогаш се топат со победниците и одлучуваат да го дадат својот глас за опцијата која е сигурен победник на изборите
  • граѓаните решаваат за кого ќе гласаат по принципот на помало зло.
  • Оние кои се заинтересирани за доброто на државата и не поддржуваат ниедна партиска опција, во последен момент може да одлучат да гласаат против опцијата за која сметаат дека ќе победи, а која е лоша варијанта за земјата или за нив самите.
Се чини и овие избори ке ги решат онве таканаречени неопределени гласачи ... за кого ке се приклонат ке видиме за три дена ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter