- По завршувањето на Втората светска војна, во Грција останаа грчките комунисти и грчките монархофашисти да си ги одмерат силите. Избувна Граѓанската војна во Грција (1946-1949) која донесе многу репресалии, убиства и колежи на Македонците во Егејска Македонија.
- Тогашната Југославија сесрдно ги помагаше комунистичките сили и ги прифаќаше бегалците од Егејска Македонија. Но, во 1948 година по резолуцијата на Информбирото и југословенското историско “Не “ на другарот Сталин, јужната граница беше затворена и Македонците од Егејска Македонија беа оставени на грчкиот нож и бомбардирањето на англо-американската воена армада.
- Македонците бегаа во Албанија и оттаму беа депортирани во земјите на источниот лагер, дури и во далечниот Узбекистан.
читај повеќе »
- За Македонците кои останаа во Грција следуваа тешки денови.
- Не смееја да се декларираат како Македонци.
- Не смееја да имаат македонски имиња,
- не смееја да зборуваат македонски.
- Македонските топоними беа заменувани со грчки.
- Од грчките острови во Егејска Македонија беа населувани „чисти“ Грци, со цел да се асимилираат Македонците,
- а останатите Македонци беа раселувани во други делови на Грција.
- Имотите на македонските бегалци беа конфискувани.
- Македонските сирачиња од грчките сиропиталишта беа давани на посвојување во грчки семејства под директна иницијатива на членови на кралското семејство, со цел во корен да се уништи македонскиот идентитет и македонштината во Грција.
- За бегалците од Егејска Македонија во тогашниот СССР следуваше тежок период на адаптација и тивка асимилација од страна на грчките комунисти.
- Дури по смртта на Сталин во 1953 година егејските Македонци организирано почнаа да се враќаат во Македонија. Југославија ги прифати и се трудеше да им овозможи нормален живот.
- Но, теророт врз Македонците во Грција продолжуваше и понатаму. Особено беше жесток за време на владеењето на воената хунта која во 1967 година дојде на власт во Грција откако претходно го собори кралот Константин, кој избега во егзил во Рим.
- Во 1974 воената хунта беше соборена и беше донесен закон со кој се пропагираше идеолошко помирување што значеше дека сите политички бегалци кои ќе се декларираат како Грци по род можеа да се вратат во Грција и да си ги повратат имотите.
- За Македонците тоа значеше да се откажат од сопствениот идентитет и да станат Грци.
- Бидејќи по вокација сум психолог, ќе си дадам за право да ја елаборирам колективната состојба на грчкиот национален дух.
- Сите народи, вклучувајќи ги и Грците, имаат „колективно несвесно“ кое се состои од заедничко помнење (кое се пренесува од колено на колено) на митовите, легендите, обичаите, народните преданија, карактеристични за еден народ.
- Грците како стар народ имаат богата митологија која му е позната на целиот свет.
- Но, во своето колективно несвесно имаат еден страшно фрустрирачки товар кој датира од новата историја, а тоа е геноцидот што го направија врз Македонците во Егејска Македонија.
- Крвта на недолжните жртви им „дише во врат“ и го храни нивниот фанатичен национализам.
- Грчкиот народ, за жал, се' уште не ја доживеал својата катарза (чистење).
No comments:
Post a Comment