Пред 15 години спремен бев да се кладам дека најкраток пат да станеме земја членака на ЕУ е да заратиме со Грција и пошто сме воено послаби да не поробат и така да влеземе во ЕУ, ем ке бидеме во ЕУ ем ке ја врзиме територијата на скоро цела Македонија ... ова беше едно шаливо сценарио кажувано во кафеаните после второто пиво ... :)
Во меѓувреме заглавивме во транзицијата и станавме слепо црево на балканот ... се ни се проблематизира, здушно, ... од сите сега веќе 5 соседи ... НАТО и ЕУ ни лепат шлаканици а ние сме во состојба да клечиме и чекаме милост ...
Во ваква ситуација читам/слушам дека - демек имало сериозна идеја (демек, на владеачката партија ...) спасот за НАТО и ЕУ интеграцијата да го побараме во некава конфедерација со Бугарија ... демек и така повеќе од 60.000 наши граѓани имаат бугарски пасоши ... а на тој начин ке го сочуваме и името и идентитетот па и достоинството ...
Дали ... ??
Ако сме веќе кај можните конфедерации, нели тоа право си го обезбедивме со референдуското прашање со кое ја прогласивме нашата самостојност (можност за конфедерација ...) ... јас попрво би рекол дека нисе спрема конфедерација со Албанија и Косово ... АЛМАКОС ... прво тоа е стратешка скриена цел на американската политика на овие простори ... а зошто инаку би не терале да гу учиме албанскиот, доминантниот јазик на АЛМАКОС ...
- Тампон Зона ...
- Славомакедонија – Славомакедонци ...
- АЛМАКОС ВЛАДИМИР ЧУПЕСКИ ...
No comments:
Post a Comment