Сношто се случи конвенција на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица ... каде ВМРО-ДПМНЕ ги представувал кандидатите од изборната листа и програмта за преродба, надгардената ...
Груевски одговарајки рекол дека се чуди на обвинувањата на коалицијата Сонце, предводена од СДС дека ВМРО-ДПМНЕ не била за НАТО и ЕУ ...
“.. СДСМ и коалицијата Сонце постојано шират лаги дека ние не сме биле за европската опција на Македонија и за нејзиното приклучување кон колективните безбедносни системи. Од ова место отворено јас и одговарам на Радмила Шеќеринска дека за таквото влегување во НАТО, за какво што тие се залагаат треба да излезат пред народот, да го прашаат народот дали треба да прифатиме име какво што сакаат други, дали треба да се откажеме од нашата историја и култура, од нашиот јазик и идентитет, од се што е македонско. ..“
“..Ние исто така работиме на нашето приклучување кон ЕУ и НАТО, но не по секоја цена и не со жртва на нашето македонско битие, за нашето минато без кое ќе немаме и иднина, зашто тоа никогаш нема да ни го простат ниту сегашните ниту пак идните генерации,..“
Морам повторно да кажам дека Груевски уште еднаш повторува нешто за кое се залага и СДСМ преку политиката на председателот на РМ (некои го знаат повеќе како граѓанинот Б.Ц. ...) и тој постојано повторува дека е за фер компромис, но не по секоја цена, кој подразбира нечепкање по идентитетот на Македонецот ...
Единствената разлика кај двата изборни табра е дека Груевски ветува дека одкога ке се согласи како партиа (недавајки рок до кога ...) дека е постигнат задоволителен компромис за името, истото ке го провери преку референдум кај народот ... Груевски тука не ветува рокови ... а веќе порано напишав дека Грција не прифаќа референдум ... башка може да одговори со свој референдум ...
- На референдум ... со референдум ... јавно прашање до ВМРО-ДПМНЕ ...
1 comment:
Во 2006 год. ветија дека до крајот на 2006 г. ќе добиеме бесплатни визи а во 2007 год безвизен режим НИШТО ОД ТОА..Во 2006 г. ветија дека во 2007 г. ќе добиеме кандидатски статус за ЕУ. НИШТО ОД ТОА. Во 2006 год. ветија дека за една година ќе дојдат толку многу странски инвестиции да Македонија веднаш ќе почуствува подобар живот. НИШТО ОД ТОА иако имавте еден куп министри за економска проблематика, како наши така и увезени. Во 2006 г. ветија влез во НАТО во 2008 г. и пак ... НИШТО ОД ТОА. Албанија не престигна, Србија веќе одлучи дека сака Европска иднина и нормално и таа ќе не остави зад неа. Во 2006 година ветија дека имаат стручни, компетентни кадри за сите подрачја на делување. НИШТО ОД ТОА. Ниту стручни, ниту образовани ниту компетентни. Толку дибеци и аматери досега немало во политичката пракса. ветија намалување на даночните давачки но пак НИШТО ОД ТОА. Данокот го намалија на 10% а даночните основи ги дигнаа до небо, па сега повеќе пари давате за данок без разлика на процентната бројка. Имам уште мнооогу примери за ветувањата на Грујо. Но едно ќе заклучам: можеби имаале желба нешто да сторат но не знаат ниту умеат тоа да го направат. Се излажав на нивните розови рекламни ветувања во 2006, но ниту јас ниту мојата држава Македонија имаме време за чекање тие допрва да почнат да учат. Просто кажано видов за овие две години дека НЕ ГИ БИВА! И затоа како неопределен, за овие избори нема повторно да го дадам мојот глас за нив.
Post a Comment