Во секоја нормална демократија политичките партии одмерено ветуваат на избори - за да не дојдт во ситуација по изборите ако не ги исполнат ветувањата да ги изгубат катастрофално следните избори ...
Од ден на ден гледаме дека изборните ветувања на двете коалиции кои трчаат на овие избори во делот на ветувањата во економијата се скоро идентични ...
- се ветува вработување ... до негово истребување ...
- се ветува зголемување на платите ...
- подобрување на животниот стандард ...
- намалување на корупција ...
- правна држава ...
- бесплатно здравство ...
- ефикасно судство и полиција ...
- нови странски и домашни инвестиции ...
- намалување на даноците ...
- и се друго по ред - што треба да го чини нормална држава ...
Ама кога ке дојдат на власт - повеќето од ова го забораваат ...
- меѓу првите мерки е смена на директорот на Заводот за статистика ... нели тие кажуваат бројки со кои си “го мериме“ ...
- смена на сите директори, шефови и кафекуварки од предходната власт - за свои доверливи ...
- и се по ред како што бара една фина “би-партиска држава“ ...
- за на крај да речат ... ма какво вработување и нови фабрики ... тоа го прави стопанството ... не ние ... ние во слободна економија само собираме пари за државната администрација ... делиме по некој денар на социјалата ... се друго оставаме да го реши пазарот ...
1 comment:
Колку Груевски ги одржува ветувањата:
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=0FAB4DC55E3D1444A75CFBB5AD2DF59B
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=720989354082874094D31FCD2CE0C418
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=FE0E56A2C55BA64E9FBC9483A0B9992A
Post a Comment