Сношти кога си одев дома видов дека програмата ... е пред сите врати ... некој се потрудил да ја достави во сите домови ... веројатно не ни звонеле - едноставно е оставена пред врата ...
Ова е третпат како ја добивам програмата ... убаво обликовано книжуле од 192 страни ... купив весник и внатре беше програмата ... оваа пред врата и онаа од вебсајтот на ВМРО ДПМНЕ - кој нели го пофалив ...
Веднашка се сетив на КОД - Партиите ги кријат парите, нивните сметки - забранета зона. ... прашањето на Снежана Лупевска дали партиите ги пречекоруваат средствата за кампања ... еден чикица од некоја државна комисија рече ... дека скоро е неможно да се утврди кој колку средства троши ... вели еве на програмата на ВМРО-ДПМНЕ не пишува ниту кој ја штампа ниту во кој тираж е ... проверив во оваа печатената која ја добив и навистина е така ... нема кој ја печател, а нема ни во кој тираж е ...
Направив мала математика со неколку предпоставки и веднаш заклучив дека тоа книжуле е со вртоглав тираж ... осем тоа и со одличен квалитет на штампа ... чинам дека треба да се прогласи за книга со најголем тираж во Македонија ... да не зборувам дека делови од книгата на сите телевизии секојдневно се вртат во форма на спотови ... а во весниците неретко има големи ударни реклами ...
Се поставува прашањето бидејки спротивставената коалиција нема програма ... барем не вака одпечатена ... а ја нема ниту на веб сајтот ... може ли да победи на избори опција која нема програма ... ??
1 comment:
Залудно си читал и си ја разгледувал програмата. Тоа за ВМРО е обична хартија која и самите тие не ја почитуваат. Ако ја почитуваа, истата од 2006 нешто ќе сработеа. А вака гледаме пак ја препишаа и пак со истите чекори ќе не лажат. А потпрашај го Антонио од каде (невешто) ја има препишано и првичната програма. Баш најде да се наврати и да препишува од 20-те години од германската историја?!!!
Post a Comment