Ги гледав листите на кандидатите на партиите ... и дојдов до некои општи опсервации:
- Процентот на жените во изборните лиси е поголем од предходните ... но поприсутни се во недобитните места ...
- Од првите избори во МК досега имаме едно правило на национална поделеност ... од една страна се македонците на кои им се приклучуваат помалите малцинства во Македонија и
- На друга страна се албанците кои се сами на своите листи без никакво етничко мешање на ниедна друга нација во нивните листи ... ова правило важи од првите самостојни избори до последниве ...
- Наместо поделеност по изборните програми и опции македонскиот блок на партии повеќе сака да се одреди како - тврд национален ... со блага десна опција ... но со многу типични програмски мерки на левицата ...
- Социјалистите кои “скоро да“ се обединија околу слична идеја ... се представуваат себеси како помеки националисти ... но нивните редови ги пополнуваат/финасираат таканаречените “олигарси“ ... што е неспоиво со социјалистите ...
- Присутни се камелеон поединци кои флуктуираат час во едни час во други сосема спротивни блокови ... значи нив не им е цел идејата туку позицијата ...
No comments:
Post a Comment