Во текот на оваа изборна кампања од Груевски посебно, но и од други челници на владеачката партија (Ѓорчев Влатко на пример ...) имавме ситуации кога тие велеа дека на СДСМ и треба длабока реконструкција (инаку се сложувам со тоа ...) ... дека тоа ке биде за доброто на МК демократија ... дека се свесни дека еден ден СДСМ повторно ке дојде на власт ... Не ми беше јасна оваа порака се до ТВ интервјуто од сношти каде Груевски се обрати на верните гласачи на СДСМ - на овие избори да не излегуваат да гласаат воопшто ... да си седат дома и така да го натераат СДСМ да се смени од корен - да се демократизира и освежи ...
На ова се надоврза и водителот на интрвјуто со Премиерот, кој кажа пример од неговиот СДСМ комшилук во стилот ... абе што ке се мачам да излегувам на овие избори - Грујо и така ке победи ... не, неодам на избори ... вруќина е ... ке си седам дома и ке мавам сеир ...
Но затоа Премиерот се обиде да ги убеди сите свои гласачи да не седат дома - мислејки дека и така победата е во раце на ВМРО-ДПМНЕ ... ова е сосема легитимно ... дека секој глас за ВМРО-ДПМНЕ е важен ...
Дали со ова на денот пред молкот се смислува нов повик ... повик политичкиот противник да седи дома и да не гласа за своите ... за да ги казни ... Мене и ова ми личи за втор обид за “убиство на демократијата“ ...
1 comment:
Ај што не потцени и НАВРЕДИ со лажењето, па сега уште ни го одзема правото за гласање. Море Грујо кога ќе излезе народот на 1 Јуни и ќе ти го дотера умот!
Post a Comment