Во Македонија и на овие избори се покажа дека не се водат рационални изборни кампањи ...
- партиите од власта секојпат имаат повеќе пари ... бездушно ги трошат ... а тие на толку други места неопходно требаат ...
- никој не ги почитува изборните правила - особено правилото на лимит на трошењето на парите ...
- зошто има потреба во секој град, во секое село да се прави громаден митинг ... да се влечка народ со автобуси ... луѓето губат рабони часови ... последен пример - сношти кога за митингот на позицијата во Скопје, имаше неколку стотина автобуси ... па митингот нели е за скопјани ... зошто се мачат луѓето од другите градови да доаѓаат ... кога и таму имаше митинзи ... критиката важи за двете коалиции ... истото го правеше и СДСМ кога настапуваше на избори од позиција на власт ..
- луѓето од кампањите паѓаат во колапс - од темпото кое го бара дваесет-дневната кампања ... која уствари се претвара во месечна ... еве се слуша дека цела влада секојденвно е на инфузија во болниците низ Македонија ... Груевски, Спасеновски, Ставревски, Јанакиевски, Јанкуловска, Ѓорчев, ...
- смешни ми се новинарите кои имаат предизборни интервјуа со партиите од власта ... нивното “упикување“ ... сношти го гледав Томиќ (од позиција на националниот ТВ оператор ...) кој во “Гласот на народот“ претера со упикувањето ... мислев дека човекот е отпорен на упикувањето но сношти имаше специјален ден на упикување кај власта ... се чудам на таквите новинари - што мислат да прават ако нивните партијски пулени изгубат на избори ... кој ке им биде крив што потоа ке ги изгубат работните места ...
No comments:
Post a Comment