Од осамостојувањето на МК до денеска агендата на албанските партии во МК е иста ... федерализација и одцепување од Македонија на делови од Македонија ... со Рамковниот догвор ова нивна заложба стана и правно легитимна ...
Што го очекува новиот МК Премиер на 2 Јуни оваа година ... на мастата ке го чека неколку фактури ... едната од албанските партии во МК ... другата од Грците ... фактури не толку мали ке има и од Бугарите ... Албанците ... Србите ... најлесно од се ке биде колачот на поделбата на власта ... нели на првата владина седница секојпат се именувања на нови директори на ова и она ... се разбира ако се смени власта ...
Во постот ке се задржам само за фактурите на албанските партии за кои веќе пишував пред некој ден:
- Што ветува ДУИ во изборната програма ...
- Македонија во НАТО, ... Зачленувањето во НАТО ќе биде прва задача на ДУИ
- вработувањето,
- подобрување на економијата,
- на земјоделството,
- признавање на Косово,
- борба против корупцијата,
- Балканот во Европа и развој на образованието и културата.
- Демократската унија нема да дозволи уште еднаш да не се почитува гласот на Албанците, како што тоа се случи на 5 јули 2006 година.
- ќе се ангажираме за решавање на проблемот за името со Грција и ДУИ смета дека не треба да се чепка во идентитетот на Македонците.
- ДУИ во кампањата со ветување за инвестиции од 2 милијарди долари
- 100 000 работни места
- економски пораст од 6 до 8 посто
- Идната Влада по Бадинтеров принцип
- Доколку повторно се формира Влада без ДУИ, партиски извори најавуваат дека првиот следен чекор на партијата најверојатно ќе биде регионализација на земјата, бидејќи таква опција овозможувал Законот за локална самоуправа.
- дводомно Собрание, бидејќи во Македонија има две мнозинства, Македонци и Албанци.
- решавање на прашањето на употребата на јазикот и статусот на борците на ОНА,
- завршување на процесот за правична застапеност,
- ревидирање на употребата на симболите, како и
- признавање на Косово и воспоставување дипломатски односи.
И денешен Утрински во написот - Што порачуваат Тачи и Ахмети на овие избори ... всушност кажуваат од што ке се состои фактурата на ДУИ и ДПА ...
- Членство во НАТО и во ЕУ,
- реформски процеси,
- признавање на независноста на Косово,
- вработувања на Албанците
No comments:
Post a Comment