Како СДСМ ја замислува средната класа и колкав треба да е нивниот број во однос на вкупното население ... Ајде да почнеме со дефиниција што е средна класа:
За мене средна класа е онаа која:
- нема проблем со егзистенцијата,
- има куќа или стан,
- возат два автомобила,
- има се по дома,
- оди на одмор, летен зимски,
- има пари да го школува детето/децата ...
- едноставно пристоен живот ...
- по некои мерила над 30/40/50 проценти треба да е бројот на средната класа од бројот на вкупното население, во зависност од степенот на севкупниот економски равој на некоја држава ...
Према горната дефиниција во услвои кога имаме 30 проценти невработеност ... кога оние што земаат плата со неа не можат да ги платат комуналиите и да купат храна ... во услови на зголемена сиромаштија ... оваа парола на СДСМ за враќање на средната класа (за наредни четири години ...) ми звучни само како “добра парола“ ...
СДСМ како лево орјентирана партија пред се треба да се залага за стопирањето на сиромаштијата, за минимална плата ..., за сигурна егзистенција на вработените ... а средната класа која за овие 17 години ја снема - може да се врати само преку наредни 20 години добра работа на идните влади ...
No comments:
Post a Comment