Ке пробам да ставам само акценти од нивните конвенции во Охрид и Штип ...
Груевски - Охрид ...
- преродба
- реформи
- Прашањето со уставното име на Македонија е од стратегиска национална важност. Некои сега во предизборието велат дека ќе го решат за само шест месеци, а истите не успеаја да го сторат тоа за 17 години
- за ова прашање не треба да одлучуваат тесни политички кругови и да направат историски непоправлива грешка, туку на референдум, доколку тоа биде потребно, ќе се изјаснат граѓаните на Македонија.
- Додека ние зборуваме со јазикот на фактите и бројките, од другата страна зборуваат со јазикот на старото време, јазикот на навредата и омразата и на манипулациите и лагите
Шекеринска - Штип ...
- ВМРО-ДПМНЕ не' одведе во бездна
- Шекеринска ги праша граѓаните дали денес живеат подобро отколку пред доаѓањето на „портокаловите“ на власт.
- Владата на ВМРО-ДПМНЕ се фали со полн буџет. Точно е дека буџетот е полн, зашто нивната рака не излезе од нашите џебови целосно празнејќи ги
- Владеењето на Никола Груевски создаде нова армија од 35.000 невработени
- Граѓаните и претпријатијата осиромашија, само ВМРО-ДПМНЕ стана пребогато.
- Гарантираме дека за половина година, откако ќе дојдеме на власт, ќе добиеме датум за преговори со ЕУ и членство во НАТО.
No comments:
Post a Comment