ВМРО-ДПМНЕ во областа на информатиката во овие две години не само што се трудеше да оствари изборни ветувања ... туку голем дел од нив и оствари ...
- бесплатен интернет ... мерка која не ми се допадна бидејки тешко беше достапна ... нефункционална ...
- бесплатна обука за компјутери и интернет ... мерка која ја поздравив ...
- отварање на бесплатни е-клубови ... се спротивставив бидејки така се меша во конкуренцијата на интернет кафиќите ...
- компјутеризација во школите ... ја поздравив ... но некои процеси кои се одвиваа таму не ме бендисаа ...
- ваучерите ... ги поздравив ... иако треба да биде конзистентна мерка ...
- намалување на ДДВ кај компјутерите ... особено го поздравив ... со тоа што треба да се ослободат од дел од ДДВ и опремата која се користи за интернет ... како и самиот тој да биде оданочен со помала стапка ...
- отварање на посебно Министерство за информатика ... да го имаме, но тоа се чини не функционира во полн капацитет ...
- е-Влада ... е-Собрание е-ова е-она ... се проекти како и стратегиите каде само се фрла хартија а никој не ги спроведува ...
Веројатно заборавив некоја мерка на старата влада ... чинам дека мора да посветат поголемо внимание во зголемувањето на конкуренцијата во интернетоот и телефонијата ... за тоа го предложивме интернет автопатот - како проект кој требаше да го исфинасира владата и да го предаде за кратко време во употреба ...
Е да, ке заборавив зошто почнав да го пишувам постот ... ВМРО-ДПМНЕ има нова одлично стокмена интернет страница ... за разлика од СДСМ страница која е со застарен лик и нефункционална ... не се обновува со содржини ... Макрадули падна повторно на испит ... Макрадули мојот стар пациент ...
No comments:
Post a Comment