Операта на своите карти има одпечатено “забрането за деца под 8 години ...“ ... Скоро сум сигурен дека никаде во светот не се носат бебиња на опера - но истотака сум сигурен дека никаде на картите не пишува забрането за деца под 8 години ... многумина велат дека со ова се прави дискриминација која никаде во ниеден закон не е одобрена ... за сето ова повеќе во написот на Вест Опера и балет забранети за деца ...
Новиот директор на МОБ воведе најстрог режим во куќата ... ни пиле неможе да влезе во театарот ако не купи карта ... картата е 800 денари ... некогаш најверната оперска публика седеше на скалите во театарскиот хол и во Универзалната сала ... дали операта сака да се претвори во елитистички клуб ... Некогаш мајските оперски вечери ја полнеа Универзална сала (2000 публика ...)... деновиве салата е полупразна (едвај неколку стотина ...)... а за секоја представа се плаќаат скапи гостувања ... и сето тоа само за мал број елитни гости кои можат да платата влезница од 800 денари ...
No comments:
Post a Comment