Во написот Косово и енергенсите ... нафта !? ... каде пренесов шпекулативна информација дека Косово лежи на милијарди барели нафта!? ... спомнав дека ако во Косово има нафта - веројатно ја има и во Македонија ..
Деновиве повеќе весници шират шпекулации дека МК Влада сериозно размислува да понуди концесии ка користење на нафта - за оние кои би финасирале дупчење ... Имено во минатото (екс ЈУ ...) во Македонија се бушело и се трагало по нафта во Светиниколско и Неготинско ... избушени биле неколку бушотини до ниво од 2000 метри и бидејки резултатите не задоволиле се прекинало со дупчењето ... Новосадски Нафта Гас ги вршел старите дупчења кои потоа се запечатени ...
Сега незнам дали на МК ке и се исплати да истражува нафта ... веројатно затоа бара странски инвеститори ... но знам сигурно дека Македонија лежи на повеќе басени на вода ... кога би се правеле бушотини за црпење на вода за наводнување на површини под раноградинарски култури ... лозарство и овоштарство ... од МК за релативно малку пари брзо би се направило одлично производство ... и би се створиле услови за преработувачки капацитети ... секако и многу нови работни места ...
Земја има ... сонце има ... работна сила има ... значи фали само вода - која ја има но е под земја ... Во струмичко и гевгелиско па и скопско близу до речните корита секој сам си буши со набивбање на неколку метри цевка - затоа и толку пластеници никнаа деновиве ... истото се прави и покрај сите реки во близината на речните корита ... луѓето сами бушат бунари со набивање на цевки ... Но на останатите простори кои се истотака земјоделски каде е докажано дека има подземна вода мора да се буши подлабоко ... МК држава веќе десетици години прави карта на подземни води ... тоа истражување треба да се искористи и со поволно кредитирање да се набави опрема за подлабоки бушења - со што би се отвориле икс-ипсилон бушотини и толку нови работни места ... И малите брани и хидро зафати се добро решение ... Полнењето на Козјак мора да се искористи за својата цел - ставање на Скопско поле под вода со доволни количини ...
1 comment:
Гладна кокошка просо сонува!
Post a Comment