Двете големи коалиции од МК блок и двете албански коалиции во изборната кампања се натпреваруваат кој ке има поголема бина, повеќе естрадни звезди на сцена, подобар настап на бина, и крајно кој ке има повеќе публика на митингот ... т.е. кој повеќе автобуси ке носи со себе ... кој ке направи поглуп спот ... кој ке изусти поголема навреда кон противникот ...
Не ми е јасна потребата од ваквото “мерење“ ... кого сакаат да импресионираат ... самите себе ... во стилот - многу сме јаки ... а сето тоа ... сите митинзи , целата изборна кампања - неможе ни десет проценти да влијае на изборниот резултат ... Ке кажам само едно - лесно се трошат туѓи пари ... власта дури не мора ни да троши ... таа може од позиција на власт и други методи да употребува ...
Незнам колку автобуси се носеа по другите градови ... но новинарите велат дека ВМРО-ДПМНЕ е пратен со стотина автобуси ... за врвот да го достигне на митингот во Скопје со неколку стотини автобуси ... Верувам дека некои верни “митингаши“ ги знаат на памет излагањата на нивните пулени ... СДСМ од друга страна се фалеше дека нема автобуси ... но за митингот во Скопје и тие користеа значаен број на автобуси ... дури и самите се пријавија демек барале профактура да платат патарина ...
Изборните автобуси каде се носи публика од други градови се ноторна глупост ... разбирам во поголемите градови да донесете луѓе од самиот град или околијата ... но во Скопје да носите охриѓани, битолчани или било кои други луѓе каде веќе планирате да имате митинг ... тоа се само фрлени пари ... Ок е ако има само еден митинг за цела МК - тогаш ги разбирам автобусите ... другите денови кампањата да ги користите за директни контакти таму каде се граѓаните ... по пазарите, по трговските центри по плоштадите ... Изборните пораки може да се пренесат и преку пресови пред новинарите ... Зошто залудно ги трошите парите ??
No comments:
Post a Comment