Морам да признам дека за оваа област Азот (Велешко) слушнав од квизот Милионер ... реков во прва прилика ке го проучам малку ... барем сега е лесно ... интернет и се е можно ... Колку малку ја познаваме Македонија тоа е чудо едно ...
Читајки заклучив дека ова е една од многуте области кои се заборавени од МК власти особено во најновата 17 годишна историја на Македонија ... Областа ја прати бујна историја значајна за Македонија ... Мистеричниот период на Богомилството ... куп на значајни историски личности ... првиот број на Нова Македонија во Горно Врановци ... куп на значајни личности Петар Поп Арсов (еден од основачите на ТМОРО, деецот Димитрија Чуповски и неговиот брат Наце Димов, познатиот градител на цркви низ Балканот Андреја Дамјанов (од Папрадиште).
Област Азот (Велешко)
- Областа Азот е сместена во долината и по горното и средното течение на реката Бабуна. Оградена е на север и запад со масивот на Мокра Планина (Јакупица, Караџица, Даутица со врвот Солунска Глава), а на југ и југоисток со северните падини на планината Бабуна. Областа се наоѓа југо-западно од градот Велес и низ целата област протекува реката Бабуна и поминува пругата за Прилеп и Битола.
- Денес целата област Азот е во составот на општината Чашка односно во нејзиниот западен дел. Областа Азот на југ граничи со Пелагонија односно Општина Долнени (Прилепското поле), на запад се граничи со областа Порече (Општина Македонски Брод), а на исток и север е отворена кон останатиот дел од велешката област.
- Целата област Азот е во составот на општината Чашка односно во нејзиниот западен дел. Областа Азот на југ граничи со Пелагонија односно Општина Долнени (Прилепското поле), на запад се граничи со областа Порече (Општина Македонски Брод), а на исток и север е отворена кон останатиот дел од велешката област.
- Најголемо село во областа Азот (воедно и едно од поголемите села во Велешкиот регион) кое е всушност и централно место на областа е: Богомила. Останати села во Азот се познатите Папрадиште, Нежилово, Габровник, Мокрени, Теово (со својот познат манастир), Согле, Ореше, Капиново, Црешнево, Бистрица, Ораов Дол и Плевење. Истотака за азотски села може да се сметаат и Мартолци, Стари Град и Поменово (кои беа во состав на општината Извор).
- Целиот крај е во перманентно испумпување на населението и во селењето од село во град ... некогаш во областа немало неизорана нива иако се орело со раало но индустрјализацијата на градот и невложувањето во вакви села ... патишта ... водоводи ... мали индустријски објекти ... рурален туризам ... доведува до процес на намалувањето на населението ... Азот некојпат во 1948 броел 6000 жители - за да во 2002 ра дојде на 1250 жители ...
Азот е со претежно МК становништво во 2002 година имал 1252 жители од кои 1192 (95,21%) се Македонци, 45 (3,59%) Албанци, 4 (0,32%) Турци, 5 (0,40%) Срби и 6 од други националности. Но во последно време присатноста на албанците е се поголема ... тие ги носат своите стада на испаша на ливадите во азотско и тука остануваат во напуштените куќи и села ...
Во азотско врие од МК историја ... ке споменам само имиња на личности и настани:
- движењето на Богомилството на чело со попот Богомил
- Петар Поп Арсов (еден од основачите на ТМОРО
- Димитрија Чуповски и неговиот брат Наце Димов
- познатиот градител на цркви низ Балканот Андреја Дамјанов (од Папрадиште)
- село Горно Врановци излегува првиот број на весникот Нова Македонија,
Линкови до убави написи за Азот:
- Во земјата на уметниците ...
- Добрeдојдовте во Богомила, јадрото на атомот наречен Македонија
Името на оваа област, кое потекнува од турскиот збор асии што значи „непокорлив“, асоцира на вековниот сон на овој народ за национална, социална и духовна слобода.
- С. БОГОМИЛА, Велес ...
- Посетете ги манастирите во Азот ...
- На Петровден во Папрадиште ...
- МИЈАЦИТЕ НА ПЕТРОВДЕН СЕ ВРАЌААТ ВО ПАПРАДИШТЕ- Спокој на душата ...
Ви треба ли спокој на душата, дојдете во Папрадиште! Вака жителите на ова село ги канат сите добронамерни луѓе вљубени во природата. Не грешат папрадиштанци, оти нивното село и не може поинаку да се опише освен како земен рај. Вгнездено на јужната страна на Мокра Планина, на илјада метри надморска височина, мијачкото село Папрадиште е оддалечено од Велес шеесетина километри. До него се стигнува преку Богомила. А оттаму, од центарот на областа Азот, само десет километри делат од крајната дестинација. Вгнездено во живописните шумски предели под Солунска Глава, селото е опкружено со нечепната природа: висока шума, богати пасишта и цветни ливади. До центарот на селото води асфалтен пат, со неизбежни серпентини. Кога ќе стигнете до широките сенки на стариот "домаќин" - столетниот даб - прво добредојде на сред село ви посакува чистата планинска вода, која блика од селската чешма од бел мермер. Само песната на птиците ја разбива тишината. Веднаш над селската чешма се наоѓа реновираната зграда на планинарскиот дом, каде што во секое време има слободно место за престој.
- Споменот за Чуповски и за Дамјанов и денес се чува во Папрадиште ...
1 comment:
Синие раскрутка сайтов
[url=http://dimitraki.info/news/?category=razdacha_stilei]стили Mybb[/url]
Сейчас в интернете очень много разных красивых бесплатных шаблонов для сайтов и форумов. Да они красивые, а главное бесплатные. Вы скажете что может быть лучше? И мы вам можем ответить... Лучше конечно свой дизайн,такой который вы не увидите зайдя на один из тысячи сайтов вашей тематики.
Многие дизайнерские студии вам могут сделать такое удовольствие под ваш заказ. Например [url=http://dimitraki.info]ZeroPaking[/url]. Самое важное зайдя на такие дизайнерские сайты, всегда смотреть их работы. Они есть на любом достойном сайте дизайна. Возьмем снова наш пример дизайнерского сайта и посмотрим их работы. Здесь мы видим самое важное как все ищут [url=http://dimitraki.info/news/?category=katalog_stilei]бесплатные[/url]и их там 149, не так уж и мало. Вот можно увидеть здесь еще и[url=http://dimitraki.info/news/?category=stili_punbb_13]Punbb1.3[/url], а ведь этот движок еще новый и на него стили мы нашли только у них. Так же есть эксклюзивные очень красивые стили для[url=http://dimitraki.info/news/?category=stili_ucoz]Ucoz[/url]
Всегда просматривайте весь сайт и попытайтесь найти отзывы. Если на сайте платные дизайны, то не забывайте смотреть или то что вы покупаете продается один раз. Ведь вам думаю не захочется купить а потом увидеть точно такой же у других.
Ну вот мы думаем вы найдете то что искали и наша информация вам в этом поможет.
Post a Comment