Кога ке прашам пријател/ка како си/како е ... сите велат едвај чекам да поминат изборите ... како беше она на балканот сите години се историски ... пренесено од таму кај нас сите избори се судбински ... изборите решаваат кои луѓе наредните четири години ке се фатираат а сите останати ке гледаат ...
Изгледа дека се движам во погрешен круг на луѓе ... не гледам озареност на лицата ... сите кукааат заради загрозената егзистенција ... од изборите не очекуваат мнгу ... не ми е јасно кога и самиот сум станал песимист ... не го сакам песимизмот ... но дали тој зависи само од нас ...
Не, не ги повикувам луѓето да не излегуваат на избори ... избори се ... ке избереме од тоа што ни се нуди ... ке го добиеме она што го заслужуваме ... сами ке си ја избереме судбината.
Едвај чекам да дојде период кога повеќето од луѓето нема ни да знаат кој ни е Премиер или Министер за ова, она ... кога насловните страници ке се полнат со спортисти, глумиици и слични забавни содржини ... кога политичарите ке си ја одработуваат платата тивко ... а народот ке гласа со стомакот ...
No comments:
Post a Comment