Ноќва меѓу Бадник и Божиќ на сон ми дојде Претседателот Ѓорге Иванов. Не е ни чудо ноќва кога се наспав се пробудив и го пуштив телевизорот на Сител 3, одеше емисијата на гости кај Претседателот Ѓорге Иванов. Емисијата имаше време да го представи фамилијарно Претседателот Ѓорге Иванов, неговата побожна сопруга, која нели била на аудиенција кај дваица Папи, Вселенскиот патријарх Вартоломеј а и во светиот град Ерусалим, неговиот перспективен син магистар сега докторант и неговото куче шарпланинец.
Туку да се вратам на сонот. Слушнав од дневната дека некоја кола дојде пред мојата капија и оп на врата Ѓорге Иванов. Го примив внатре иако нели не очекував гости и не ми беше најсредено. Го прашувам што тука баш кај мене. Ми вели имам обичај одвреме навреме да одам кај обичниот народ да видам како живее а имам и еден личен проблем. Видов дека во рацете носи некаков мобилен од оние првите како цигли што беа, црн по боја. Викам можеби е голем бидејки мора да биде енкриптиран.
Во еден момент го прашав што има проблем со телефонот - ми вели расипан ми е и незнам кај да го дадам да се поправи. Осетлива е работата знаеш и самиот дека во сегашните телефони се зачувани фолдери од разговорите и немам поверење во било кого. Да реков незгодно е некој да ги слуша приватните разговори. Сакав да го прашам да не имаш приватни разговори со некоја од швалерките - нели секој Претседател има швалерка, ако имаше Глигоров, зошто Ѓорге Иванов да нема. Но ме прекина звоното на врата, некој завонеше. Знаев дека некој сака да провери дали навистина на гости ми е Ѓорге Иванов Претседателот на РМ и зошто баш кај мене на гости да дојде. Улицата ми е слепа и е шпиунска, имам комшики кои не пропуштаат да зирнат кој ти доаѓа на гости. Сигурно пратиле некоја комшика да провери што е работата. Таман да станам кога Ѓорге Иванов ми вели почекај јас ке видам кој ти е на врата, обичај ми е кога ке појдам вака кај мирјаните јас да ја отварам вратата. Стана ја отвори вратата и вели добар ден јас сум Ѓорге Иванов Претседателот на РМ што Ви треба. Јас од позади рамото на Ѓорге Иванов видов која комшика е во прашање - таа вели Ве познав веднаш, не мора да ми се представувате, ја барам керката на домаќинот да ја прашам нешто, туку сега знам дека не е тука работно време е а таа е сеуште на работа и брзо озарена и расцерена се симна по скалите.
Седнавме на масата и таман се спремав да го прашам имаш ли швалерка - но ми стана незгодно, па му велам - да, навистина е незгодно на било кого да му го дадеш телефонот - тој секако ке може да ги преслуша сите телефонски разговори. Му велам проста е работата синот не ми е тука инаку тој веднаш ке ти ги извадеше фолдерите на телефонските разговори и така ке можеше безбедно да го дадеш на мајстор. Но не му кажав каде е синот - кој пред скоро година дена нели се одсели во странство во потрага за економска сигурност своја и на својата фамилија, онака како во последните неколку години се одселија скоро 500.000 млади Мадедонци/ки.
Во меѓувреме искористив прилика да му кажам дека се чудам што кај мене си дошол на посета. Јас при твојот избор пишав дека си неподобен за избор на Претседател, бидејки имаш говорна мана и не е згодно Претседател да почне да преврскува/пелтечи кога наспрем него ке застане странски новинар или некој друг Претседател.
Имав голема желба да го прашам дали главната причина што е избран за Претседател е неговата улога да го аболицира Груевски и неговата фамилија на власт, кога судството еднаш ке почне да го гони за криминалното владеење и особено личното богатење, кога ке ги откријат сите изборни манипулации. Дали заради договорената аболиција на Груевски тој (Груевски) може мирно да спие ... Таман најдов прилика да го прашам и да ја проверам таа моја теза за аболиција за која пишував веднаш по објавување на телефонските разговори (бомбите на Заев) на Груевски и неговата клика. ... Но не успеав се пробудив - видов дека сум сонувал ... Се насмејав на сонот - но си велам ај барем тоа да го запишам во мојот блог, каде пишував и за некои други сонови. Само се прекрстив на сон ми дојде Ѓорге Иванов и почнав да го пишувам постот ...

No comments:
Post a Comment