Автентична или неавтентична нашата шарена револуција за мене има повеќе дилеми.
Најпрвин дали треба да се протестира на МК улици против актуелната власт? Тука немам дилема - апсолутно треба да се протестира. На сите ни е јасно дека актуелната власт ги ОКУПИРАШЕ сите институции и ги присвои - владеачката партија (читај раководството на владеачката партија) ги стави под свое сите институции во државата. Нема никаква разлика меѓу она што го зборува и прави владеачката партија и било која од институциите на државата кои се освооени од сегашната актуела власт. Собранието кое треба да е врв на власта се претвори во апарат за исполнување на желбите на врхушката од актуелната власт - гласачка машина. Сите министерства, сите државни институции прават онака како им се диктира од еден центар. Нашите заеднички пари се трошат онакака како тие замислуваат дека е добро. Ги окупираа и сите повжни медиуми (со наши заеднички пари) за да преку нив ни соопштуваат колку се они добри и колку добрини ни прават. На крај видовме т.е. чувмо дека ни го окупирале и правото на глас преку изборните манипулации кои ги правеле во повеќе изборни циклуси. На останатите партии кои не се во власта и на неопределениот народ (кој е најброен) не остана ништо друго туку да излезе на улица и да протестира - да соопшти дека царот е гол ...
Начинот на протестирање е она што ми прави најголема дилема. Од една страна видовме дека мирните и ненасилни протести не врод/уваат/ија со плод. Мува не ја полази власта порди таквите протести. Тие таквите протести ги посматраа околу себе како декор и не ги ни приметуваа. Се оглушуваа на нив и ке спроведеа нови избори каде со помош на изборните манипулации и работа со одделни структури на гласачите кои ги претвараа во свои “пациенти“ - ке забележеа нова изборна победа со што ке ја зајакнеа власта во самите институции.
На крај ја запоседнаа судската власт сосе јавното обвинителство. Не се знае кој води истрага, полицијата, јавното обвинителство или политичарите на власт. Правдата стана селективна и избликна паролата на протестантите “Нема правда нема мир“. Се се сведе на познатата парола Кадија те тужи, Кадија те суди.
Одкога сите чувме какви се маниплации се правени со сите наши права сосе изборното право и од кога слушнавме како позади сето тоа сите од врхушката на власт се богатат преку коруптивни зделки со јавните инвестиции и проекти - тие пак се обидоа преку брзи избори се да покријат со демек изборната воља на мнозинството.
Уличните демонстрации се зајакнуваа со дејствија кои се карактеристични на анархистичките движења. Се мава по полицијата која ги штити институциите, се кршат некои институции за на крај да се почне со боење на институциите преку таканаречената шарена револуција. Удирањето по полицијат која ги штити институциите, кршењето и шарањето на институциите се елементи на анархија и тука е мојата дилема. Дали така треба и дали тоа ке доведе до резултат - до смена навласта? Она што сите го знаеме е она кое јас најмалку го посакувам а тоа е дека само револуција која ке се натопи со крв е револуција која носи резултат. Такво крваво сценарио за нас не посакувам.
Од друга страна мене ми е јасен односот на таканаречената меѓународна заедница. Тие прават се да се оневозможи некоја од страните да биде појака од другата - бараат на утакмицата играчите да имаат слични оружја и шанси. Јас не верувам дека се они на било чија страна. Не верувам дека се противници на власта бидејки они се главните финасиери на кредитите кои халапљиво ги зема власта. Од друга страна од авион се гледа дека се и главни финасиери на оние кои се на улица и кои протестираат ...

No comments:
Post a Comment