Search This Blog

Tuesday, July 17, 2012

Винарија - Попова Кула ... Vinarija - Popova Kula

сл.1   Винарија - Попова Кула ... Vinarija - Popova Kula

сл. 2  сопствено производство на сортно грозје ...
сл.3  можност за дегустација на лице место ...
сл.4  виното и љубовта одат подрака ...
сл. 5  
сл. 6
Повеќе фотографии тука ...

Винаријата „Попова Кула“ е приватна инвестиција на млад бизнисмен Јордан Трајков, кој на пределот на Демир Капија по Винаријата Вила Марија (старата винарија на кралското семејство Караѓорѓевиќи), прави уште една причина зошто да се посети Демир Капија - подзаборавениот македонкси град во кој виното како традиција е со предисториска традиција, за што говори музејот за вино во Демир Капија.

Идејата на младиот сопственик е да инвестира во објект кој е во склад со таканаречениот вински туризам, значи производство на своја линија на вина, но и консумација на вино во местото на неговото производство - во ресторант со поглед на околината горе од висината на Поповата Кула, која некојпат постоела и има своја историја ... потоа смештај на луѓе кои ке го густираат виното и љубовта, кое нели оди заедно од предисторијата до денеска ...

-Винарската визба Попова Кула и лозовите насади се лоцирани на јужната падина на Велико Брдо, западно од прекрасното градче Демир Капија во близина на автопатот Е-75.
Демиркаписката долина се наоѓа на југоисточниот дел од Тиквешкиот вински под регион, што е дел од Повардарискиот Регион.
Најстарите археолошки пронајдоци докажуваат дека луѓето во овој реон одгледувале винова лоза и произведувале вино во 13 век п.н.е.
Кралството на Кралот Александар Караѓорѓевиќ се протегало на територијата на денешните држави Македонија, Србија, Црна Гора, Босна , Хрватска и Словенија, вклучувајќи ги и брегот на Јадранскто Море и Панонската низина. Со тоа Кралот Александар имал бројни можности да избира локации за садење на лозовите насади низ целото кралство. Но следејќи ги препораките на своите мудри советници тој ја донесува вистинската одлука и го избира микрорегонот на Демир Капија како идеална локација за своите лозови насади, на истото место каде што денес е лоцирана нашата винарска визба.
Кога прв пат дојдовме на ова место ние знаевме дека ова е идеалната локација за нашите лозови насади и винарска визба. Преку сликите објавени на нашата интернет страница ќе се обидиме и вам да Ви го покажеме тоа. Меѓутоа Ве покануваме да не посетите и самите да ги доживеете убавините и магијата на регионот. Сигурни сме дека и Вие ќе ја поддржите нашата одлука за локацијата.
- За да останеме верни на традицијата и историското наследство на регионот, нашата винарска визба своето име го доби според една значајна кула, Попова Кула којашто некогаш служела како важна контролна точка на стариот Римски пат што поминува во близина на нашата локација.
Попова Кула била значајно обележје во регионот, но за жал била уништена. Сепак самиот локалитет се вика Попова Кула што беше наша инспирација за изгледот на градбата но и за името на нашата визба.
- Винарска Визба Попова Кула е “greenfield” инвестиција. Изградбата на винарската визба ја започнавме на 08 Октомври 2004 и до празникот Богородица, 28 Август 2005 бевме подготвени за првата берба и обработка на првото грозје.
По завршувањето на првата фаза и целосниот производствен капаcитет, морaвме да чекаме уште две години пред да отпочнеме со работа со вински туризам. Конечно на Св. Трифун, 14 Февруари 2009 ја завршивме изгтадбата на хотелот и ресторанот.
-На нашите лозови насади одледуваме Станушина, Вранец и Кабернет Совињон, а останатите сорти грозје ги откупуваме од малите локални производители. Во регионот на Демир Капија има повеќе од 700 фамилии што имаат мали лозови насади.
-Живееме во ера на глобализација, од која што произлегуваат некои општи вредности, навики, производи, услуги и брендови во светот. Во винската индустрија овој процес на глобализација истакна некои сорти на грозје, како што се Шардоне и Кабернет Совињон, или Мерлот и Совињон Бланк, како резултат на нивните извонредни каректеристики. И ние сме љубители на овие сорти и произведуваме вино од нив на коешто сме многу горди.
Денес ние сме единствениот производител во светот на вино од автохтоната македонска сорта Станушина. Исто така сме едни од малкуте винарски визби на Балканот кои произведуваат вино од сортите Прокупец, Жилавка и Темјаника. Не помалку важно е да напоменеме дека произведуваме и вино од сортата Вранец и како и останатите македонски произведители сонуваме за денот кога Вранецот ќе се промовира на светските пазари како идното големо црвено вино.


- http://www.popovakula.com.mk/index.php?lang=mk


No comments:

Blog Archive

Site Meter