Search This Blog

Friday, September 28, 2012

РеКорд - Скопје


Од некогашен Рекорд останало само “ОРД“ ...
Вчера возејки со автобус до автобуската постојка Рекорд, се запрашав што е сега некогашната продавница на Трготекстил “Рекорд“ пред која иљадници скопјани ги закажале првито состаноци ... Средбите на младите сеуште продолжуваат пред Рекорд иако станицата од таа страна е поместена стотина метри во прабвец на центар накај Малата продавница на Багат ... а од другата страна станицата е пред Ванила т.е. пред некогашната продавница на Музички магазин, каде старите скопјани ги купуваа првите плочи ... сега чинам дека тој локал е продавница за бели пецива ...


Дел од некогашниот дуќан на Трготекстил е претворен во Народна канцеларија на Претседателот на Македонија каде тој организира средби со граѓаните, простор во кој е поместена и интернет точка за граѓаните ... Не ми беше дозволено снимање одвнатре во тој простор (народната кнацеларија демек ...) но во приватниот дуќан за продажба на текстил ми дозволија.

Рекорд како пешачка зона во ноќните часови е убава идеја, но Скопје нема улица која поминува под центарот и додека не се изгради оваа улица мора да биде во функција на саобраќајно поврзување со централното јадро на Скопје ...


No comments:

Blog Archive

Site Meter