Search This Blog

Saturday, May 03, 2008

101-виот чекор на ВМРО-ДПМНЕ

МРО-ДПМНЕ преку Трајко Славевски Министерот на последната влада на ВМРО-ДПМНЕ ветува дека до 2012 ке ги намали високите доприноси за пензијско и здравствено осигурување ... велат дека биле највисоки во ЕУ ...

- Стапките на социјалните придонеси ќе бидат намалени за 10 процентни поени, односно од сегашните кумулативни 32 проценти на 22 проценти до 2012 година.
- Придонесот за пензиско осигурување ќе се намали од 21,2 проценти на 15 проценти,
- придонесот за здравствено осигурување од 9,2 на шест проценти, а придонесот за вработување од 1,6 на еден процент.
- Динамиката на намалување ќе биде во три фази, а ќе почне од 1 јануари 2009 година
.

Како ке се пополни буџетската дупка тоа ке ги интересира ММФ и другите светски џандари од Светска банка и слични инситуции ... Славевски предвидува дека тоа ке се надополни со намалување на даночната евазија ... и заинтересираноста на фирмите висината на бруто платите да биде онаа вистинската а не да се намалува заради високите доприноси ...

Фина идеја која и до сега можеше да се остварува - но веројатно партијата која беше на власт го чуваше овој адут за новите избори за да го стави во ветувањата ... и потоа да го остварува ... Груевски често изјавуваше - “ние тоа не го ветивме“ ...

Чинам дека вакви фини предлози не ке можат да се остварат без темелна реформа на државната администрација - во која мора да се прогласи “стечај“ и барем една третина да оди како “стечајни работници“ во надлежност на заводот за вработување ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter