Search This Blog

Sunday, February 01, 2009

Костовски е најлошиот Градоначелник на Скопје ... Дупки и трули даски на мостовите од Градскиот парк ...

Костовски е најлошиот Градоначелник на Скопје ... Дупки и трули даски на мостовите од Градскиот парк ...

1.

http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/Mostovite-18Large.jpg?t=1233512595

Зарем ова не е најголемата срамота за скопскиот Градоначелник ... на двесте метри од неговата канцеларија е Градскиот парк Скопје - омилено место на младите и старите скопјани ... Костовски иако најави дека ке направи “преродба“ во Градскиот парк ... дека ке го обнови зеленилото ... ке ја обнови блиската Зоолошка градина ... ке ги обнови играчките во блискиот Луна парк ... каде играчките се исти од пред 25 години - кога јас имав мали деца (за ова ке има посебна фото сторија ... сликани се ...)... Костовски дозволува Градскиот парк Скопје да биде ОПАСНО МЕСТО за Скопјани ... каде огромни дупки на мостовите од Градскиот Парк ги демнат минувачите и рекреативците ... најмалите скопјанчиња ...

Зарем треба (пу,пу,пу ...) некој да скрши нога, да падне некое детенце во дупкиве (пу,пу,пу ...) - па да се сети Градоначелникот на безбедноста на Градскиот Парк ... како не му е срамота ... За вакво нешто Градоначелник на еден град кој е и Престолнина на Македоија, каде во паркот се шетаат и странски преставници и амбасадори - мора да си даде оставка ... резил што би рекле мои кумановци ...

читај повеќе »

Костовски беше честа “мета“ на моите критички опсервации ... (линк 1, 2, 3, 4, 5, 6, ...)... Избран со помош на гласови на ВмроДпмне, тој од старт неспретно избра да игра на самостојност ... не се пресмета добро - политичар треба да знае да балансира ... политиката и бизнисот не се исто ... политиката е уметност/умешност на возможното ... Во прво време беше малку присатен во Скопје, ги тераше бизнисите ... кога ВмроДпмне на избори го освои парламентарното мнозинство - оштро му сврти грб на Градоначелникот и како личност и како бизнисмен кој инвестираше во Скопје ... почна да ги одзима дел по дел ингеренциите на градоначелникот ... му ја одзема изградбата на Спортската сала “Борис Трајковски“ ... му ја одзема доградбата на Градскиот стадион Скопје ... му ја одзема реконструкцијата на Универзална ... му ја стопира градбата на Кермес ... ги повлече државните пари од банката на Костовски ... му се замеше и во ФК Вардар, каде Костовски влезе но уште побрзо излезе ... и незнам каде се не ... На крај Костовски остана со минорни градски средства средства со кои едвај ја изгради клучката кај Континетал ... го доврши мостот кај железничка ... ја доизгради Словенечка ... и толку ... се друго беше само префрлање од шупло во празно ... Зошто само толку инсистираше на транвајот, кој скопјани го отфрлија на еден референдум ...

Костовски со градолначествувањето изгуби во очите на скопјани ... Костовски пред тоа беше мецена ... донираше цела една црква ја исфинансира од темел до крај ... донираше многу споменици Мајка Тереза споменикот на пример ... со Кометал стана ЕУ шампион ... Костовски изгуби и пари и углед ... особено што имаше индиции дека ја злоупотребува позицијата да направи бизнис за своите фирми ... да купи ефтино да продаде поскапо ... едно време беше главен купец на се што се продаваше во Скопје а беше вредно ...

На крај дојде до отвојена војна со ВмроДпмне, која однапред му беше изгубена ... зошто Костовски не се снајде како домаќин на Скопје ... сите очекувавме дека е тоа човек на кој не му треба позиција за да се збогати и затоа ги имаше првичните симпатии ... кои брзо се изгубија ...

2.

http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/Mostovite-20Large.jpg?t=1233513012

Градскиот парк Скопје ... на преубава и релативно голема локација (486,000 м²) во централното градско подрачје ... има свое место во историјата на скпјани, на кои и во минатото им било омилено место ... формиран уште од турско ... старата градска и руската плажа беа тука ... тука некаде е коплексот на спортските терени, фудбал, кошарка, тенис ... одсекојпат најатрактивните кафеани биле во Градскиот парк ... Кермес, Езерце, Тениско, Кампинг, Маракана и уште неколку други кафеани и летни бавчи од понов датум ... најголемите летни дискотеки беа/се во Градскиот парк ... летно кино бавча ... многу искрајна љубов на младите скопјани првпат се случуваше во Градскиот парк ... од пензионери, деца, млади врие и во лето и во зима ... многу дечиња првпат проодеа во Граскиот парк ... Зоолошката градина е тука ... Првата и почетната станица на мини пругата од Скопје преку Матка до Гостивар беше тука - блиску до кафеаната “Езерце“ ...

Но уште од самата информативна табла се гледа дека Градскиот парк моментално нема добар домаќин т.е. попрецизно би рекол доволно добар домаќин ...

3.

http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/Mostovite-21Large.jpg?t=1233513059

4.

http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/Mostovite-22Large.jpg?t=1233513093

Но да се вратам на главната тема од постот ... Новиот дел на паркот, кој е омилено шеталиште на помладите скопјани, поради можноста да ги искористат моментите на првите бакнежи на многуте клупи е испресечен со неколку поврзани езера и многу мали мовчиња, који го облагородуваат паркот и визуелно и суштински ... Ке пробам на горната мапа да ги избројам малите мостови од овој дел на паркот ... 16 се, ако не сум згрешил во броење ...

Шетајки порано а и сега приметив дека мовчињата се обоени во три бои ... бела, жолта и зелена боја ... се чудев зошто има потреба да се обоени во повеќе бои ... дури на последната прошетка ја сватив суштината ... имено мовчињата се префарбуваат/реновираат веројатно на секоја трета година ... во тоа време се менуваат и даските ...

5.

http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/Mostovite-2Large.jpg?t=1233513160

Моментално мовчињата кои сега се обоени со бела боја се во топ/фит ситуација ... тие есеноска беа жолти ...

6.

http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/Mostovite-4Large.jpg?t=1233513257

7.

http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/Mostovite-5Large.jpg?t=1233513300

8.

http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/Mostovite-6Large.jpg?t=1233513367

Жолтите мовчиња се во средно добра ситуација, од аспект на нивната боја (најубаво прилега жолтата боја на мовчињата, особено во Есен ...) а и на даските/патосот нема големи дупки ...

9.

http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/Mostovite-7Large.jpg?t=1233513405

10.

http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/Mostovite-9Large.jpg?t=1233513459

11.

http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/Mostovite-10Large.jpg?t=1233513568

Но кај зелените мостови кои се некаде седум осум - ситуацијата е драматично лоша ... видите на горната и на долната слика воопшто не се приметува од далеку дека мостовите се со трули даски и огромни дупки ... некој веројатно се збунил, го измешал редот и наместо зелените ги реновирал жолтите мостови ...

12.

http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/Mostovite-11Large.jpg?t=1233513606

13.

http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/Mostovite-12Large.jpg?t=1233513634

Ако си замислен, заљубен и/или дете само случајност и/или добра карма ке те спасат од вакви дупки/кратери ...

14.

http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/Mostovite-13Large.jpg?t=1233513669

И на горната и на долната фотка се гледа дека мостовите се користат ... према од големината на стапалата можете да процените дека дупките се неколкупати поголеми од стапалата ... има и доста трули даски ...

15.

http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/Mostovite-14Large.jpg?t=1233513707

16.

http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/Mostovite-15Large.jpg?t=1233513739

17.

http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/Mostovite-16Large.jpg?t=1233513790

На горната и на долната фотка се гледа дека никаде ...од двете страни на местот нема барем предупредување за опасноста која демне ... на долната слика се гледа еден сограѓанин како со страв го минува мостот ... За ваква состојба на јавна површина во секоја западна држава каде владее правото, одговорниот ке сноси мрсни казни - а Градоначалникот од морални причини ке си поднесе оставка ...

18.

http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/Mostovite-17Large.jpg?t=1233513825

19.

http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/32Large-5.jpg?t=1233513899

Госпоѓава е од Геманска амбасада ... за среќа таа знае кои мостови се безбедни ... Навистина погрубо изгледа кога мостовите како на долната слика се препокриени со дебел лим ... но барем се безбедни ...

20.

http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/Mostovite-1Large.jpg?t=1233513995

Подолу имате линкови од мои предходни фото сесии/приказни од Градскиот Парк Скопје ...

  1. Скопје - Градски парк ... рана есен ... Skopje Gradski park - rana esen ... 19 Октомври, 2008 - 22:26
  2. Уживање ... Градки парк Скопје ... 21 Октомври, 2008 - 22:17
  3. Татко и син ... Градски парк Скопје ... Ден на мaкедонската револуционерна борба ... 23 Октомври, 2008 - 14:04
  4. Интермецо ... Градски парк рана есен 2008 ... 24 Октомври, 2008 - 13:30
  5. Шатки - Градски парк рана есен 2008 ... 24 Октомври, 2008 - 16:11
  6. Музичка школка - Градски парк ... рана есен 2008 ... 24 Октомври, 2008 - 19:52
  7. Реконструкција на градскиот парк ... 2 Ноември, 2008 - 12:42
  8. Еден, два, три - ко се лепше намести ... Градски парк ... зима 2009-та ... 18 Јануари, 2009 - 21:51
  9. Градски Парк - Скопје ... Лизгачка патека ... Пируетки во Градски парк Скопје ... 19 Јануари, 2009 - 19:06
  10. Од кого се оградува Градскиот парк - Скопје ... секоја ограда само ограничува ... оградите не носат слободи ... 20 Јануари, 2009 - 18:10
  11. Гуски ... Градски парк зима 2008/9-та ... 21 Јануари, 2009 - 21:02
  12. Градски парк - Скопје ... по снегот - зима 2008/9 ... 25 Јануари, 2009 - 18:29
  13. Самојед ... Градски парк Скопје ... убав зимски ден 2009-та ... 30 Јануари, 2009 - 18:50

1 comment:

Anonymous said...

Даските на мостовите отприлика издржуваат 3 години. И ги поправаат секогаш месец - два пред избори. Значи отприлика една година се опасни за движење. Така е во последниве 15тина години.
Порано немаше мост без дупки пред обновувањето. Сега само 2-3 се такви.
Се подобруваат работите :-)

Blog Archive

Site Meter