Search This Blog

Saturday, February 28, 2009

Министерство за информатичко општество и грижата за културно историско наследство ...

Министерство за информатичко општество и грижата за културно историско наследство ...

http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/61Large-3.jpg?t=1235837749

Ке речете нема никаква врска Министерство за информатичко општество и грижата за културното наследство ... од фотките ке видите сепак дека има ... Оној кој не се грижи за својот дом, кој е културно историски споменик не се грижи ни за културно историското наследство ...

читај повеќе »

http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/62Large-3.jpg?t=1235838057

http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/63Large-3.jpg?t=1235838085

Нели е срамно било кое Министерство да биде сместено во објект кој е очитео културно историско наследство - а да нема поведено грижа за него ...

Водно повторно се девастира ... се напаѓаат белите дробови на скопјани ...

http://img383.imageshack.us/img383/4392/sk885vm.jpg

Слика 1 водно како изгледало некогаш - голо брдо ... така му е и најстарото име ...

http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/vodno-1Large.jpg?t=1235828632

Слика 2. Место локацијата од Гоогле ерт - каде се предвидува да се прави селото ... на maps.google локацијатаможете да ја најдете ако кликнете тука ...

Секое чепкање и изградба на нови објекти на Водно е чепкање по белите дробови на Скопје ... Ние како скопјани треба остро да го дигаме гласот против таквите дејанија ...

читај повеќе »

На средно водно во близината на Св. Пантелејмон - владата иницираше проект за таканаречено Македонско село:

  • на последната седница на Општината Карпош, советниците дадоа позитивно мислење и дозвола за истоимениот проект, а со тоа се согласија да дадат поддршка за отпочнување на активности за негово што поскоро градежно имплементирање.
  • со овој плански проект се предвидува изградба на повеќе од јавен интерес како традиционални селски куќи, амами со преноќиште, бакалници, работилници за стари занаети, винарии и слично, изградени во комплекс уреден со паркови за прошетка, мал плоштад, дуќани за сувенири и атрактивна воденица со рибник која ќе го зазема централното место.
  • против планот за изградба на Македонско село во Нерези беа еколошките друштва од Скопје. Ним не им се допаѓа идејата за уништување на природата на Водно и за изградба на комерцијални објекти.
  • земјиштето на кое ќе се гради Македонското село припаѓа на Македонската Православна Црква, но таа веќе го има отстапено на Владата за негова преадаптација, која пак во наредните денови треба да распише тендер за избор на фирма која ќе го гради овој проект. ...
  • Конкретната локација на комплексот е карши манастирот "Св. Пантелејмон", а ќе почнува со тамошните паркинзи и дел од падините на Водно, распослано на земјиште со вкупна величина од околу два хектари. ...

Ако на владата и владините службеници им треба блиско место каде ке ги носат своите швалерки, нека го реставрираат хотелот на средно водно ... нека ни ги остават плуќата здрави ...

Ако сакаме да покажеме какво е вистинското МК село имаме премногу прекрасни локации ширум Македонија ... Од Галичник до Река има толку многу убави МК села - кои се и така празни ... а сигурно има уште десетици такви локации ... воопшто не ја разбирам владата - зошто толку лесно сака да прави “село“ на водно, едновремено уништувајки неколку хектари шума ...

http://i153.photobucket.com/albums/s228/daniel_maco/2116460552_f69d0e220b_b.jpg

Слика 3 уште еден доказ за скопкото голо брдо - т.е. сегашно водно ...

http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/vodnoLarge.jpg?t=1235824881

Слика 4. каде сегашните политичари ако сакаат да ги носат нивните швалерки на водно, можат да реконструираат стари згради ... кликнете тука за да ја отворете maps.google локацијата ...

  1. Етно МК село ... на водно во близина на Пантелејмон ... ??!
  2. Скопје панорами (трето продолжение ) ... Водно е рането ...
  3. До “Сончевиот град“ преку средно Водно ...
  4. Лифт на највисоката точка во градот ... ??! ... панорами на Скопје ...
  5. Олимписко село ... Скопје

Патриоти и предавници ...

И овие избори повторно почнуваат да личат на борба меѓу:

  • патриоти и предавници
  • македоноиди и соросоиди
  • минатото и иднина
  • европеизација и антиквизација
  • позицијата и опозиција
читај повеќе »

По малку ни здосади на сите да слушаме приказни дека не ни оди затоа што имаме издајници во нашите македонски редови, често организирани преку спонзорства од странски извори ... луѓе кои “не го сакаат“ нашето минато ... почнува да личи на премногу плачење дека ете сега ни смеќава опозицијата и тоа оваа најслабата опозиција во МК самостојно плурално општество ...

Власта конечно ке мора да се сврти кон себе и кон решавање на проблемите од кои се живее ...

  • кон подигањето на стапката на вработеноста
  • намалување на сиромаштијата
  • зголемувањето на инвестиции
  • изедначување на домашните со странските инвеститори
  • штедење на буџетската потрошувачка која не носи развој ...
Но власта има легитимно право да го прави она што мисли ... се додека ги добива изборите - има сигнал дека работи исправно ...
  1. Буџетот и изборите ... 28 Февруари, 2009
  2. Нова анкета ... Центар за истражување и креирање политики ... 27 Февруари, 2009
  3. Минатото или иднината ... изборна дилема ... немање/имање на демократски капацитет ... 25 Февруари, 2009
  4. Иванов ја прифати тактиката на ВмроДпмне ... “Автобус демократија“ ... нема соочувања со противниците ... 24 Февруари, 2009
  5. Манипулација со изборна анкета на ИРИ ... Кој ја нарачува и плаќа анкетата кај ИРИ ... 19 Февруари, 2009
  6. Останати линкови поврзани со тематика од овие избори ...

Буџетот и изборите ...

Залудни се обидите на домашната и на странската експертска јавност - кои укажуваат дека буџетот е зрел да му се направи ребаланс и во приходната и во расходната страна ... во приходната да се намалат импутите, бидејки неможе да се оствари предвидениот стопански раст а во расходната не само да се намалат ставките - туку и да се смени структурата на трошењето на буџетските пари во правец на развони проекти и заживување на извозно орјентираното стопанство и трудоинтензивните гранки, што би резултирало на ублажување на огромномната невработеност ...

читај повеќе »

Неколку последни години буџетот доживува експанзија и раст - па државата беше на слатка мака (“сукаше бркови“), каде и за што да ги потрошат екстра втераните пари во буџетот ... сега каога имаме обратна ситуација, ке мора многу претпазливо да се работи со трошењето на народните пари и да се штеди - друг лек нема, бидејки секое наредно измислување на нови давачки ке води кон умртвување на стопанските субјекти, кои нели кога ке згаснат више неможат да бидат ни “цедени“ ... мора дефинитивно да престанат “брејнсторм“ идеиите (на контињата од Министерството за финасии ... ваљда нема да воведат мостарини ... или данок на дишење воздух ...) како еднократно да се дополни буџетот ... последната бренјсторм идеја е пријавување на работно време за секоја фирма и подружница - за што на Централниот регистар му се плаќа такса од 10 евра - со што директно ке се исцицаат нови 1.5 милиони евра ...

Експертите на владеачката партија и на владата тврдо застанаа на позиција да го бранат неодбранливото ... буџетот на голема врата влезе во изборните активности на владеачката гарнитура, од него се ...

  • финасираат предизборни и изборни партијски кампањи, се разбира на владеачките партии
  • се билда рејтинг
  • се вршат сите партијски комуникации
  • се користат државни возила за партијски потреби - особено во таканаречената “автобус демократија“
  • преку буџетот се контролираат медиумите - ова ке биде најновиот бенџмарк ... ако веќе не е
  • се фрлаат први лопати за објекти кои ке се изградат еди кога
  • се ветува иднина и решавање на инфраструктура на локално ниво
  • предизборни вработувања
Досега секојпат народот лесно го препознаваше ова беспоштедно трошење на буџетски пари за партијски изборни потреби и почесто се случуваше, партиите на власт да бидат казнети за вакви лоши себепромовирања ... дали и сега ке биде препознаено ова од народот ки видиме по резултатот на изборите ...

Да спомнам дека и буџетите на локалната самоуправа истотака се користат за предизборни и изборни цели ... но поради малите буџети таму се и помали злоупотребите ... но дека ги има е евидентно ...

  1. Ке штедиме по изборите ... како ке се справиме со дефицитот и инфлацијата/девалвацијата ... можни социјални немири ...
  2. Топење на девизнире резерви ... !!? .. Владата најавува нови мерки по изборите ...
  3. Ламја буџет за 2009-та ... и во 2009-та ке се задолжуваме за пеглање на се` поголемиот дефицит ...
  4. Цената на нереагирањето ќе биде многу поголема отколку трошокот за каква било акција ...
  5. Годинава дефинитивно погребување на малото стопанство ... Граѓанинот, малите фирми со опростување станаа ем еб*ни им должни ...
  6. КАДЕ ОДИ МАКЕДОИЈА ... Работно време ... прегледи ... нов данок /такаса ... што е целта на сето ова ...
  7. Како да се утера некој денар повеќе во буџетската каса ... “Господ кога делел брада, најпрвин си створил за себе ...“...
  8. Транзициона историја на малото стопанство ... на државата почна да не и чини народот/граѓаните ...
  9. Берзата тоне ... балканот во рецесија ... само МК економија мирува ?? ... “паре с`г су скупе ...“...
  10. Трговскиот дефицит за 2008-ма - во минус за скоро 3 милијарди долари ...
  11. Странски инвестиции суфинансирани од МК буџет ... дали ова не е противуставна практика ... "Џонсон Контролс“ ...
  12. Нешто смрди во светскиот банкарски систем ... Државен капитализам ... Државен социјализам ...
  13. Мириса на девалвација ... море смрди ...
  14. Партиски вработувања ... партизација на државата ...
  15. Државни фирми ...
  16. Денеска имаше два социјални протеста ... Кој тоа ги организира во време на избори ... Мала разлика на фебруарските походи ...
  17. Ден на даночна слобода во Македонија - втор пост ...
  18. БОГАТА ДРЖАВА - на сиромашни граѓани ... втор дел ист кадар ...
  19. Патот на Македонија ... во деновите потоа ...
  20. Како да се состави домашниот буџет ...
  21. Даночна политика ... одговор до zidarski ...
  22. Просперитетна Македонија ...
  23. Одржлив развој ...

Friday, February 27, 2009

Што навистина се случи во Струга ... ГЕМ и Манифестот за Европска Македонија ... Завршна трибина во Скопје ...

http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/Large-8.jpg?t=1233948265

Откако ГЕМ т.е.Движењето „Граѓани за Европска Македонија“ преку прес соопштеније го обзнани Манифестот за Европска Македонија, и ја започната турнејата на трибини кои популарно ги нарече тринеделен “феброарсски поход“ ... во блог просторот кој го пратам се случи нова поделба:

читај повеќе »

ГЕМ појасни дека сето тоа е конструкција - дека тие делуваат како независни интелектуалци преку нивното “Кој ако не ние, кога ако не сега ...“...

Во првата недела трибините мазно им поминуваа ... јас очекував дека на трибините ке им доаѓаат неистомисленици кои ке им поставуваат незгодни прашања ... нешто такво малку се случувало на првата трибина во Скопје ... Во Велес, Штип, Струмица, Битола и Куманово ималао релативно мирни трибини ... за “тиквата“ да пукне во Струга и утредента нешто помирно во Кичево ...

Во Струга бил избегнат инцидент во кој учествувале десетина граѓани на Струга кои не дозволиле да се одржи трибината ... Што точно се случило во Струга знаат учесниците на трибината која не се одржала. Нивните ставови ни ги пренесоа преку разни медиуми и на неколку блогови ... подолу имате и контраставови и реакции од блогосверата:

Како што може да се примети блогосферата бурно и различно реагираше на Манифестот за Европска Македонија - особено околу струшките случувања ... Во меѓувреме искочи пораката на Груевски дека е доста од поделби и дека сите сме Македонци ...

За стуршките настани има Соопштение на МК полиција ... на кое со негодување реагираат членовите на ГЕМ:

Фебруарскиот поход на ГЕМ продолжил уште во неколку града Дебар, Кочани, Тетово, за да за утре биде закажан крај на фебруарскиот поход со трибина повторно во Скопје во Конгресната сала на Хотел Алекрандар Палас ... сабота, 28 февруари 2009 година, во х. „Александар Палас“, конгресна сала 3, со почеток во 18 часот.

  1. “Соросоидите“ во Штип ... ШТО МЕНЕ МИ СМЕТА ВО ТРАНЗИЦИОНА МАКЕДОНИЈА ... 14 Февруари, 2009
  2. “Соросоидите“ во акција ... Концепт на етнички соживот и градење на права на граѓанинот е единствен.излез од полит.криза на МК .. 11 Февруари, 2009
  3. “Фабрика 3“ ... „Манифестот за европска Македонија“ ... „Граѓани за европска Македонија“ ... 6 Февруари, 2009

САД оценува дека реформите во судството не ни се добри и доволни ... дека владата влијае во судството ...

Денеска не ми оди со добрите вести за Македонија - но таков е денот изгледа петок - навистина не е 13-ти ... Во низата на лошите вести за денеска има една која се однесува за оценка на не/зависноста на нашето судство, визави владата ...

читај повеќе »

Имено во најновиот редовен годишен извештај на Стејт департментот ... имаме исклучително лоша оценка за преголемата зависност на судството од владата ...

Оригиналниот целосен извештај за 2008 Human Rights Report: Macedonia ... останува подобро да го прочитам ... делови од извештаите за Бугарија и Грција, кои се однесуваат за непочитување на правата на малцинствата веќе излегоа во нашата јавност/медиумите ...

Нова анкета ... Центар за истражување и креирање политики ...

Никако не ми станува јасно која е потребата партиите да си го мерат односот на подршка за парламентарни избори - кога сега имаме претседателски и локални избори ... за месец дена различни цифри ... но со сличен тренд ...

читај повеќе »

Еве и последнава анкета на Центарот за истражување и креирање политики ... збунува:

  • Доколку утре се одржат парламентарни избори, според анкетата на Центарот за истражување и креирање политики, за ВМРО-ДПМНЕ би гласале 30,9 отсто од испитаниците, за СДСМ 19,7, а за ЛДП 1,5 отсто од испитаниците.
  • Во претходна анкета, пред еден месец, направена од американскиот републикански институт ИРИ, ВМРО-ДМНЕ имаше поддршка од 38%, додека СДСМ имаше поддршка од само девет проценти.
  • Според анкетата на Центарот за истражување и креирање политики спроведена на 14 и 15 февруари на примерок од 1.100 лица, за Ѓорѓе Иванов на следните претседателски избори би гласале 30,5 отсто од испитаниците, за Имер Селмани 18,8 отсто, за Љубомир Фрчкоски 15,6, за Агрон Буџаку 10,9, за Нано Ружин 5,6, за Љубе Бошковски 4,4 и за Мируше Хоџа. 2,7 отсто

Се`поскиснати ... остана уште да почнеме да се јадеме меѓу себе ... впрочем, тоа е процес кој трае и кулминира на секои избори ...

Бројките и статистиките од нова година навака се чуваат во фиока - ко најголема државна тајна ... на нас обичните граѓани на оваа Транзнициона Македонија не ни се потребни бројки и статистики за да видиме колку тешко се живее кај нас дома и кај комшиите ... на студов луѓето секој ден ми изгледаат се “поскиснати“ - тоа е мерилото ... дури и контејнерите за отпад дневно ми изгледаат се попразни ... ако не купуваш нови артикли немаш ни отпад ...

читај повеќе »

Последен сигнал за општа беда ке биде ако бројот на заболеми од светската болест на развиените општества, дебелеењето - во Македонија е во опаѓање ... додека бројот на умноболни е во рапиден скок ... дури и блогери, академски граѓани се во душевна болница ...

Црна ми е сликата во постов ке рече некој - кој на блогерајот дошол да помине убаво, да се забавува ... но црни се и бројките што вчера ни ги соопшти Нардна банка ...

  • само во јануари потрошила 53,3 милиони евра од државните девизни резерви - за да ја балансира понудата на валути на пазарот ...
  • девизните резерви на годишно ниво се помали за 200 милиони евра ...
  • народна банка смирува дека во втората половина на феброар нема притисок на девизниот пазар - демек кризата стивнува ...
  • препорачува на банките да ги заоштрат критериумите за кредитирање на потрошувачката - која беше главна алка на фингираниот стопански раст ...

На сите овие бројки ако се додаде дека во јаноар бележиме рекорден пад на индустријското произвотството од 16,7% , и ако тој пад е последователен во последните неколку месеци - тогаш незнам зошто не е запалена црвената сијалица на општо штедење ... туку напротив сеуште ни се продава бајката дека се` во државата функционира под конец (се разбира поради изборите веста ке ја разбереме после изборите ...)... но веста веќе дојде до просветарите кои дури пред два дена добија плата ... додека социјалата како и секогаш е ставена на листата за чекање ...

Пресуши изгледа рудникот на полнење на буџетот на терет на најсиромашните ... секое ново додавање тежина на тој тас - ке води директно кон социјални немири ...

Се плашам дека ке се случи истото како со свињите во Свети-Николско пред некоја година, кога поради немање на храна тие почнаа да се јадат меѓусебе - пресликано тука, ние ке почнеме да се јадеме меѓу себе ... од една страна испостениот и гладниот народ, од друга страна власта со својата фаланга на принуда - судство,полиција и војска ...

Никој уште не земал надоместок за второ, трето, четврто дете ...

http://www.utrinski.com.mk/WBStorage/Articles/B4DA512C7739484EB0E35409AA64D468.jpg

Луѓето кои имаат, второ, трето, четврто дете - сеуште го немаат земено законскиот надоместок ... согласно законска мерка обезбеден е надоместок за второ, трето, четврто дете - под услов ако најмалку три месеци живееш во општина што има природен прираст помал од 2,1 ...

читај повеќе »

  • за секое второ дете државата вети 30 отсто од просечна плата во период од девет месеци,
  • за трето дете половина од просечна плата 10 години,
  • а за четврто дете 70 отсто од платата 15 години.

Се шират шпекулации дека изминатите месеци имаше фантастичен прилив во општините со мал прираст на нови многудетни семејства - особено ромски ... родителите се жалат дека пари од нова година не добиле ...

Премиерот насмеано се сликаше по нова година кога ги доделуваше првите решенија ... но се` остана само на сликање - пари сеуште нема ...

Чека ли тоа владата Уставниот суд да ја укине оваа мерка или едноставно нема прилив на пари во буџетот - а државата штеди секојпат таму каде е најтенко за граѓанинот ... Интересна ке биде ситуацијата кога/ако Уставниот суд ја укине оваа мерка (ако ја укине де ...), како ке се справат обичните судови со тужба на граѓаните за измама - државата ветила, донела закон а не исполнила/ува ...

Thursday, February 26, 2009

Спомениците во стариот дел од паркот - Скопје ...

Спомениците во стариот дел од паркот - Скопје ...

1.

http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/73Large-2.jpg?t=1235673624

Погледнете какво ругло од споменик има за најголемиот Македонец во градскиот парк Скопје ... Што ке помисли странец кој шета во овој дел на Скопје ... немора странец што треба јас да помислам кога ке поминам покрај ваков споменик на Гоце Делчев ...

читај повеќе »

2.

http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/71Large-2.jpg?t=1235673989

Знае ли некој што споменик е овој ... никаде нема никакво обележје ... несакав да ги сликам празните постаменти на неколку споменици - кои хулиганите ги ЛУСТРИРАА во паркот ... споменици кои го слават партизанскиот период се “лустрирани“ и во скоро цела Македонија ... Во истиот период е случено и снемувањето на спомен плочата на Пионерскиот дом “Карпош“ ...

3.

http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/74Large-2.jpg?t=1235674182

Ништо подобро не е состојбата и на овие столбови ... јас за нив случајно знам дека се столбови од една џамија што се сруши пред Судска палата Скопје ... но покај овие столбови - нема никакво обележје што представуваат ...

4.

http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/72Large-2.jpg?t=1235674304

5.

http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/75Large-2.jpg?t=1235674334

Спорниот Кермез, веќе неколку години наликува на истата дупка која 30 годи стоеше како руина на ова исто место ... и ова е некаков споменик на нашето транзиционо време ...

6.

http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/82Large.jpg?t=1235674559

Ова е вистински транзиционен МК споменик ... и тој е нели тука во паркот, на местото на прекрасниот носталгичен кампинг ...

7.

http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/76Large-2.jpg?t=1235674434

Градоначелникот на Скопје паметам дека вети дека тука ке никне споменик на првиот Градоначелник на Скопје - кој од Спопје направи урбанизиран град ... но намесо негова статуа имаме една ладна реплика на грбот на градот Скопје ...

Пионерски дом “Карпош“ - Скопје ...

Пионерски дом “Карпош“ - Скопје ...

1.

http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/81Large-2.jpg?t=1235648169

читај повеќе »

2.

http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/82Large-1.jpg?t=1235648441

3.

http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/84Large-1.jpg?t=1235648477

4.

http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/85Large.jpg?t=1235648501

5.

http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/86Large.jpg?t=1235648524

6.

http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/87Large.jpg?t=1235648548

7.

http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/88Large.jpg?t=1235648577

8.

http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/89Large.jpg?t=1235648610

9.

http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/810Large.jpg?t=1235648638

10.

http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/812Large.jpg?t=1235648667

11.

http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/83Large-1.jpg?t=1235648701

12.

http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/811Large.jpg?t=1235648729

13.

http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/813Large.jpg?t=1235648770

14.

http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/814Large.jpg?t=1235648795

  • ЗА ТАТКОВИНАТА СО ДЕТСКИОТ КУЛТУРЕН ЦЕНТАР „КАРПОШ” - НАПРЕД ...
    Градот Скопје израснал врз бедемите на многу царства и империи, хранејќи се со правот од чекорите на милиони воини, пиејќи од дамарите на различни култури и цивилизации ја испишал сопствената богата историја...
    И така тргнувајќи од калдрмата, премостувајќи ги водите на Аксиос, супер модерниот асфалт не води до една куќа која во своите тули ја носи приказната за цел еден век.
    Тука помеѓу „Орце Николов” и „Ленинова”, веќе шест децении Детскиот културен центар „Карпош” ширум ги отвора портите за сите генерации и го исцртува дрвото на успеси, кое како стар чинар ги распослал своите корени насекаде во светот.
    На почетокот на дваесеттиот век, никој не помислуваше дека оваа зграда ќе ги прегрнува сите деца на Скопје, па дури ни семејството Драга во чиј што вилает влегуваше старата коњушница на местото на Кермес и Езерце, Јазот на Орце Николов со неколкуте воденици и куќата со огромен двор, градена во Викторијански стил, каде и ден денес е сместен, за сите нас добро познат, Пионерскиот Дом „Карпош”.
    -Се градеше во 1907, а беше вселена 1908та, пред дванаесеттина години раскажуваше последниот жив наследник на семејството Драга, Али Драга. Моите родители пролетта 1908 година го дочекаа Уриетот (Младотурската револуција) во оваа куќа. Долу во подрумот беше амамот, каде што доаѓаа деловните пријатели и комшии на татко ми. Имаше машка и женска бања. На првиот кат беа канцелариите, а ние живеевме најгоре. Татко ми беше неимар, тргуваше со дрва, ретко го гледав, зашто често пати беше на пат во Рожај, Косовска Митровица, Каиро, Истанбул, Солун и Бејрут. Во тоа време дрвјата од Косовска Митровица ги носеа со коњи до Скопје, па оттука како готови и обработени се товареа на сплавови за Солун, Каиро и Истанбул. За да се олесни транспортот на најубавите дрвја, мојата фамилија стана иницијатор и донатор на изградбата на продолжението на железницата до Косовска Митровица, зборуваше Али Драга, кој со своите деведесет години, последен пат во 1996 година го посети Детскиот културен центар „Карпош”.
    Али Драга не живеел многу во куќата во Скопје, зашто набргу по вселувањето заминал на школување во Виена, Австрија, каде дипломирал право. Во Нови Пазар ја сретнал својата многу помлада сопруга и на стари години се враќа во Истанбул, Турција.
    Последните зборови на Али Драга пред дванаесет години во Скопје беа:
    -Јас немам ни рода ни порода, затоа ја оставам оваа зграда како мој аманет во ваши раце за да биде културен дом на сите деца на Скопје.
    Но не било секогаш така. Семејството Драга се иселува од куќата во 1919 година, при крајот на Првата Светска војна, кога Кралството на СХС ја национализира и во првите години по првата световна војна му ја дава на користење на некој српски чиновник, како заслужен за ослободувањето на тогашна Вардарска Бановина. Но, тој ја прокоцкал куќата за некоја куртизана во Хотелот Бристол, па во 30те години од минатиот век, па се до 1940 година, тука се вселува француски конзул и куќата станува официјален француски конзулат. Од тоа време останала оградата на куќата да не потсетува дека некогаш тука и србите инвестирале, зашто во 1920 под нивна координација, дошле мајстори од Грац и ја направиле можеби најубавата ограда од ковано железо која и ден денес го омеѓува дворот на Домот на културата „Карпош”.
    Во 1941 година, во неа се вселува германската команда , а кон крајот на истата година куќата и е предадена на бугарската полиција. Во 1945, во куќата се формира првата државна веледрогерија „Реплек”.
    Годината 1946 по многу настани ќе остане забележана во развојот и активностите на пионерската организација и на нејзините членови во Скопје. Скопските пионери на 22 март, заедно со сите пионери од сите краишта на Југославија, ја прославија првата слободна пролет. Група од 120 пионери организираа марш – поход по врвиците на третата македонска народноослободителна ударна бригада. Ги посетија значајните места во Куманово и околината од деновите на Востанието и НОБ. Ја следеа маршутата на бригадата на Козјак и на самото место се запознаа со борбените дејства во кои загина народниот херој Христијан Тодоровски – Карпош. Ја посетија неговата родна куќа и се сретнаа со мајка му, која им раскажуваше за детството, училишните години и борбата на Карпош.
    По враќањето во Скопје, тие едногласно решија да продолжат да другаруваат и одлучија да формираат културно – уметничка група. Името на групата спонтано и со одушевување го избраа – „Карпош”, а себе се нарекоа „Карпошовци”. Почнаа да се собираат во визбата на зградата во која се наоѓаше Градскиот комитет на народната младина. Одржуваа проби на рецитаторска и драмска секција. подоцна формираа хор и играорна група. Организираа приредби и одржуваа разновидни настапи во градот, работните колективи и на Радио Скопје. учествуваа на смотри и фолклорни фестивали во Скопје, Битола и Штип по повод 11 Октомври.
    „НЕКА 1947 БИДЕ ГОДИНА НА УШТЕ ПОГОЛЕМ РАБОТЕН ПОЛЕТ НА МЛАДАТА ГЕНЕРАЦИЈА НА ЈУГОСЛАВИЈА НЕ САМО ВО ИЗГРАДБАТА НА НАШАТА ЗЕМЈА, ТУКУ СЕКАДЕ КАДЕ РАБОТИ И УЧИ МЛАДИНАТА” – им порача другарот ТИТО на сите пионери ширум СФРЈ, честитајќи им ја новата година.
    -Традициите и искуството на пионерската организација во Скопје од годините на НОБ и Револуцијата и од повоената социјалистичка изградба, зголеменото интересирање на пионерите за нови содржини во работата, кадровска оспособеност на пионерската организација со раководители и стручно – воспитен кадар, како и потребата од натамошен развој на пионерската организација (притоа имајќи ја предвид хомогената културно – уметничка група „Карпош” во која беа развиени разновидни активности и пионерска самоуправа) беа битна претпоставка за организирање на пионерски дом.-
    „Сите сакаа да станат членови на групата „Карпошовци”, па им дадоа простории во Средното музичко училиште во кои се создадоа подобри услови за работа. Бројот на членовите двојно се зголеми и секојдневно растеше. Двете приземни простории не можеа да го соберат бранот на нови членови.”
    Сето тоа, во 1947, го разгледуваше Земското веќе на Народната младина на Македонија и одлучи да покрене иницијатива пред Министерството за просвета на Владата на НР Македонија да се донесе одлука за основање на пионерски дом во Скопје.
    Иселувањето и адаптацијата на зградата се изврши есента 1947 и пролетта 1948 година. Во тоа време се именува и раководниот и стручно – педагошкиот тим и се избраа пионерските раководители кои извршија подготовки за свеченото отворање на домот.
    По одлука на тогашната комунистичка влада, во јуни 1948 година во просториите се вселува Централниот Пионерски Дом на Пионерите на Македонија. Големиот двор на куќата се користел за редовно постројување на илјадниците Пионери на Македонија.
    „ За време на прославата на „Детската недела” на 6 јуни 1948 година, министерот за просвета на Владата на НРМ, проф. Димче Мире, свечено ја пресече лентата и ја отвори вратата на Домот.”
    „ОДНОСОТ ПРЕМА ДЕЦАТА Е ОДНОС ПРЕМА ИДНИНАТА НА ЧОВЕШТВОТО. АКО САКАМЕ ДА ИЗГРАДИМЕ СВЕТ НА МИР, ПРИЈАТЕЛСТВО, РАМНОПРАВНОСТ И СОЦИЈАЛНА ЕДНАКВОСТ, МОРАМЕ УШТЕ ДЕНЕС, ДА ГО ОБЕЗБЕДИМЕ ТОА НА НАШИТЕ ДЕЦА...
    ОД АНГАЖИРАЊАТА ЗА ДОБРОТО НА ДЕТЕТО И НЕГОВАТА СРЕЌА, НЕ САМО ВО СВОЈАТА ЗЕМЈА, ТУКУ И ВО СЕКОЕ КАТЧЕ ОД ОВАА НАША ПЛАНЕТА, НЕ МОЖЕ ДА ИМА ПОБЛАГОРОДНИ ДЕЛА. ГРИЖАТА ЗА ДЕЦАТА, НИВНА ЗАШТИТА И ПОЛОЖБА Е СОСТАВЕН ДЕЛ НА БОРБАТА ЗА ПРОГРЕС, ЗА ПОДОБРО РАЗБИРАЊЕ И ПРИЈАТЕЛСТВО МЕЃУ ЛУЃЕТО, ЗА СРЕЌА И БЛАГОСОСТОЈБА НА НАРОДОТ ВО ЦЕЛОСТ... – ТИТО
    Во 1962 година, по полавата во Скопје, подрумот беше комплетно под вода и така беа уништени сите документи од архивата на домот. Таа година Домот го посетија голем број амбасадори, но и тогашниот секретар на Обединетите Нации, Утант.
    -Матните води на надојдениот Вардар, во ноември 1962 година, најжестоко го погодија делот на Скопје, токму помеѓу улиците „Илинденска” и „Орце Николов”, каде што во тоа време се наоѓаше, а и ден денеска стои обновената зграда на Домот. Архивата и документацијата што се наоѓаа во подрумот на Домот, неповратно беа уништени, а во голема мера беа уништени и опремата и уредите на техничко – моделаторската работилница како и некои други лаборатории. Она што поплавата го почна, земјотресот го докрајчи, зашто ја разниша целата зграда на Домот и ја направи неупотреблива за било каква активност. Пионерите на Југославија во тоа поземјотресно време ја покажаа својата висока свест за солидарност и покренаа акција за собирање средства за изградба на пионерски спомен – дом во Скопје „Братство и единство”. Собраните средства не беа доволни за да се изгради нов Дом, меѓутоа ги покрија трошоците за реновирање и санација на зградата во која и денес работи Пионерскиот Дом „Карпош”.
    Во меѓувреме вработените во домот работеа во една напуштена и руинирана барака на улицата „530”, недалеку од училиштето „29 Ноември”. Тоа е времето на првите денови од 1965 година и новиот почеток на Пионерскиот дом „Карпош”, за што се заслужни група ентузијасти, вљубеници во детската среќа. Плодната активност на Домот кон крајот на шеесеттите и почетокот на седумдесеттите години на минатиот век беше овозможена и поткрепена со значајно збогатување на материјално – техничка база. Имено, тогаш се набавени поголем број технички помагала, музички инструменти, нагледни средства и една библиотека со фонд од пет илјади книги.-
    Обновен и реновиран Домот свечено беше пуштен во употреба на 1 јуни 1970 година.
    Во оваа мала зградичка во центарот на Скопје, поставени се темелите на многу денешни институции. Така во 1955, во дворот е изградена првата градинка во Скопје, за подоцна таа да стане канцеларија на Сојузот за социјалистичко воспитување на децата т.е. Пионерскиот Сојуз.
    Секцијата за меѓународно пријателство, формирана на 29 ноември 1967 година, подоцна прерасна во Клуб на млади амбасадори. Клубот, одвивајќи ја својата активност под паролата „СЕ ЗА МИРОТ ВО СВЕТОТ – СЕ ЗА ДОБРОТО НА ДЕЦАТА”, воспостави врска со сите пионерски домови и центри во Македонија и во поранешна Југославија, со Информативниот центар на ОН за Југославија и Албанија, со седиште во Белград, а беше регистриран и во самата Организација на Обединетите нации во Њујорк.
    Од формирањето во 1967 година, па до денес, Фолклорниот ансамбл „Карпош” е најброен колектив на Домот. Веќе во првата година имаше 168 играорци и 14 членови на народниот оркестар, а денеска таа бројка е над 250 членови.
    Во текот на 1965 година, во домот беа отворени фото и кино секција. Фото секцијата работеше се до 1979 година, додека кино – секцијата, иако со мали прекини, работи и ден денес. Круна на оваа дејност беше Првата Југословенска смотра на филмското творештво, одржана во јуни 1969 година, организирана од Домот и Републичкиот совет за грижи и воспитување на децата на Македонија.
    Литературната дејност, како една од најстарите во Домот, постои уште од првите денови на „Карпош”, а во 1965 година добива и повисока форма на работење – Литературен клуб. Во нејзините рамки беа имплементирани групите за рецитации, драмски изведби и новинарство.
    Секогаш со стремеш да биде актуелен и во чекор со времето „карпош” прв почна со една масовно организирана и добро програмирана дејност на полето на сообраќајната култура. Домот во пролетта 1969 година го организира првиот „ПИОНЕРСКИ СЕМАФОР” . Од тогаш овие републички натпревари се одвиваа секоја година без прекин. Во тој период се наметна и потребата од сообраќајно воспитување на децата од предучилишна возраст. Уште еднаш Домот е прв со активностите на „Весел детски семафор”, што се уште се одржува во Скопје и ги активира Градскиот совет за безбедност на сообраќајот на Град Скопје.
    Во Пионерскиот дом „Карпош”спортот, физичката култура и спортската игра се негуваат од неговото отворање. Познати се првите слетови, многубројните гимнастички и други спортски активности. Меѓу нив најголема традиција имаат пингпонгот и шахот.
    Задржувајќи се особено на шахот, во 1965 година тука во Домот беше одржано Првото првенство во шах за пионери на ниво на Македонија, па оттогаш датира и Шаховскиот клуб. Тука во Скопје, во организација на Детскиот пионерски дом „Карпош” во 1972та, за прв и последен пат во Македонија, се одржа Светската шаховска олимпијада. Меѓу другото, пионерите имаа можност да играат партии со најпрочуените мајстори на древната игра.
    Полна со креативност, рекреација и забава е манифестацијата „СНЕЖЕН ГРАД” која има југословенски карактер. Прв пат организиран 1969 година „Снежниот град” е манифестација на другарството, љубовта, братството и единството, манифестација на навистина масовен детски и младински туризам.
    Од балетската секција е формиран ансамблот на Балетот на Македонската Опера и Балет, зашто своите почетоци тука ги имаа Натка Пенушлиска, Олга Милосављева, диригентите Чавдарски и Лековски.
    Од драмската секција, прво е формиран детскиот куклен театар, кој потоа прерасна во театар за деца и младинци, а од него подоцна израсна Драмскиот Театар во Скопје. Од моделарската секција потоа се востанови Народна Техника.
    Првите мали чекори, во своите големи кариери, во оваа институција, во поновата историја на Скопје, ги направија и актерот Дејан Лилиќ, нашата поп дива Калиопи, ситната дама со ангелски глас Сузана Спасовска и виртозот на хармоника Горан Алачки.
    ПОЗНАТИ КАРПОШОВЦИ: Симон Трпчевски, Александар Лековски, Маја Грозданова-Панчева, Коле Англеовски, Зафир Хаџиманов, Натка Пенушлиска, Јове Кекеновски, Милан Зафков, Наталија Грубовиќ, Дејан Лилиќ, Слободан Унковски, Славка Младеновска, Зоран Марковски, Мартин Вучиќ, Александар Ристевски-Принц, Стојан Димов, Стевче Стојковски, Љупчо Трајковски-Фис, Елена Ристевска.


  • Матично ќе се сели во Пионерски дом - Карпош ... ГРАДСКИТЕ ВЛАСТИ БАРААТ МЕСТО ЗА ДОСТОИНСТВЕНИ ВЕНЧАВКИ ... Вест, 9/12/2005 ...
    - Градските власти сериозно почнаа да размислуваат Матичната служба да ја преселат во Пионерскиот дом-Карпош кој исто така се наоѓа на Илинденска, на само стотина метри од руинираната барака во која сега се склучуваат браковите. Со децентрализацијата овој објект му припадна на градот, а иницијативата, велат од одделението за односи со јавност, е на градоначалникот Трифун Костовски. Оваа најава досега е прва конретна иницијатива изминативе децени за менување на катастрофалната состојба на досегашното матично. Четири децении државните и градските власти ниту разговараа, ниту пак преземаа нешто околу ова прашање.
    - Во Пионерскиот дом, велат од градот, сеуште се одржуваат културни и едукативни активности, како и играорни курсеви, но тоа, според нив би се решило со адаптирање на просторот и негова соодветна поделба со цел сите на крај да бидат задоволни.
    - Старата Матична служба веќе 40 години е времен објект, и прашање на време е кога самата од себе ќе се урне. Бараката беше поставена за одредено време да ја врши оваа функција. Градот и државата одамна требаше да ја урнат, и да изградат нова зграда. Бидејќи тоа не се случи, покривот на бараката со години капе, sидовите и однадвор и одвнатре скапуваат и се прекриени со мувла. Завесите не се знае од кога не се испрани, теписоните се прашливи и флекосани.
    - Во вакви услови, во ова матично годишно се склучуваат околу 400 бракови
    .
  • Пионерски дом ќе добие нов лик ... Нова Македонија, 28.03.2007 ... Пионерскиот дом “Карпош“ идната година, на прославата на 60-годишнината од своето постоење ќе добие нов лик. За да се направи проект за реновирање на објектот, на една од најстарите културни институции, најнапред треба да се изготви комплетна архитектонска документација и со целосна анализа да се направи план по кој систематски би се реализирале чекорите за обнова на веќе постоечките потенцијали на Домот. Откако ќе се изготви проектот, со кој се очекува да се измени ликот на дотраените простории во ДКЦ, ќе биде распишан и тендер за реализација на проектот.
  • Украден пионерскиот поздрав од Домот на пионерите ... Време, 28.07.2006 ...
    - Украдена е плочата со пионерскиот поздрав од ѕидот на детскиот културен центар „Карпош“, и тоа на годишнината од денот кога е поставена, 26 јули 1970 година. Плочата ја симболизираше солидарноста на пионерите од Југославија што помогнаа да се изгради зградата разурната во катастрофалниот земјотрес што се случи во Скопје во 1963 година, велат од центарот што порано беше пионерски дом. Тие случајот веднаш го пријавиле во Министерството за внатрешни работи, од каде што потврдија дека плочата е украдена и рекоа дека трагаат по сторителите.
    -
    Овој детски културен центар постои од јуни 1948 година. Оттогаш не престанал да работи, а во годините кога Скопје било поплавено и кога зградата била урната во земјотресот центарот се селел и работел во повеќе различни простории низ градот. Во меѓувреме се градел новиот објект.
    -
    Веднаш по земјотресот пионерите од Југославија собираа пари од сите земји и со нив ја изградија оваа зграда, каде што денес се наоѓа ДКЦ „Карпош“. Како симбол за таа солидарност и се постави плочата. На неа пишуваше „Од пионерите на Југославија, за пионерите на Скопје“. Плочата беше бронзена, но со мали димензии. Затоа велам дека од неа не може да се заработи многу ако се препродаде - објаснуваат од центарот, од каде што додаваат дека овој случај ги обезличил.
    -
    Во овој детски центар се одржуваат културни и едукативни активности. Оттаму велат дека ја продолжиле традицијата на Пионерскиот дом во културното едуцирање на најмладите преку многубројните секции, како ликовната, драмската, танцовата, фолклорната, хорот и многуте манифестации што се одвиваат под нивно покровителство. Во центарот од оваа година функционира и психолошко советувалиште. Веќе 58 години вратите на ДКЦ „Карпош“ се отворени за децата од предучилишна возраст до полнолетство, кои сакаат своето слободно време да го исполнат со содржините на центарот.
  • Пионерски дом Карпош ќе добие нова фасада ... Вест - 3/18/2008 ...
    - Градските власти најавуваат дека летово ќе го реновираат Пионерски дом Карпош и оти со проектот е предвидено да се обнови фасадата на зградата, да се заменат старите и дотраени инсталации и објектот внатрешно да се уреди. Аљоша Шопар, раководител на секторот за планирање и уредување на просторот во Градот, вели дека, освен обнова на зградата, планираат и партерно да го уредат дворот на Пионерскиот дом. Тој објасни дека наскоро ќе распишат тендер за изведувач на проектот, кој сега е на одобрување во Националниот конзерваторски центар Скопје.
    - ... со градежните работи на Пионерскиот дом ќе се почне најдоцна до јуни, кога треба да завршат процедурите за избор на изведувач, а во буџетот на Градот за овој проект се предвидени околу шест милиони денари.
    - "Планирано е да ги вклучиме 'Паркови и зеленило' хортикултурно да го уредат дворот, просторот ќе се поплочи и ќе ставиме ново осветление. Сега во Пионерскиот дом се сместени разни секции - ликовна, драмска, играорна - и тие и понатаму ќе останат таму, односно нема најава дека ќе се менува функцијата на објектот", вели Шопар
    .
    *** Уште едно неисполнето ветување на градскиот татко, за кое нели имало и пари во буџетот ...

  • Градот доби имотен лист за Пионерскиот дом ... Утрински-08 октомври 2008 ...
  • ПРОЛОНГИРАН, НО НЕ ЗАБОРАВЕН, ТЕРМИНОТ ЗА РЕСТАВРАЦИЈА НА ЗГРАДАТА НА КАРПОШ - Нова фасада за стариот Пионерски дом ... Вечер, Елизабета АРСОСКА 12.08.2008 ...
    - Реставрирањето на фасадата на Детскиот креативен центар "Карпош" кое беше најавено за минатиот месец ќе се пролонгира, но нема да се заборави. Ова го потврдија градските власти кои информираат дека роковите се поместени поради одредени административни процедури, но дека во моментов тендерската процедура е при крај и наскоро ќе се избере изведувачот.
    - проектот предвидува истовремено реновирање и на ентериерот на зградата. Ќе се молерисуваат ѕидовите, ќе се обнови подот, инсталациите, столаријата, санитарниот јазол. На крајот и дворот хортикултурно ќе се уреди.
    - Пионерскиот дом е една од градбите во градов која плени со необичната стара архитектура. Изградена во 1907 година како семејна куќа со интересен изглед и идеална локација, низ историјата ги менувала и намената и значењето, но и станарите. Стилот на градбата припаѓа на доцниот барок со примеса на интересни детали од викторијанската класика. Проектот е дело на непознат архитект, а ја граделе врвни мајсторски тајфи.
    - Во 1967 година, по големата поплава и катастрофалниот земјотрес објектот е реновиран од темел од доброволни акции на пионерите од цела Југославија-посебен фонд-пионерски динар. Оттогаш не е направена темелна реконструкција на фасадата и на ентериерот
    .
  • ГРАД СКОПЈЕ РАБОТИ НА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ОБЈЕКТОТ НА ДКЦ КАРПОШ - Нов ентериер за Пионерскиот дом ... Вечер, Елизабета АРСОСКА 21.02.2009 ...
    - Реконструкцијата на Детскиот креативен центар Карпош е во полн ек. Во моментов се работи на комплетна замена на санитарниот јазол, на инсталирање на нова водоводна мрежа и одвод. Проектот за реконструкција на Пионерскиот дом го изработи Град Скопје, кој за таа намена од буџетот за 2009 година издвои шсест милиони денари. Оттаму велат дека не можат точно да предвидат колку време ќе траат градежните работи, оти станува збор за еден од најстарите културни објекти заштитени со Закон.
    - При обновата се отвораат нови делови кои мора да се уредат, а кои првично не сме ги предвиделе. Од тие причини не може точно да се утврди каде се ќе треба да се интервенира. Деновиве се работи на внатрешните инсталации, се работи во тоалетите, но дел по дел се реконструираат и подовите. Обновата на објектот ќе продолжи со замена на прозорците, а ќе заврши со поправки на покривната конструкција во деловите, каде што прокапува. Додека се стабилизираат временските услови ќе се работи на ентериерот, односно на оние работи кои не зависат од временските услови. Со почетокот на градежната сезона, работите на објектот ќе продолжат со комплетна санација на фасадата на Пионерскиот дом, информираат од Одделението за односи со јавност Град Скопје.
    - ... пат по половина деценија, почна де се менува ликот на дотраените простории. Се надевам дека Карпошш ќе остане култен, а со инвестирањето во реконструкцијата и модерен центар за сите млади луѓе кои тука ќе творат и ќе ја создаваат културната база на овој град, рече Андријевски.
    - Зградата на некогашниот Пионерски дом има интересен стил и е заштитен споменик на културата, па токму од тие причини со реконструкцијата воопшто да не се менува нејзиниот надворешен изглед, туку само ќе се реставрира фасадата.
    - Овој објект е изграден во 1908 година, и во текот на своето постоење е само еднаш делумно реновиран во 1963 година, кога е пренаменет во Пионерски дом.
    - ДКЦ Карпош е една од осумте културни институции, коишто со процесот на децентарализација потпадна под ингеренциите на Град Скопје.

Чиста душичка - ангелче ...

http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/313Large.jpg
Чиста душичка - ангелче ...

Wednesday, February 25, 2009

Македонија нема море - ама планира да регистрира трговски бродови ...

Оваа наша Македонија која е нели слободна и независна држава - колку знам нема море ... но се шират шпекулации дека владата озбилно планира да регистрира трговски бродови ... каде главна придобивка ке биде македонското знаме на бродот ...

читај повеќе »

Кои се тие фантазери во владата, на кои им светнуваат вакви “идеи“ ... немало ни да има инвестиции - ке се барало јавно приватно партнерство ... на што дрги мои ... остајте што немаме море - туку немаме ни трговска стока што се извезува или увезува во/од Македонија ... осем ако не ги рачунаме неколку десетици контејнери на кинеска стока која доаѓа од Република Кина ...

Ако мислите дека се шалам и мавам сеир се лажете ... Одлука за формирање на трговска флота е донесена на една од последните седници на владата ни ... веќе е формирана меѓуресорска група која е задолжена за формирањето на трговска флота која нели ке плови под македонско знаме ... планот бил да не се претерува - од почеток да има само десетина трговски бродови, но кога ке се развие бизнисот флотата да се шири ... образложение дека е ова добра владина одлука се нашло во тоа што и други земји кои немаат море имаат трговски флоти ...

Стружани и Охриѓани еве ви шанса да станете морнари ...

Денеска е 25 февроари ... образование, наука и култура сеуште немаат примено јаноарски плати ...

Која е причината што до досега не се исплатени јаноарските плати на вработените во образование, наука и култура ... ?? Дупка во буџетот или владина освета за штрајкот на просветарите ...

Минатото или иднината ... изборна дилема ... немање/имање на демократски капацитет ...

На сите избори од осамостојувањето на Македонија до денеска имаме борба на два концепта ... на едне кој зборувајки за славното македонско минато, освојувајки симпатии на бирачите/електоратот на база на славното минато ... и на друг концепт кој зборува за иднината - за начинот како Македонија ке ги реши тековните проблеми во еконимијата - од која што сите живееме ...

читај повеќе »

Уште на почетокот на самостојноста на Македонија една од сегашните две доминантни партии одбра во името на својата партија да внесе за македонецот свети букви во своето име “ВМРО“, додавајки во името демократска додавка “ДПМНЕ“ ... и се прогласи за единствен наследник на политиките и залагањата на ВМРО ... Така минатото во сегашната македонска политичка арена влезе на голема врата ... На сите избори од првите до последните неопходно беше луѓето да се определуваат меѓу славното минато и визиите за иднината ...

На македонецот одсекогаш во неговата историја му се препишуваа одредени филства и согласно на нив разни поделби на: бугарофили, србофили, гркомани ... во поново време на тие поделби се додадоа нови: еврофили, македоноиди, соросоиди ... и незнам какви не други поделби ... На овие филства длабоко се подели македонското гласачко ткиво и се створија анимозитети до истребување ...

Наместо државната власт и главните партии да створат национален консезус по најбитните национални прашања - ние во овие 18 години самостојност имаме само нови поделби ... сето ова партиите го развија до толкава мерка што сите заборавија на основното кога се бира нова власт а тоа е - дали денеска со постоечката власт ни е подобро од кога дојдоа на власт или полошо ... во правец на решени или нерешени изборни ветувања ... но не за изградба на споменици, нови празници, музеи и незнам што - туку за вистинските и најпотребните нешта на секој граѓанин ... оние нешта од кои се живее ... противниците на ова се оние кои велат е што ке ми е живот кога ми го убиваат духот - без духот сум ништо ... не велам дека нивниот концепт/потреба не е исправен, само констатирам моментална ситуација ...

Оваа наша поделба и неслога ја користат сите наши комшии, да докажат во ЕУ и НАТО институциите дека Македонија не е зрела да се приклучи нити во НАТО нити во ЕУ ... дека нема демократски капацитет ... тоа е основниот и главниот мотив за кочењето на нашите ЕУ и НАТО интеграциски процеси - кои се засега единствениот консензус меѓу сите партии во Македонија ... да тука има консензус за потреба за влегување во ЕУ и НАТО - но нема консезус за начинот и патот како треба да влеземе во ЕУ и НАТО ... Едните сакаат да влезат со подигнати глави во овие институции а не со скршени кичми и наведнати глави (а кој не го сака тоа ...)... а другите се за правење на компромисни решенија за да влеземе во тие институции и отаму полесно да ги решаваме проблемите ...

На таа тема на начинот како треба да влеземе во ЕУ и НАТО - беше клучот на победата на последните парламентарни избори, каде Груевски и ВМРО-ДПМНЕ убедливо победија со концепт дека се и за минатото но и за иднината ... дека е за зачувување на името и идентитетот ... а ако веќе мора да се менува нешто во тој правец - не за било кој предлог ... да се праша народот на референдум ... така во тие ровови се закопа патот за решавање на проблемот со Грција која има други интереси и стравувања - поврзани со нивните стравови дека ке се повампират духовите од минатото и на нивната територија ке се освестат заспаните Македонци кои и така им прават проблеми преку Виножито и црковната општина на отец Царкњас ...

Грција ја користи позицијата што тие се внатре во тие организации, каде за најбитените прашања се решава со консензус ... тие институции не примаат нови челенови кои имаат отворени и нерешени прашања со други членови на тие институции ... колегијално/солидарно остануваат во одбрана на своите челенки ...

Отаму во последно време се погласни и побројни се ЕУ и НАТО скептиците ... кои велат што ке ни е таа “курвинска“ ЕУ, која итака ке се разпадне - која во историјата никојпат не застанала на наша страна ... картата се фрли во продлабочување на партнерството со САД - која пак има свои интереси и планови за ова подрачје ... која иако се залага да се реши нашиот проблем, но сепак на крајот вели дека ние и грците треба да го решиме проблемот, а тие ке го прифатат решението - што е многу слична/иста реторика како на ЕУ дипломатите ...

Потврда за сето ова имаме и во последното интервју на ЕУ дипломатите во Македонија каде во емисијата на Роберт Поповски “Х/О“ и дваицата дипломати (ЕУ и САД) искажаа мислење дека Македонија премногу забраздила во минатото и не го пронаоѓа патот во иднината ...

На сите овие критики Премиерот во своите последни изјави ке рече дека неговиот концепт не е поделба на македонците на незнак кави и онакви - дека за него не постои поделба на словенски и антички македонци, туку дека сите сме Македонци ... дека тој е и за минатото - но дека посветено работи 24/7 и за иднината ... сосема е друго представата дали во тоа работење/посветеност 24/7 има или нема резултати ... тој не убедува дека има - дека резултатите се видливи и евидентни и историско високи на сите полиња ...

Дали е тоа вистина или не, ке имаме можност да видиме на изборите кои се за месец дена ... народот е тој кој повторно ке пресудува дали му е добро со оваа власт или не му е баш така добро ... народот е тој кој дава легитимитет на избори - но и ги делегитимира политичарите и партиите кои ветиле а не исполниле ...

  1. Иванов ја прифати тактиката на ВмроДпмне ... “Автобус демократија“ ... нема соочувања со противниците ... 24 Февруари, 2009
  2. Манипулација со изборна анкета на ИРИ ... Кој ја нарачува и плаќа анкетата кај ИРИ ... 19 Февруари, 2009
  3. Лаже ли Груевски дека Владата не работи на случајот на забрана на абортусот - кој ја работи скриената камп.за забрана на аборт. ... 18 Февруари, 2009
  4. Зошто политичарот лаже на избори ... Зошто народот верува на лагите ... До кога ке им верива на оние кои веќе излажале ... 18 Февруари, 2009
  5. Останати постови поврзани со темата на претседателски избори ...

Вработени ... Невработени ...

“Најзаразната болест“ од која е заболена нашата економија е најголемата спака на невработени во цела ЕУ ... Оној кој ке ја реши дилемата како да се зголеми бројот на евидентирани вработени лица - што ке значи намалување на бројот на невработени, ке биде мајсторот што ке ја заслужи мојата почит и доверба ... и не само тоа, туку и подобрување на структурата на вработени лица во однос на зголемување на лицата кои се вработени во реалната економија - во однос на оние во администрацијата ... зголемување на вработувањето на висококвалификувана работна сила - во однос на понискоквалификуваната работна сила ... зголемување на бројот на вработени во однос на бројот на пензионери ... ми се смачи од рекламирањето на Македонија како земја со најефтина работна сила ... тоа директно значи признавање дека сме гола вода, сиротиња ... тоа е директна порака на младите и способни да си бараат работа во други економии - да се иселуваат ...

читај повеќе »

И во минатиот ситем во Македонија имавме проблем со големата невработеност ... социјалистичкиот систем пробуваше вработувањето на младите да го реши со административни мерки ... измислуваше начини како со сила да се вработат и отворат нови работни места:

  • се сеќавам на Листите на чекање на вработување - кои беа смрт за квалитетно вработување ...
  • се сеќавам на предвремено пензионирање - за да се отворат нови работни места ...
  • се сеќавам на административно вработување на психолози и лекари по фирмите ... незнам на 500 вработени мора да имаш еден психолог и лекар ... чекам ден кога и сегашната власт ке се зафати со слични непопуларни мерки и методи ... нема да ме зачуди вакви стари и неинвентивни методи - да се прикажуваат како лек ...

И во стариот систем и во сегашниот - не се најде лек за пробемот на зголемување на вработеноста во нашата економија ... во транзиционит период највеќе се работи на бришење од списоците на невработени ...

  • не се јавиш еднаш месечно во Заводот/Агенцијата за да се евидентираш, веднаш си бришан од списокот на невработени ...
  • се направи посебен список на оние кои се невработени ама ете несакаат ни да работат - туку им треба само зелени картони ... и други принадлежности од статусот на невработени ... социјална помош ... детски додаток (уствари незнам дали воопшто има детски додаток ... осем онаа мерката за трето дете - која ке падне на уставен ...)...
  • Заводот за вработување/Агенција де - се претвори во Завод/Агенција на бришење од списокот на вработени ...
Заводот/Агенцијата за вработување - чинам сега се вика (неоправдано) бидејки никого не вработува е место каде сега се крије вистинската бројка на бројот на вработени и невработени ... Веројатно државата се срами реално да го прикаже бројот на вработени и невработени со што власта ке признае дека нема лек / незнае да најде лек за зголемување на вработеноста ... дури се отиде во ступидност на вакви изјави - Владата не е должна да ствара нови работни места ... тоа демек го прави приватниот сектор ... наспроти тоа на сите избори се ветува проблемот на зголемување на вработеноста и намалување на невработеноста ... гледајте што прави Обама на пример - кои се неговите мерки од кога виде дека невработеноста зема замав во САД економијата ...
  1. Колкав е бројот на вработените во РМ ... Концептот бруто плата ке ги разјасни бројките за бројот на вработените ... 16 Февруари, 2009
  2. Колкав е бројот на вработени и невработени лица во РМ и каква е нивната структура ... 4 Февруари, 2009
  3. 600 Профи војници маршираа пред собранието/владата ... бараат право на згрижување ... 2 Февруари, 2009
  4. Кој ке ги завземе местата на оние кои се одселуваат од Македонија ... 19 Декември, 2008
  5. Партиски вработувања ... партизација на државата ... 1 Ноември, 2008
  6. Останати линкови поврзани со темата на бројот на вработени и невработени ...

Tuesday, February 24, 2009

Иванов ја прифати тактиката на ВмроДпмне ... “Автобус демократија“ ... нема соочувања со противниците ..

Од денешната изјава на Иванов се гледа негово ретерирање од почетната изјава - дека ке биде учеснник во сите демократски дебати и соочувања ... Од пред извесно време тој ја пее песната на советниците на ВмроДпмне - да се работи со народот, преку минтизи во кои ке се читаат подготвени говори, каде ке се случи повторно “автобус демократија“ и ке гледаме секојдневно носење на стотини автобуси од град во град ...

читај повеќе »

Тоа радо би го правеле и СДСМ но за нивна жал нивните парични фондови се празни а неможат да манипулираат со јавните претпријатија ... тие се сега во рацете на ВмроДпмне ...

Има еден голем проблем во ваквата негативна демократска пракса ... тактиката е прочитана кај неопределените гласачи ... тие сега се уплашени дека давајки ја апсолутната власт на ВмроДпмне ке имаме неурамнотежување на власта ... Секојпат до сега едната или другата партија ја имале локалната власт а другата парламентарната власт ... Најчесто имавме кохабитација меѓу Извршната власт и Претседателот на РМ ... народот е помудар од она што се мисли за него ...

И да, тука не се бира партија се бира личност со неговите лични квалификации - мислам кај претседателските избори ... ВмроДпмне направи голема грешка што не го подржа брат Љубе за Претседател ... настрана што најголемата и најизвесната варијанта е дека на председателсите избори во вториот и третиот круг ке нема доволна излезност ... излез повторно ке се побара во ново намалување на цензусот или избор на претседател во Собранието ... чинам дека заврши периодот на полнење кутии кај албанскиот електорат ...

Кај локалните избори - ке видиме ... јасно ни е на сите дека ВмроДпмне е во предност ... но во неколку од последнве месеци народот е со се` попразни стомаци -така да и тука се можни изненадувања во форма на своевидна порака на народот кон власта ... или власта конечно да се сврти кон решавање на проблемите на граѓанинот (економските де ...) или на наредните избори ке биде тешко казнет ... настрана што има анализи дека економскиот крах кај народот (кај сиромавиот) ке експлодира во социални немири ... кои како последица би донеле нови парламентарни избори или концентрациона влада т.е. влада на голема коалиција ... народот неможе да ги издржи новите веќе најавени поскапувања и даночни намети ... ке падне политиката на “економските контиња“ во Министерството за финансии ... во секој нареден закон да се измисли нов намет - мал но да важи за сите ...

Изборите се ближат, значаен е моментот дека на последната анкета (која не ја видовме во целост)ВмроДпмне значајно го загуби рејтингот - иако тој сеуше е висок ... но ако е тоа тенденција може да биде и галопирачка ...

Од се` најмалку посакувам немири каде полиција и војска ке застане наспроти народот ... тоа не би сакал да го гледам ...

  1. Манипулација со изборна анкета на ИРИ ... Кој ја нарачува и плаќа анкетата кај ИРИ ... 19 Февруари, 2009
  2. Лаже ли Груевски дека Владата не работи на случајот на забрана на абортусот - кој ја работи скриената камп.за забрана на аборт. ... 18 Февруари, 2009
  3. Зошто политичарот лаже на избори ... Зошто народот верува на лагите ... До кога ке им верива на оние кои веќе излажале ... 18 Февруари, 2009
  4. Дали Венко Андоновски ке му ги пишува говорите на Ѓорѓе Иванов ... 13 Февруари, 2009
  5. „Политичка галама“ на blog.com.mk ... дали сите на blog.com.mk мислат исто ... 12 Февруари, 2009
  6. Останати постови за овие претседателски избори ...

Бонсаи градина - Скопје

Бонсаи градина - Скопје

1.

http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/91Large-1.jpg?t=1235461223

Во зимски услови има премалку добри локации за фотографија ... овој ден недела 18.јаноари.2009-та се одлучив да направам фото сесија во Бонсаи градината - Скопје (единствена ваква градина на балканот) ... но за жал ме пречека затворена врата - во неделите не работеле ... од огласната табла втора слика подоле приметив дека за да сликаш во градината треба и дозвола да обезбедиш ... фоткиве надолу сепак ги направив од надворешната страна на оградата ... зиркајки ... неможев да одолеам ... Се надевам дека ке ми одобрат да напавам фотосесија одвнатре ...

читај повеќе »

2.

http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/92Large-1.jpg?t=1235461484

3.

http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/94Large-1.jpg?t=1235461520

4.

http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/95Large-1.jpg?t=1235461547

5.

http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/96Large-1.jpg?t=1235461569

6.

http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/97Large-1.jpg?t=1235461596

7.

http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/98Large-1.jpg?t=1235461618

8.

http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/99Large-1.jpg?t=1235461640

9.

http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/910Large-1.jpg?t=1235461673

10.

http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/911Large-1.jpg?t=1235461692

11.

http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/912Large-1.jpg?t=1235461714

12.

http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/913Large-1.jpg?t=1235461759

13.

http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/914Large-1.jpg?t=1235461778

14.

http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/916Large-1.jpg?t=1235461817

15.

http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/917Large-1.jpg?t=1235461846

16.

http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/918Large-1.jpg?t=1235461871

17.

http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/919Large-1.jpg?t=1235461897

18.

http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/920Large-1.jpg?t=1235461918

19.

http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/921Large-1.jpg?t=1235462016

  • БОНСАИ ГРАДИНА СКОПЈЕ ... www.kingmarkoland.com ...
    - Површина 1 хектар
    - Сплет од алпиниуми, јапонски парк, бонсаи изложбен простор и продажен центар на висококвалитетни садници.
    - Центарот на посетителите им овозможува уживање и запознавање со ретки видови на растенија, како и едукација за истите
    - Најголемиот процент се од височините на Караџица, Бистра, Галичица и од Кожуф. Меѓу нив се наоѓа и најстарото македонско бонсаи, Buxus sempervirens ,,Vardar Valley” старо 230 години и е со непроценлива вредност.
    -
    Спроти хотелот Александар Палас, Скопје.
  • Средбата во бонсаи паркот ... http://japan.mk/ ...
  • Занесна бонсаи-градина како дар за скопјани - Дневник, 10 мај 2007 ... Марија Тасев ...
    - Првата бонсаи-градина во земјава, која подолго време се уредува во Градскиот парк, ќе ги прими првите посетители за дваесетина дена. Градината, во која освен бонсаи ќе има и други интересни растенија, се простира на површина од 9.000 квадратни метри, на крајот од паркот, спроти хотелот „Александар палас“. Таа е подарок од фирмата „Бруски интернационал“ за граѓаните на Скопје.
    - Во градината ќе има збирка од над 400 примероци, меѓу кои и македонското дрвце буџус семпервиренс вардар валес, старо повеќе од 230 години и со непроценлива вредност. Сите се дел од збирката бонсаи на граѓаните Благоја Сотировски-Џагуре и на Јово Лучиќ, кои почнале да ја собираат во 1972 година.
    - Изградбата чини околу 470.000 евра, а целата колекција растенија вреди околу еден милион евра, поради што постојано ќе биде под надзор на чувари. Филков вели дека ќе настојуваат бонсаи-градината да влезе во туристичкиот водич на Скопје. Сите бонсаи-дрвцата што се изложени потекнуваат од Македонија, од височините на Караџица, Бистра, Галичица и од Кожув, како и од клисурата Демир Капија. Зиме дрвцата ќе се носат во стакларник, за да се заштитат од студ.
    - Паркот е уреден како јапонска градина. На влезот доминира минијатурен црвен јапонски јавор и кинески зимзелени видови. Преку алпиниум и два јапонски моста се влегува во изложбениот простор во кој ќе бидат сместат бонсаите. Во еден дел, кој е наречен „Македонско сонце“, ќе има едукативни курсеви за студенти и за граѓани што се интересираат за хортикултурата. Во преговори сме со врвни светски професори од оваа област. Еден од најатрактивните делови во паркот е зен-градината, а на крајот има дел што личи на англиска шума. Градината ќе биде катче во кое луѓето можат да се полнат со позитивна енергија, да медитираат и да размислуваат - објаснува Сотировски-Џагуре.
    - Бонсаи-градината ќе биде отворена за посетителите секој ден освен понеделник, а влезот нема да се наплаќа. Од фирмата размислуваат да наплатуваат симболична сум од пет денари за влез, што би се донирале за дом за деца без родители
    .
  • Бонсаи градина за полнење батерии ... Вест - 11/29/2008 - Ана Антевска ...
    - Странските дипломати и дел од македонските политичари, откако ќе завршат со напорните работни обврски, се релаксираат во бонсаи градината, која се наоѓа во вториот дел на Градскиот парк, во близина на хотелот "Александар палас". Покрај со политичари, за време на викендите градината е преполна со младенци, кои фотосесиите по венчавањето во матично ги прават меѓу прекрасните зелени дрвца и најразличните цветови. Бонсаи градината, која изобилува со ретки и скапи бонсаи садници, најразлични цветни садници, зимзелени и џуџести растенија и дрвца, е единствена на Балканот. Иако се уште не е целосно изградена и официјално пуштена во употреба, секојдневно е преполна со посетители.
    - Партнерите Мите Филков и Благоја Сотировски пред две години решиле дел од Градскиот парк да го претворат во катче со скапи и ретки садници, со дрвца и цветови. Идејата ја добил Благоја, кој долги година работел на хортикултурно уредување на дворови, паркови и на градини во САД. Таму и дознал дека во Македонија се наоѓа едно од ретки бонсаи дрвца - македонската зеленика вардарска долина. По враќањето од Америка, почнува да ги одгледува овие дрвца, и сега во неговата колекција се наоѓаат над 400 бонсаи дрвца кои сега се изложени во градината. Вредноста на оваа колекција е проценета на 1 милион евра.
    - "Можеби многумина мислат дека сме луди што вложивме многу пари и енергија за отворање на оваа градина. Но тоа за нас е привилегија, оти имаме можност на народот и на гостите да им понудиме едно катче кое ги полни со позитивна енергија. Странските гости, кога ќе дојдат, се чудат што една мала и сиромашна земја има ваква градина која ја немаат многу поразвиени земји. Влезот во градината е бесплатен и затоа имаат можност да ја посетат сите граѓани", вели Сотировски.
    - Покрај 400 бонсаи дрвца, во градината се наоѓаат и најразлични цветни садници, зимзелени и џуџести растенија кои, зависно од годишното време, ја менуваат својата боја. На влезот од градината се наоѓаат два алпиниума, односно градини оформени од камен и скапи зимзелени садници. Веднаш до нив ќе се наоѓа изложбена градина во форма на македонското знаме, во која ќе има ретки видови зимзелени садници. Еден дел ќе биде претворен во јапонска градина во која ќе има растенија карактеристични за оваа земја. Сите овие садници се набавени од Италија, а досега, за да добие градината ваков лик, потрошени со над 500.000 евра.
    - Останува уште да се изведат стаклена градина, водопад, и одводниот канал кој минува низ градината да биде претворен во река, во која ќе има златни јапонски риби. Официјалното отворање, според сопствениците, треба да биде напролет.
    Бидејќи во градината се наоѓаат доста скапи и ретки садници, таа е оградена со висока дрвена ограда и е 24 часа по видеонадзор. Но и покрај тоа, нејзините сопственици велат дека не можат да излезат на крај со граѓаните што крадат дрвца и садници.
    - Покрај довршување на останатиот дел од градината, Филков и Сторировси во моментов преговараат да направат изложби на ретките и скапоцени бонсаи дрвца во повеќе балкански земји.
    - Бонсаи е уметност на естетска минијатуризација на дрва преку на нивно растење во садови. На јапонски бонсаи значи засадено во сад. Кинезите биле први кои минијатуризирале дрва во саксии, и тоа 200 години пред нашата ера, а од Кина потоа оваа практика се проширила во Јапонија. Во Македонија колекцијата бонсаи содржи околу 400 примероци, некои стари и до 250 години. Најголемиот процент се од Македонија, од височините на Караџица, Бистра, Галичица и од Кожуф. Меѓу нив се наоѓа и најстарото македонско бонсаи вардарска долина, старо 230 години кое е со непроценлива вредност
    .
  • Бонсаи-градината Ќе биде парче рај во Скопје ... Утрински, ...
  • Бонсаи-градината ќе биде готова до април ... Утрински - 09 јануари 2007 ...
  • Македонско бонсаи за Гинис ... www.maticanaiselenici.com ...
Скоро сум сигурен дека имаат и сајт но досега не го пронајдов ...

Сепак по малку повеќе мака ја пронајдов интерет страницата на Бонсаи Градината - Скопје ... Garden Center ... HORTI EXPERT ...

http://hortiexpert.com/img/header-garden.jpg

  • На површина од еден хектар, во близина на кејот на реката Вардар, спроти хотелот Александар Палас, на крајот од Градскиот парк е лоциран нашиот хортикултурен изложбен и продажен центар со постојана Бонсаи изложба.
  • Со цел да ги подигнеме критериумите за естетските вредности за уредувањето на зеленилото и да го смениме ставот за неестетско зеленило создадовме Гарден Центар кој претставува вистински спој на науката и уметноста во хортикултурата. Единствен од ваков вид на Балканот, Центарот на посетителите им овозможува уживање и запознавање со ретки видови на растенија, како и едукација за истите.
  • Зелениот простор е сплет од алпиниуми, јапонски парк, бонсаи изложбен простор и продажен центар на висококвалитетни садници од континјерско производство од странско и домашно потекло. Повелете дојдете да уживате во раскошниот зелен свет на нашиот Гарден Центар.
  • http://hortiexpert.com/img/kat/gardencenter/1.jpg http://hortiexpert.com/img/kat/gardencenter/12.jpg

Blog Archive

Site Meter