Оваа игра особено беше популарна во мое мало во периодот на предземјотресно Скопје ... Повеќето од Вас кои ме познаат знаат дека во тоа време живеев во зграда близу до Универзална ... зградата ми излегуваше на Партизанска - таа и денеска е читава и попозната е поради клучарот “ШАНИ“ ... Кажав веќе еднаш во тоа време крај на Скопје беше Рузвелтова ... натака према сегашен Карпуш беа бавчи ... Партизанска не беше пробиена ... а на сегашниот лев дел од Партизанска веднаш позади основното школо “29 Ноември“ во кое учев ... сега мислам дека е прекрстено и не му го знам името ... имаше огромна плантажа на кајсии со одличен квалитет ... со семки кои беа од типот благосемки ... Воопшто кајсијата беше популарно овоштие меѓу скопјани ... луѓето ги купуваа за правење на одличем џем од кајсии ... мммммммм и сега ми течат лиги од одличниот домашен џем од кајсии ...
Поради џемот и поради близината на плантажата со кајсии во мое време не беше проблем да се има куп на семки од кајсии ... и деца како деца ке наполневме најлон кеси (беа ретки во тоа време) со семки од кајсии и пред зграда игравме на ќар со семките од кајсии ...
Во што се состои играта: Неколку деца со полни кеси или торби со кајсии (најлон кесите скоро и да немаше во тоа време ... и ако ги имаше се перееа и сушеа на жица за да и утре пазаруваш со нив ...) ... ке се договореа да играат на ќар со семките од кајсии ... Колку деца толку купчиња од семки со по пет семки во едно купче ... ке се наредеа на некоја мазна површина ... Уф колку беше тешко да се најде мазна површина во тоа време ... бетонот беше реткост ... но ние го користевме малото парче на бетон кое беше поставувано покрај зградата ... служеше да не влегува вода во темелите на зградата ...
Значи према горната слика се гледа дека на една страна се редат купчиња во зависност колку деца се во игра ... а на другата страна се обележува линија од која се фрла со некоја мазна плочка обидувајки се да се погоди првото купче ... Линијата вообиаено беше одалечена десетина метри од купчињата ... Е сега, како да се одреди кој прв ке мава во купчињата ... се фрлаше од кај купчињата према линијата ... оној кој ке застане најблиску до цртата со неговата плочка (коњак ... плочката особено се чуваше и бираше во купот на масни округли и тенки камења ... мермер беше ептен редок ...) е прв и така следниот до последниот ... Значи од кога ке се одреди редоследот на мавање во кучињата се фрлаат плочките према купчињата ... секојпат се цели да се погоди првото купче - бидејки тогаш ги ќаруваш сите купчиња ... ако погодиш во тројката твои се купчињата од број три па натака ... Се додека не се погоди првото купче се мава редоследно према редоследот кој нели се одредува кој најблиску бил до основната линија ... кога ке падне првото купче - играта се повторува се до оној момент додека некој не ги ќари сите семки ...
Е сега кај да се најдат нови семки ... навечер на удар беа комшиските дворови во кои имаше кајсии ... и кога и тоа ке се собереше се одеше во блискиот овоштарник со кајсии кој беше добро чуван со чувари кои имаа пушки и маваа со сол ... Ех колку пати сме ризикувале да заработиме сол во газот заради играта ... никој не можеше да изеде толку кајсии бидејки требаа семките ... а никој не смееше да пријави дома дека има крадено кајсии - ке го скршеа дома од ќотек ... така она што е плод се фрлаше во некоја дупка ... детски памет ке речете ... но потребата за игра и надигрување беше поболема од стравот од ќутекот од дома и од солот во газот ...
Играта беше сезонска ... сега се прашувам зошто не се играше истата игра со ореви да речеме ... како одговор сега ми текнува дека оревите одсекогаш беа скапи и ретки ... кој ке ти даде ореви да се играш ... во тоа време се игравме со играчки кои ке ги направевме сами од материјал кој е фрлен или не служи за друга цел ...
И овој пост е дел од серијалот ДЕТСКИ ИГРИ ...