Search This Blog

Saturday, May 31, 2008

Област Азот (Велешко)

Морам да признам дека за оваа област Азот (Велешко) слушнав од квизот Милионер ... реков во прва прилика ке го проучам малку ... барем сега е лесно ... интернет и се е можно ... Колку малку ја познаваме Македонија тоа е чудо едно ...

Читајки заклучив дека ова е една од многуте области кои се заборавени од МК власти особено во најновата 17 годишна историја на Македонија ... Областа ја прати бујна историја значајна за Македонија ... Мистеричниот период на Богомилството ... куп на значајни историски личности ... првиот број на Нова Македонија во Горно Врановци ... куп на значајни личности Петар Поп Арсов (еден од основачите на ТМОРО, деецот Димитрија Чуповски и неговиот брат Наце Димов, познатиот градител на цркви низ Балканот Андреја Дамјанов (од Папрадиште).

читај повеќе »

Сликата “http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/AzotLarge.jpg?t=1212230431” не може да се прикаже бидејќи содржи грешки.

Област Азот (Велешко)

- Областа Азот е сместена во долината и по горното и средното течение на реката Бабуна. Оградена е на север и запад со масивот на Мокра Планина (Јакупица, Караџица, Даутица со врвот Солунска Глава), а на југ и југоисток со северните падини на планината Бабуна. Областа се наоѓа југо-западно од градот Велес и низ целата област протекува реката Бабуна и поминува пругата за Прилеп и Битола.
- Денес целата област Азот е во составот на општината Чашка односно во нејзиниот западен дел. Областа Азот на југ граничи со Пелагонија односно Општина Долнени (Прилепското поле), на запад се граничи со областа Порече (Општина Македонски Брод), а на исток и север е отворена кон останатиот дел од велешката област.
- Целата област Азот е во составот на општината Чашка односно во нејзиниот западен дел. Областа Азот на југ граничи со Пелагонија односно Општина Долнени (Прилепското поле), на запад се граничи со областа Порече (Општина Македонски Брод), а на исток и север е отворена кон останатиот дел од велешката област.

- Најголемо село во областа Азот (воедно и едно од поголемите села во Велешкиот регион) кое е всушност и централно место на областа е: Богомила. Останати села во Азот се познатите Папрадиште, Нежилово, Габровник, Мокрени, Теово (со својот познат манастир), Согле, Ореше, Капиново, Црешнево, Бистрица, Ораов Дол и Плевење. Истотака за азотски села може да се сметаат и Мартолци, Стари Град и Поменово (кои беа во состав на општината Извор).

- Целиот крај е во перманентно испумпување на населението и во селењето од село во град ... некогаш во областа немало неизорана нива иако се орело со раало но индустрјализацијата на градот и невложувањето во вакви села ... патишта ... водоводи ... мали индустријски објекти ... рурален туризам ... доведува до процес на намалувањето на населението ... Азот некојпат во 1948 броел 6000 жители - за да во 2002 ра дојде на 1250 жители ...

Азот е со претежно МК становништво во 2002 година имал 1252 жители од кои 1192 (95,21%) се Македонци, 45 (3,59%) Албанци, 4 (0,32%) Турци, 5 (0,40%) Срби и 6 од други националности. Но во последно време присатноста на албанците е се поголема ... тие ги носат своите стада на испаша на ливадите во азотско и тука остануваат во напуштените куќи и села ...

Во азотско врие од МК историја ... ке споменам само имиња на личности и настани:

Линкови до убави написи за Азот:
- Во земјата на уметниците ...

Сликата “http://www.maticanaiselenici.com/images/news/reportaza-papradiste%202.jpg” не може да се прикаже бидејќи содржи грешки.

- Добрeдојдовте во Богомила, јадрото на атомот наречен Македонија
Името на оваа област, кое потекнува од турскиот збор асии што значи „непокорлив“, асоцира на вековниот сон на овој народ за национална, социална и духовна слобода.

Сликата “http://bogomila.makedoniko.com/sliki/mostot_a_m.jpg” не може да се прикаже бидејќи содржи грешки. Сликата “http://bogomila.makedoniko.com/sliki/muzej.jpg” не може да се прикаже бидејќи содржи грешки.
Сликата “http://www.utrinski.com.mk/WBStorage/Articles/24EBF4DC1216A443968CEC29D496A1CA.jpg” не може да се прикаже бидејќи содржи грешки. Сликата “http://www.utrinski.com.mk/WBStorage/Articles/AE37154D28602E44A56A9058ADBCA63F.jpg” не може да се прикаже бидејќи содржи грешки.
Сликата “http://www.maticanaiselenici.com/images/news/reportaza-bogomila2204.jpg” не може да се прикаже бидејќи содржи грешки.
http://bogomila.blog.com.mk/system/files?file=bogomila%20zidan%20most1.jpg
Сликата “http://upload.wikimedia.org/wikipedia/mk/thumb/4/43/%D0%9C%D0%BE%D1%81%D1%82-%D0%91%D0%BE%D0%B3%D0%BE%D0%BC%D0%B8%D0%BB%D0%B0.JPG/800px-%D0%9C%D0%BE%D1%81%D1%82-%D0%91%D0%BE%D0%B3%D0%BE%D0%BC%D0%B8%D0%BB%D0%B0.JPG” не може да се прикаже бидејќи содржи грешки.
Сликата “http://upload.wikimedia.org/wikipedia/mk/thumb/5/5b/P1010057.JPG/800px-P1010057.JPG” не може да се прикаже бидејќи содржи грешки.
Сликата “http://tirekovmirece.com/img/1207048673azot1.jpg” не може да се прикаже бидејќи содржи грешки.
Сликата “http://tirekovmirece.com/img/1207048547azot4.jpg” не може да се прикаже бидејќи содржи грешки.
Сликата “http://tirekovmirece.com/img/1207048661azot8.jpg” не може да се прикаже бидејќи содржи грешки.
Сликата “http://povardarska-eparhija.org.mk/pe/images/stories/DSCF8640.jpg” не може да се прикаже бидејќи содржи грешки.
[14+ogledalo.jpg]

[01snce+pregac.jpg]

[07_premre+zamre.jpg][09_bogomila.jpg]

[11_sviripile.jpg]

[12+orese.jpg]

- С. БОГОМИЛА, Велес ...

Сликата “http://www.kralemarko.org.mk/WBStorage/Articles/74A3398C88D9DC49965A465CAB6D00F9.jpg” не може да се прикаже бидејќи содржи грешки. Сликата “http://www.kralemarko.org.mk/WBStorage/Articles/123EB4CA97B56E499E4594FACBD6B4F1.JPG” не може да се прикаже бидејќи содржи грешки. Сликата “http://www.kralemarko.org.mk/WBStorage/Articles/7B6D6861228064498F50C00CC5BF6FEE.jpg” не може да се прикаже бидејќи содржи грешки.

- Посетете ги манастирите во Азот ...

- На Петровден во Папрадиште ...

Сликата “http://povardarska-eparhija.org.mk/pe/images/stories/petripavle1.JPG” не може да се прикаже бидејќи содржи грешки.

Сликата “http://povardarska-eparhija.org.mk/pe/images/stories/petripavle2.JPG” не може да се прикаже бидејќи содржи грешки.

- МИЈАЦИТЕ НА ПЕТРОВДЕН СЕ ВРАЌААТ ВО ПАПРАДИШТЕ- Спокој на душата ...

Ви треба ли спокој на душата, дојдете во Папрадиште! Вака жителите на ова село ги канат сите добронамерни луѓе вљубени во природата. Не грешат папрадиштанци, оти нивното село и не може поинаку да се опише освен како земен рај. Вгнездено на јужната страна на Мокра Планина, на илјада метри надморска височина, мијачкото село Папрадиште е оддалечено од Велес шеесетина километри. До него се стигнува преку Богомила. А оттаму, од центарот на областа Азот, само десет километри делат од крајната дестинација. Вгнездено во живописните шумски предели под Солунска Глава, селото е опкружено со нечепната природа: висока шума, богати пасишта и цветни ливади. До центарот на селото води асфалтен пат, со неизбежни серпентини. Кога ќе стигнете до широките сенки на стариот "домаќин" - столетниот даб - прво добредојде на сред село ви посакува чистата планинска вода, која блика од селската чешма од бел мермер. Само песната на птиците ја разбива тишината. Веднаш над селската чешма се наоѓа реновираната зграда на планинарскиот дом, каде што во секое време има слободно место за престој.

- Споменот за Чуповски и за Дамјанов и денес се чува во Папрадиште ...

Сликата “http://www.utrinskivesnik.com.mk/WBStorage/Articles/5C0EB9310205BC4E8D242F488868318F.jpg” не може да се прикаже бидејќи содржи грешки. Сликата “http://www.utrinskivesnik.com.mk/WBStorage/Articles/4AC74DE18908804B9E411C46A448BA7D.jpg” не може да се прикаже бидејќи содржи грешки.

Правото на ВЕТО на преиспитување во ЕУ ...

Во ЕУ се запалија две цевени сијалици по ветото за прием на МК во НАТО ... едната е за можноста една од балканските земји да го блокира со вето приемот на некоја соседна земја во ЕУ:

  • Словенија - Хрватска
  • Грција - Македонија
  • Албанија - Србија
  • Србија - Косово
  • Бугарија - Македонија
Другата црвена сијалица е за признавање на малцинствата во соседните земји ... вклучувајки ги и земјите кои се веќе членки на ЕУ ... како што е непризнавањето на МК малцинство во Грција ... во ова особено е гласен словенечкиот европратеник Јелко Кацин ...

Friday, May 30, 2008

Изборите се празник на демократијата ...

Изборите се празник на демократијата ... и затоа во недела свечено во друштво со најблиските појдите на гласачките места и гласајте за оние кои успеаа да Ве убедат во кампањата дека треба да гласате за нив ...

Со овој повик - завршуваат моите написи во врска со предизборието ... се читаме на втори ... со можеби поинтересниот дел ... кој со кого ...

Фактурите на ДУИ и ДПА ...

Од осамостојувањето на МК до денеска агендата на албанските партии во МК е иста ... федерализација и одцепување од Македонија на делови од Македонија ... со Рамковниот догвор ова нивна заложба стана и правно легитимна ...

Што го очекува новиот МК Премиер на 2 Јуни оваа година ... на мастата ке го чека неколку фактури ... едната од албанските партии во МК ... другата од Грците ... фактури не толку мали ке има и од Бугарите ... Албанците ... Србите ... најлесно од се ке биде колачот на поделбата на власта ... нели на првата владина седница секојпат се именувања на нови директори на ова и она ... се разбира ако се смени власта ...

читај повеќе »

Во постот ке се задржам само за фактурите на албанските партии за кои веќе пишував пред некој ден:

- Што ветува ДУИ во изборната програма ...

  • Македонија во НАТО, ... Зачленувањето во НАТО ќе биде прва задача на ДУИ
  • вработувањето,
  • подобрување на економијата,
  • на земјоделството,
  • признавање на Косово,
  • борба против корупцијата,
  • Балканот во Европа и развој на образованието и културата.
  • Демократската унија нема да дозволи уште еднаш да не се почитува гласот на Албанците, како што тоа се случи на 5 јули 2006 година.
  • ќе се ангажираме за решавање на проблемот за името со Грција и ДУИ смета дека не треба да се чепка во идентитетот на Македонците.
  • ДУИ во кампањата со ветување за инвестиции од 2 милијарди долари
  • 100 000 работни места
  • економски пораст од 6 до 8 посто
  • Идната Влада по Бадинтеров принцип
  • Доколку повторно се формира Влада без ДУИ, партиски извори најавуваат дека првиот следен чекор на партијата најверојатно ќе биде регионализација на земјата, бидејќи таква опција овозможувал Законот за локална самоуправа.
  • дводомно Собрание, бидејќи во Македонија има две мнозинства, Македонци и Албанци.
  • решавање на прашањето на употребата на јазикот и статусот на борците на ОНА,
  • завршување на процесот за правична застапеност,
  • ревидирање на употребата на симболите, како и
  • признавање на Косово и воспоставување дипломатски односи.

И денешен Утрински во написот - Што порачуваат Тачи и Ахмети на овие избори ... всушност кажуваат од што ке се состои фактурата на ДУИ и ДПА ...

  • Членство во НАТО и во ЕУ,
  • реформски процеси,
  • признавање на независноста на Косово,
  • вработувања на Албанците
Мене некако се ми говори дека во новата влада на РМ по овие избори место ке најдат и двете албански политички партии ...

Втор обид за “убиство на демократијата“ ...

Во текот на оваа изборна кампања од Груевски посебно, но и од други челници на владеачката партија (Ѓорчев Влатко на пример ...) имавме ситуации кога тие велеа дека на СДСМ и треба длабока реконструкција (инаку се сложувам со тоа ...) ... дека тоа ке биде за доброто на МК демократија ... дека се свесни дека еден ден СДСМ повторно ке дојде на власт ... Не ми беше јасна оваа порака се до ТВ интервјуто од сношти каде Груевски се обрати на верните гласачи на СДСМ - на овие избори да не излегуваат да гласаат воопшто ... да си седат дома и така да го натераат СДСМ да се смени од корен - да се демократизира и освежи ...

На ова се надоврза и водителот на интрвјуто со Премиерот, кој кажа пример од неговиот СДСМ комшилук во стилот ... абе што ке се мачам да излегувам на овие избори - Грујо и така ке победи ... не, неодам на избори ... вруќина е ... ке си седам дома и ке мавам сеир ...

Но затоа Премиерот се обиде да ги убеди сите свои гласачи да не седат дома - мислејки дека и така победата е во раце на ВМРО-ДПМНЕ ... ова е сосема легитимно ... дека секој глас за ВМРО-ДПМНЕ е важен ...

Дали со ова на денот пред молкот се смислува нов повик ... повик политичкиот противник да седи дома и да не гласа за своите ... за да ги казни ... Мене и ова ми личи за втор обид за “убиство на демократијата“ ...

Обид за “убиство на демократијата“ ...

Како една од негативните придобивки на оваа изборна кампања е проблематизирањето на право на различно мислење - од она на власта ... отука и желбата да ја снема опозицијата ... да ја снема во парламентот ... Ова е обид за “убиство на демократијата“ ...

Најинтелегентно прашање до премиерот ...

Сношти го гледав ТВ интервјуто на Премиерот ... Наинтелегентно прашање ми се виде она за канал 5 ... ке парафразирам ...

“... Господине Премиер како ви текна ... како Ви успеа да го придобиете Канал 5 за себе ... тоа беше легло на комуњарите ... еве сега го немаат ни него ...“

Кои се неопределените ... колку се ... ке влијаат ли тие судбоносно на овие избори ?? ...

Во нашите услови имаме две цврсти гласачки тела оние кои гласаат за десницата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и оние кои гласаат за левица предводени од СДСМ ...

Какви беа досегашните бројки во МК избори

читај повеќе »

** Парламентарни избори 1990 година

Парламентарните избори 1990 година се првите парламентарни избори што се одржани во Република Македонија (тогаш се уште Социјалистичка Република Македонија), по воведувањето на политичкиот плурализам. Најповеќе мандати освои ВМРО ДПМНЕ, 38, а следна партија беше дотогашната единствена и владејачка партија СКМ-ПДП.

Изборите се одржаа според мнозинскиот изборен систем при што територијата на републиката беше поделена во 120 изборни единици. Учествуваа 18 политички партии и 43 независни кандидати. Првиот круг се одржа на 11 ноември 1990 година, а вториот – на 25 ноември.

Гласачкиот одзив во првиот круг беше 84,8%, а во вториот 76,8%.

** Парламентарни избори 1994 година

Парламентарните избори 1994 година се првите парламентарни избори кои се одржаа по стекнувањето независност на Република Македонија. Се одржаа истовремено со првите непосредни претседателски избори на 16 и 30 октомври 1994 година. Победа извојува коалицијата Сојуз за Македонија предводена од СДСМ. Опозицијата, ВМРО ДПМНЕ и Демократската партија го бојкотираа вториот круг на изборите и тврдеа дека имаше сериозни нарушувања во изборниот процес.

Исто како и на парламентарните избори во 1990 година мандатите се распределуваа според мнозинскиот изборен систем.

Гласачкиот одзив при првиот круг беше 77,3%, а при вториот – 57,8%.

** Парламентарни Избори 1998

ВМРО-ДПМНЕ

312.627

СДСМ

279.795

ПДП, ПДПА-НДП

214.360

ДА

119.351

ЛДП, ДПМ

77.788

** Парламентарни избори 2002 година.

Парламентарните избори 2002 година се одржаа на 15 септември 2002 година. Изборите се одржаа според пропорционалниот изборен модел, во шест изборни единици. Победа извојува опозициската коалиција За Македонија заедно, по што по четири-годишна пауза на власт се врати Социјалдемократски сојуз на Македонија.

Распределбата на мандатите во ново-формираниот состав на Собранието беше следната:

Партија Освоени гласови (%) Освоени мандати
За Македонија заедно 40,46 59
ВМРО-ДПМНЕ и ЛПМ 24,41 33
ДУИ 11,85 16
ДПА 5,209 7
ПДП 2,322 2
НДП 2,146 1
СПМ 2,124 1

ИЗБОРИ 2002

Официјални резултати - гласале 1.222.711 избирачи

Коалиција „За Македонија заедно“ - 494.744 гласови (60 п)
ВМРО - ДПМНЕ и ЛП - 298.404 гласови (33 п)
Демократска унија за интеграција - 144.913 гласови (16 п)
Демократска партија на Албанците - 63.695 гласови (7 п)
Партија за демократски просперитет - 28.397 гласови (2 п)
Национална демократска партија - 26.237 гласови (1 п)
Социјалистичка партија на Македонија - 25.976 гласови (1 п)

** Парламентарни избори 2006 година .

Парламентарните избори 2006 година се одржаа на 5 јули 2006 година, кој беше прв термин за редовни избори. Изборите се одржаа според пропорционалниот изборен модел, во шест изборни единици, исто како и парламентарните избори во 2002 година.

На изборите победи коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, која освои 44 пратенички мандати. Следи коалицијата „За Македонија заедно“, предводена од СДСМ со 32 мандати, коалицијата ДУИ-ПДП освои 18, ДПА - 11 мандати, Нова социјалдемократска партијаВМРО-Народна партија 6, Демократска обнова на Македонија 1 и Партијата за европска иднина 1 мандат. 7,

Гласачкиот одзив беше 56,5% што е убедливо најнизок процент на гласачи на досегашните парламентарни избори. На овие избори излегоа цели 17% помалку гласачи во однос на претходните парламентарни избори. Драстичниот пад на гласачкиот одзив во голема мера се должи на разочараноста на македонските граѓани од политичките партии и нивниот капацитет да ја извлечат земјата од кризата ...

Очито е дека од првите избори навака паѓа излезноста на изборите ... и МК партии оние што ке победат на изборите владеат со помалку од 30 проценти од гласачкото тело ...

Кои се луѓето кои се неопределени ... добар напис има во денешено Време:
- Неопределените ја носат победата ...

  • губењето интерес кај граѓаните да ги слушаат политичарите и да ги следат нивните предизборни кампањи ...
  • неопределените гласачи се тие кои не фаворизираат ниту една од главните политички опции во земјата.
  • разочарани гласачи или граѓани кои загубиле верба во политичкиот процес,
  • граѓани кои живеат многу тешко и затоа им е сеедно кој е на власт.
  • Во групата на неопределени исто така се вбројуваат и оние кои имаат богат живот и оттаму бизнисот, а не политиката, им претставува приоритет
  • најчесто размислуваат во насока дека сите политичари се исти и не можат ништо подобро да понудат.
  • Мал број од нив се цврсто решени дека нема да излезат на денот на гласање, а другите се фрустрирани гласачи кои секогаш гласаат за опозицијата.
  • гласачи кои секогаш се топат со победниците и одлучуваат да го дадат својот глас за опцијата која е сигурен победник на изборите
  • граѓаните решаваат за кого ќе гласаат по принципот на помало зло.
  • Оние кои се заинтересирани за доброто на државата и не поддржуваат ниедна партиска опција, во последен момент може да одлучат да гласаат против опцијата за која сметаат дека ќе победи, а која е лоша варијанта за земјата или за нив самите.
Се чини и овие избори ке ги решат онве таканаречени неопределени гласачи ... за кого ке се приклонат ке видиме за три дена ...

Thursday, May 29, 2008

Гулаб ...

Пред малку во дуќанот ми се прошета гулуб ... дојде од вратата ... помина покрај бирото ... заврте круг ... ме погледна на кратко и се врати назад ... беше од оние малите ... но за чудо толку питом ... Има многу верувања што значи кога ке ти дојде голуб на гости ... знае некој детали за такви верувања ... ??

Сликата “http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/3Large-1.jpg” не може да се прикаже бидејќи содржи грешки.

Ми заличе на ова поблискот гулаупче кое го сликав пред месец дена ... дали тоа подмладокот ми дојде на гости ...

Врие главата ...

Бев нешто по работа низ град ... ми зовре главата ... сега се ладам и целиот сум во транс ... денеска првпат облеков сандали и кратки пантолони ... врие ... долго паметам но не и вака топли денови во Мај ...

Цената на нафтата ... точак му е мајката ...

Сликата “http://www.vecer.com.mk/WBStorage/Articles/965504A23878EF42BF68A4090CF8763A.jpg” не може да се прикаже бидејќи содржи грешки.Сликата “http://www.vest.com.mk/images/%7BA2226D50-AF74-4A0D-9E24-8192B9969D3D%7D_pateka-2.jpg” не може да се прикаже бидејќи содржи грешки.
Скопје е претежно рамничарско ... и е идеално за возење на точак ... само кога би имало што повеќе вакви стази за точаци ...
Скопјани конечно ќе добијат безбедни велосипедски патеки, а постоечката мрежа во градот ќе биде целосно поврзана на потегот исток-запад, односно од Ново Лисиче кон Ѓорче Петров. Во Скопје започна реализацијата на проектот за обележување на нови велосипедски патеки во централното градско подрачје, во должина од 1,88 километри. Постоечката траса која е во должина од 48 километри, ќе биде реновирана, а ќе се постави и вертикална сигнализација и семафори.

Влада во Србија ... можно пресликување во Македонија ...

Во Србија денеска на ниво на градот Београд за градоначелник е избран Радикалот Александар Вучиќ ... на ниво на Београд коалицираат Радикалите, Демократската партија на Воислав Коштуница и Совијалистите на Дачиќ ... Демократите на Тадиќ иако и на ниво на Београд имаа нејвеќе гласови не успеаа да се договорат за коалиција и избор на градоначелник ...

Ова веројатно ке се преслика и за цела Србија ... но тука Социјалистите на Дачиќ имаат ваква фактура:

  • прекин на прогонот на фамилијата Милошевиќ
  • ослободување од затвор на поранешниот директор на Телевизија Србија Драгољуб Милановиќ
  • потпишување на договорот за стабилизација и асоцијација со ЕУ
  • зголемување на пензиите за десет насто
Ваква улога за формираше на влада во МК по изборите ке има ДУИ ... без нив не ке може да се прави влада и тие фактурата уште сега ја спремаат ...

Wednesday, May 28, 2008

Во Брисел некој друг ја бие битката за Македонија ...

Зошто МК делегација не беше во Брисел ?? ... ако е поради изборите тоа е поразително ... Брисел и ЕУ парламентот е еднинствено место, осем можеби упте и ООН - каде сме на исто рамниште со Грција ... таму мораше да ги има нашите претставници ... а не МК да ја застапув Јелко Кацин, Јанез Јанша, Жозе Мануел Баросо, Дорис Пак, Ханс Герт Потеринг ...

Изборните митинзи и автобусите ... Зошто залудно ги трошите парите ??

Двете големи коалиции од МК блок и двете албански коалиции во изборната кампања се натпреваруваат кој ке има поголема бина, повеќе естрадни звезди на сцена, подобар настап на бина, и крајно кој ке има повеќе публика на митингот ... т.е. кој повеќе автобуси ке носи со себе ... кој ке направи поглуп спот ... кој ке изусти поголема навреда кон противникот ...

читај повеќе »

Не ми е јасна потребата од ваквото “мерење“ ... кого сакаат да импресионираат ... самите себе ... во стилот - многу сме јаки ... а сето тоа ... сите митинзи , целата изборна кампања - неможе ни десет проценти да влијае на изборниот резултат ... Ке кажам само едно - лесно се трошат туѓи пари ... власта дури не мора ни да троши ... таа може од позиција на власт и други методи да употребува ...

Незнам колку автобуси се носеа по другите градови ... но новинарите велат дека ВМРО-ДПМНЕ е пратен со стотина автобуси ... за врвот да го достигне на митингот во Скопје со неколку стотини автобуси ... Верувам дека некои верни “митингаши“ ги знаат на памет излагањата на нивните пулени ... СДСМ од друга страна се фалеше дека нема автобуси ... но за митингот во Скопје и тие користеа значаен број на автобуси ... дури и самите се пријавија демек барале профактура да платат патарина ...

Изборните автобуси каде се носи публика од други градови се ноторна глупост ... разбирам во поголемите градови да донесете луѓе од самиот град или околијата ... но во Скопје да носите охриѓани, битолчани или било кои други луѓе каде веќе планирате да имате митинг ... тоа се само фрлени пари ... Ок е ако има само еден митинг за цела МК - тогаш ги разбирам автобусите ... другите денови кампањата да ги користите за директни контакти таму каде се граѓаните ... по пазарите, по трговските центри по плоштадите ... Изборните пораки може да се пренесат и преку пресови пред новинарите ... Зошто залудно ги трошите парите ??

Глупа изборна рекламна ТВ порака ...

Одмана немам сретната поглупа изборна ТВ рекламна порака од онаа на “сонце“ - каде девојка од кога ке се пробуди со дечко во портокалов дрес ... демек гледа дека згрешила и му вели ... ај одиси ... а тој вели но тука сум и ке останам 4 наредни години ...

Која беда од рекламна порака ... кој ли ја смисли ... кој ли ви зема пари за тоа ...

Виршли на скара ... идеја за Куки ...

Сликата “http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/VirslinaskaraLarge.jpg?t=1211897363” не може да се прикаже бидејќи содржи грешки.
Еве една идеја за спремање на виршли на скара ...
нели Куки ке организираше скараџиска средба ...

Tuesday, May 27, 2008

Се договараат - кој за кого ке гласа ...

Сликата “http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/IzborendogovorLarge.jpg?t=1211895276” не може да се прикаже бидејќи содржи грешки.
Се договараат - кој за кого ке гласа ...
или не ... сепак за нешто друго муабетат :)

Blog Archive

Site Meter