Search This Blog

Thursday, July 31, 2008

Намалување на дипломатските стандарди ...

На денешната седница на собранието се разбира по итна постапка беа усвоени измени во законот за за надворешни работи - во правец на намалување на критериумите кој може да биде Амбасадор т.е. дипломатски представник на Македонија во странство ...

читај повеќе »

  • МНР го намалува бројот на професионални дипломати-амбасадори - една четвртина, наместо две третини.
  • во практика ќе значат дека во 33-те амбасади и 8-те постојани мисии на Република Македонија ќе треба да има најмалку 10 амбасадори-професионални дипломати. Досегашното законско решение, кои стапи на сила на 1-ви јануари 2007-ма, предвидуваше бројката на амбасадори–професионалци да изнесува 26 од вкупно 41 амбасадорска позиција во странство.
  • Промените во членот 36 од законот предвидуваат и амбасадорите-професионалци наместо со највисоки да бидат само со високи звања во Министерството за надворешни работи ...
  • Новина е и тоа што во иднина претседателот, чии ингеренции се најшироки токму во делот на надворешната политика, при секое испраќање специјален претставник ќе мора претходно да побара мислење од министерот за надворешни работи. ...
  • Во иднина министерот нема да може да држи амбасадор на консултации на неопределено време.
  • Се скратува и периодот потребен за добивање статус на дипломатско-конзуларен службеник. Наместо две, отсега со една година стаж во МНР ќе може да се полага дипломатскиот испит.
  • Измените во законот поминаа со 62 гласа ЗА, без ниту еден ПРОТИВ.
Сето ова може да значи зголемено партизирање на дипломатијата и спуштање на недоззволено низок квалитет на дипломатските претставници ... дали тоа ВмроДпмне сака да каже дека нема доволно кадри со високи профили на образование, па има потреба да ги спушти критериумите ...

Владата го продолжи мандатот на Ханџиски ...

http://www.utrinski.com.mk/WBStorage/Articles/369EA93CB145134CB90B5CE859E5AE62.jpg

На изненадување на сите Владата го продолжи мандатот на Благоја Ханџиски ... кој е долгогодишен амгасадор во Грција ...

читај повеќе »

  • Актуелниот македонски амбасадор во грчката престолнина замина пролетта 2003 година со указ на претседателот Борис Трајковски, а претходно предложен од владата на СДСМ ...
  • премиерот Груевски, како што тврдат изворите, во неколку наврати изразил големо задоволство од неговата мисија во Атина. Дури, според одделни извори, се пласира и заклучокот дека поддршката што ја добива Ханџиски од Владата на политичките ривали предизвикува нервоза во неговата матична партија СДСМ.
  • Ханџиски е поранешен министер за надворешни работи и
  • министер за одбрана и
  • член на сениорската постава на опозициските социјалдемократи.
  • поранешен генерален секретар на СДСМ, ...
Дали со овој потег Груевски покажува дека неможе да најде друг добар кандидат за дипломатската мисија во Атина ... и самиот Ханџиски е веројатно изненаден ... се сеќавате дека тој враќајки ги личните работи во земјата пред месец два му беше украден автомобилот ... или пак Груевски смета дека враќањето на Ханџиски во државата во време кога СДСМ е во криза не е добра опција - поради евентуалното повторно вклучување во првите редови на СДСМ ... кое би можело да допринесе за заздравување на ошемутената опозиција ...

Платите ...

Нивото на платите се одраз на понудата и побарувачката на работна сила ... колку проста но вистинита дефиниција ...Во светот луѓето живеат од платите но не сум сигурен дека таа дефиниција важи и за нашиот систем каде просечната плата едвај ја покрива потрошувачката кошничка ... за другите издатоци, комунилии и останати задоволства нема ... и тогаш е она наше познато снаоѓање ...

читај повеќе »

  • со додатни приходи,
  • со прекувремена работа,
  • со работа на некоја блиска бавча ... десет комшии од мојата зграда на пример имаат дива бавча покрај Вардар ... со набиена пумпа ... се снаоѓаат луѓето - платата не им стига ...
  • со примање/давање на мито и корупција ...

Каде е решението на овој проблем ... се разбира оние дејности кои работат во стопанството тие ке ја формираат платата према пазарните услови на понудата и побарувашката на работна сила ... но, само со плата над минимумот за кој синдикатите мора да се изборат ... а минимумот несмее да биде под нивото на потрошувачката кошничка ... те. мора да биде барем 50 процентни поголем ... така да ако земеме дека потрошувачката кошничка е од ниво на 200 евра .. минималната плата за 42 часовна работна недела мора да биде 300 евра ... и ке се покачува/нивелира со порастот на потрошувачката кошничка ... и ова е многу прост но за тоа синдикатот мора да се избори ... но кој синдикат ... сигурно не оној кој така лесно дозволува да секојдневно да се намалуваат работничките права ...

Втора работа е кога државата се јавува како работодавец ... Државата несмее да вработува луѓе кои со својата плата се веднаш социјални случаи ... тоа е понижување на своите граѓани ... значи државната администрација мора да има плата далеку над вредноста на потрошувачката кошничка ... платите на администрацијата мора да растат ... ке речете - од каде ... државата мора да ја намалува администрацијата со паралелно подигање на нејзиниот квалитет и ефикасноста ... тоа е формулата ... несфатливи се малите плати на највисоните раководители:Премиерот, Председателот, Министрите и така натаму ... не ги знам висините но не се многу повеќе од 2000 евра месечно ... ако се тие такви (ниски), какви ли се на најниските слоеви во администрацијата , во судството, школството, здравството, полицијата, одбраната ...

Како сево ова да се усогласи ... да немаме претерано раслојување на луѓето ... многу е просто - со правична/правична распределба на националниот доход, преку спроведување на целосна контрола на приходите и расходите ... со моќниот апарат на ДДВ машината ... каде сите фамилии ке станат ДДВ обврзници како што е и секоја фирма ДДВ обврзник ... фамилија = фирма ... тоа е формулата ... тогаш фамилијарните фирми - кога купуваат секојпат ке земаат фискална сметка и ке бидат најголеми контролори на фискализацијата ...

На крај на годината ке се прави завршен резултат на секоја фамилија како и на фирмите ... оние кои имаат повеќе приход од расходи ке плаќаат додатен данок ... и тоа скалесто ... оние кои имаат премалку приходи во однос на расходите ке им следува социјален додаток, до нивото колку може државата во моментот да го доплати (завиисно од степенот на развојот на економијата на државата ...)

Така ке имаме ем капиталистичка ем социјална држава, таква како во скандинавските земји - но со наше ниво на степенот на економскиот развој ... колку побргу почнеме да ја применуваме оваа формула толку побргу ке му тргне на македонецот во сите сфери ...

Оваа приказна ја верглам веќе повеќе од две години но ке бидам упорен, верувам дека некоја од поголемите партии - кога тогаш ке ја вгради во својата економска програм ... до тогаш ке остане само приказна ... се надевам дека нивото на пишаното е спуштено за да го разберат сите ...

Пензиите ...Новинарите пишуваат она - што им го соопшти владата ...

Деновиве се актуелни пензиите ... владата а никој друг ги покачи и тоа на првата седница на новата Влада на Груевски ... истрчаа сите министри за декор позади Груевски ... Груевски прочита Владата одлучи да ги зголеми пензиите ... и уште неколку реченици и толку првиот прес заврши ... наменски/тематски бил ... иако запрашан Груевски не ги удостои новинарите да им одговори на прашањата ... па и тие каде нашле среде лето да прашуваат - ке пишуваат оно што им го соопштува владата ...

читај повеќе »

Пензионерите се категорија на граѓани кои најревносно излегуваат на избори и отука секоја политичка партија која е на власт или опозиција се грижи за пензионерите и често им се обраќа ...

  • Владата како некни едвај чека да се покачат пензите и да истрчаат и да речат еве ние мислиме на вас и на вашата тешка ситуација ... Ви ги покачуваме пензиите ... со секое покачување на пензијата владата ја пегла и социјалната неправда на големите разлики во пензиите ...
  • Опозицијата секојпат вели: џабе се покачени пензиите кога инфлацијата е десет проценти а пензиите се покачени за осум ... реално со вашите пензии можете да купите за два проценти помалку производи во маркетите ... да не зборуваме што цела пензија нема да Ви стигне само за потрошувачката кочничка од 12.000 денари (храна и пијалоци ...), па вели, а аде се комуналиите, па за внучињата нешто , па за бања малку ...
  • По изборите ако се смени власта песните се исти - само пејачите се различни ... позицијата ке се фали ... опозицијата ке напаѓа ... вечно исто ... но пензионерите ке има што да муабетат на клупа пред зграда или во блискиот парк ... додека маваат карти, табла, домино ... кибицираат ...

Еве како медиумите ја пренесуваат веста за пензиите:

Да не ширам понатака ... се гледа кој новинар, уредник која позиција застапува, уште по насловот ... само ке заклучам дека пензионерите со тоа што редовно и комплетно излегуваат на гласање секојпат имаат максимално влијание и кај позицијата и кај опозицијата ... тоа докажува дека на гласање треба да се излегува ...

Wednesday, July 30, 2008

Што убаво, нели ...

FYROM51stflag.jpg FYROM 51st UNITED STATE image by alexphil3
Што убаво, нели ... и јас би играл така ... или не ...
FYROM51stSTATE.jpg 51st UNITED STATE image by alexphil3
Фото монтажите не се мои ги најдов на интернет ... малку незгодно што тука сме преставени како фиромци ... но тоа грчиштава не јадат ... ама нели убаво звучи 51 држава на САД ...

Филип втори ... скулптура во Битола ...

http://www.vecer.com.mk/WBStorage/Articles/DB38A5AB7FA6184A82560FF6E5824802.jpg
Филип втори ... скулптура во Битола ...
Првиот монументален споменик на таткото на Александар Македонски, кралот Филип Втори, за првпат во Македонија, ќе биде поставен во Битола. Споменикот, дело на велешкиот скулптор Ангел Коруновски, за десетина дена, од Нови Сад, каде што се лие во бронза, ќе биде донесен во Македонија, а потоа и во Битола, од каде го порачала Општината.

Презумпција на невиност ... Presumption of innocence ...

Измени.

http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/0/0e/Scale_of_justice_2.svg/204px-Scale_of_justice_2.svg.png

Во нашиот Устав, во член 13 пишува ...

Лицето обвинето за казниво дело ќе се смета за невино се додека неговата вина не биде утврдена со правосилна судска одлука.
Лицето незаконито лишено од слобода, притворено или незаконито осудено, има право на надомест на штета и други права утврдени со закон.
...

читај повеќе »

Овој уставен принцип наголемо се крши, за што сведочат многу соопштенија на МК Хелшинскиот комитет ... Повеќе интелектуалци секојдневно преку своите колумни - се обраќаат на јавноста дека владата треба да престане да го крши уставот - не почитувајки го принципот на презумпција на невиност ...

Владата (неказнувајки ги прекршителите на јавниот линч ...) со “јавниот линч на неосудени лица“ како да спроведува друга политика ... политика на предвремено осудување на неосудени лица каде преку полицијата и јавноста - медиумите се осудува дефакто неосудено лице ... така се врши и јавен притисок на судството, кое бирано преку механизмите на парламентарната демократија каде партиите се богови/центри на моќта ... дефакто ги бираат судиите, доаѓаме дека сите одговараат пред “партијскиот суд на владеачката партија“ ...

Дури и меѓуанродната често ни замера за ова непочитување - меѓу нив особено е актуелен Фуере кој деновиве нонстотп вергла дека владата т.е. органите на власта, мора да го почитува уставниот принцип на презумција на невиност ..

Јас како неправник, или како човек кој не го познава доволно стручно правниот систем - гледам дека непочитувањето на уставнот во делот на непочитувањето на уставниот принцип за Презумпција на невиност од членот 13 од уставот ... ја води Македонија во оштра конфронтација на двете големи политички партии .. кои како да се натпреваруваат која ке направи поголема глупост - кршејки го Уставот и праввата на граѓаните дадени со највисокиот акт ... вршејки притисок на судството ...

Јавно се прашувам и барам Собранието да донесе закон за драконско канзнување за непочитувачите на уставниот принцип на Презумпција на невиност ... можеби треба да се смени некој член во некој од законите каде се уредува постапката пред судовите ... тоа некој правник нека го дефинира ... ако има драконска казна за преминување преку трева (ја подржувам инаку ...) ... зошто да нема драконски казни за непочитувачите на презумпцијата на невиност и оние кои вршат притисок на судовите за да донесат ваква или онаква одлука ... зошто државата да плаќа т.е. ние граѓаните да плаќаме туѓи грешки и непромислености ... луѓето си тужат и си добиваат големи одштети ...

Значи драконска казна за сите медиумски куќи и новинари кои учествуваат во јавно линчување на неосудени лица ... како и за помагачите/организаторите на вакви дела кои се наоѓаат во полицијата и другите државни органи - од каде истекуваат информации за јавниот линч ... скоро секое обраќање на портпаролот на МК полиција, подлежи под начелото на кршење на уставот во делот на Презумпцијата на невиност (член 13 од уставот ...)

Инспирација за овој пост ми беше еден напис кој го добив од пријател ... инаку самиот може да напише многу поиздржан и постручен текст ...

- Претпоставка невиности и хапшење ... текстот е пишуван за српските услови но како да е пишуван за нашите услови ...

- Закон за кривична постапка ...

Струјата ...

http://www.utrinskivesnik.com.mk/WBStorage/Articles/7402B86D10587041947842D5AFB5A4D2.jpg

Владата официјално несака да признае дека се спрема големо зголемување на цената на електричната енергија ... бидејки вети дека оваа година нема да има покачување на цената ... тоа ветување ја кошта многу платнобилансната позиција на Макдонија ... но Груевски се труди да ги одржува ветувањата ... за разлика од некои други ...

читај повеќе »

Tuesday, July 29, 2008

И ова е Скопје ...

http://i5.photobucket.com/albums/y179/Skopje/skopje10.jpg
И ова е Скопје ...
http://i5.photobucket.com/albums/y179/Skopje/skopje20.jpg
http://i5.photobucket.com/albums/y179/Skopje/skopje19.jpg
http://i5.photobucket.com/albums/y179/Skopje/skopje14.jpg
http://i5.photobucket.com/albums/y179/Skopje/skopje15.jpg
http://i5.photobucket.com/albums/y179/Skopje/skopje13.jpg
http://i5.photobucket.com/albums/y179/Skopje/skopje8.jpg
http://i5.photobucket.com/albums/y179/Skopje/skopje3.jpg
http://i5.photobucket.com/albums/y179/Skopje/skopje.jpg

Фингирање/билдање на патриотизам до национализам ...

Партијата на власт, многу умешно ја искористи потребата на Македонецот да се осети Македонец ... успешно на избори му продаде приказна дека се единствени кои достојно ке го бранат Македонецот во нас ... ако ништо немаме, ако секојдневно осиромашуваме барем макдеонштината да не ни ја земаат ...

читај повеќе »

Слична приказна се продаваше и 2001-та, кога се почна како некава фингирана војна, во која неколку стотини загинаа, многумина беа протерани, многу куќи се запалија ... за на крај меѓународната да ги седне и двете страни на зелена маса ... да се потпише Рамковниот охридски договор ... кој значеше крај на унитарна Македонија ... и е старт на федерална Македонија чии контури секојдневно ги распознаваме во новите закони ... Кои се победниците од војната во 2001-та ... Ако гледаме од директните учесници во војната, лесно ке пресудиме дека морални победници се албанците ... нивните војници се сега во Владата, Министерствата, Парламентот, Локалната самоуправа ... нашите војници се на маргините на општеството ... организирани во граѓански здруженија ...

И оваа власт пловејки на тој бран на патриотизам до национализам, успеа да ги продаде дури и патриотските каси ... успева секојденевно да изгласува закони и измена на закони од кој се полни буџетот на Македонија ... до ниво Буџетот, т.е. државата да стане најголемиот пооделен “стопанственик“ кој го полни буџетот ... зошто беше потребна приватизациата тогаш, ако државата е повторно најголем газда во економијата ...

На народот секојдневно му се продаваат/билдаат приказни за патриотизам до национализам ... преку фештата за брат Љубе и помалиот брат Тарчуловски - кого Хашкиот трибунал го направи жртва на својата немоќ ... Надворешно политичката ситуација не ни се подобрува, почнаа земји кои не признаваа како Македонија и Македонци, да не крстат како фиромци ... со Грција отворено станавме на нож актуелизирајки ги неоспорните права на егејските Македонци ... немаме подршка ни од европската комисија која одговарајки на писмото на Груевски - се прогласни за ненадлежна ... не упатува, дека спорот треба да го решиме меѓу себе и во рамките на грчкиот устав и нивните легални институции и партии на власт ... сега надеж гледаме во ООН ... и евентуално во Советот за безбедност ... дали Советот за безбедност ке отвара рана од една граѓанска војна која била пред 60 години ... не верувам ...

Ми се чини дека америте повторно од нас прават монета за подкусурување, за да ги убедат грците тоа милијардите долари на ново оружје - ги купат од нив а не од ЕУ моќните држави ... Би пишувал уште, но сметам дека написите на блог треба да бидат кратки ...

Може ли од продавање/билдање на патриотизам до национализам да се живее ... обичниот народ граѓанинот не може да живее од тоа - на нив им требаат вистински пари за да купат храна и облека, платат комуналии ... но да, политичарите може да живеат од патриотизам до национализам ... погледнете само во програмите и говорите на албанските партии ... а и нашите со со слични реторики ...за кога ке дојдат на власт увидат - дека народот живее од економијата ... уствари тие тоа го знаат и во времето на изборите - но на сиромашен и напатен народ најлесно се продаваат билдани приказни за патриотизам и национализам ...

Се` додека поминуваат така добро (на избори ...) такви приказни ... до тогаш ке трае нашиод од по економските маки , сиромаштијата и невработеноста ... кој е луд да дојде да инвестира во земја - во која куќата на комшијата се пали само заради неговата различна национална припадност ... нешто што во другите држави е апсолвирано пред век, два или три ...

Македонија припаѓа на граѓаните кои живеат во Македонија ... ова е апсолутна вистина ... и затоа мора да го одиме патот на граѓанска држава, со почитување и градење на правата на граѓанинот ...

Ценовен удар ...

http://www.dnevnik.com.mk/WBStorage/Articles/A6B47B366E9CAC48A118888A4AD0DA68.jpg
Една карикатура вреди за целиот текст ...
Нема потреба од многу зборови и текст, авторот на карикатурата убаво прикажал ... ке треба некако да го избегнеме ценовниот удар ... во спротивно ке бидеме самчкани како шлепер жабата што ке ја смачка ако ја начека на автопат ... но како ...
Македонецот е докажан вистински уметник како да се преживее со просечна плата, од која се покрива само потрошувачката кошничка ... за струја, парно и другите комуналии нема ... нема ни за образование иако е задолжително и неопходно ... и затоа дел од граѓаните не ги плаќаат комуналиите ... оние кои работат (среќлиите ...) некако и тераат, невработените што ли прават ... пензионерите како тераат ... ситните стопанственици и земјоделци како ли преживуваат ... до кога ке издржат ... Може да се случи и многу други излезот да го побараат во некоја нива и колипка и да живеат како МК Робинзон Крусо (како извесен прилепчанец, кој втора година живее на нива во приправена колипка покриена со еден најлон и неколку картони ... на земја ...
Тоа ли е алтернативата на сиромаштијата, да се врати во шумите и да живее од шумските плодови и од природата, пиејки вода од природните извори ... ако не е таа, која е ??

Monday, July 28, 2008

Закон за употреба на јазиците ...

Некои сметаат дека и овој закон е од оние непотребните, кои на ура деновиве се донесоа во Собранието ... по итна постапка и без дискусија ...

Крајна цел на албанците е албанскиот јазик да биде втор службен јазик во Македонија или како они милуваат да кажат само “Службен јазик ...“... голема е историјата на натегањата за правото на употреба на албанскиот јазик во МК ... се сеќава веќе некој на протестите организирани од Филип Петровски ... и цврстите ветувања дека албанскиот неможе да стане официјален јазик во унитарна Македонија ...штрајк со глад во шаторите пред Собранието ...

читај повеќе »

Унитарна, или неунитарна, правата на употребата на албанскиот јазик во Македонија секоја година се зголемуваат - при секое оделно пазарења на владата, меѓу македонскиот и албанскиот парнер во владата на РМ ... секое од ваквите попуштања - води кон крајната цел на албанците во МК ... албанскиот да стане “официјален јазик“ што всушност ке значи и федерализирање на Македонија ...

Кои се најновите одстапки:

  • Со законот е зголемена употребата на албанскиот јазик во Собранието ...
  • на албански ќе може да се претседава со собраниските комисии ...
  • пратениците-Албанци ќе може да ги добиваат собраниските материјали на албански јазик ...
  • Албанците во комуникацијата со државната власт ќе може да го употребуваат мајчиниот јазик на целата територија на земјава ...
  • Постапките пред народниот правобранител ќе може да се водат и на албански јазик,
  • двојазична ќе биде и матичната евиденција, односно уписот во книгите на родените и умрените во општините во кои има над 20 отсто Албанци. ...
  • апсењата ќе треба да се одвиваат во двојки, односно рамковно, бидејќи полицаецот мора веднаш на албански јазик да го извести лицето зошто го приведува, задржува или го апси. ...

ВМРО-ДПМНЕ велат дека во Законот не поминале:

  • барањата на ДУИ албанскиот да биде втор службен јазик на целата територија ...
  • командите во АРМ и во полиција да бидат на албански ...
  • Отфрлени се и барањата собраниските седници да се водат на албански јазик ...
  • и неговото користење од судиите и обвинителите.
  • Албанскиот не добил виза за употреба ниту во Владата. ...
Сега знаеме каде ке попуштаме во наредното пазарење ... Еден жежок костен помалку за новата влада на Груевски ... замислете овој закон помина во Собранието без дискусии и примедби ... значи онака како се договолире лидерите на маса ... чуму тогаш одлука на Собранието ...

Забрането пушење ... донесен најновиот закон ...

http://img110.exs.cx/img110/4020/14a8ff.jpg
Целосна забрана за пушење во
  • болниците,
  • училиштата,
  • канцелариите,
  • железничките станици,
  • аеродромите,
  • автобусите,
  • во сите ресторани и барови помали од 40 квадратни метри ... во поголемите ќе се пуши во специјално направени стаклени кабини со стол и пепелник ...
  • забрана за палење цигара во сите јавни институции, а не само во одредени простории, како што беше уредено со истиот закон досега.
читај повеќе »
Законот ке го контролираат:
  • Пазарниот инспекторат, ќе биде овластен за контрола на Законот за заштита од пушењето во објектите во кои се произведува и продава храна, како и во Интернет-кафулињата и во објектите кои не продаваат прехранбени производи.
  • Надзорот во јавните и приватните здравствени установи, како и градинките и меѓународните превозни средства ќе биде под контрола на Санитарната инспекција,
  • додека Државниот просветен инспекторат ќе контролира како се спроведува законот во јавните и во приватните училишта, ученичките и студентските домови.
  • Трудовата инспекција, пак, ќе го контролира почитувањето на Законот за заштита од пушење во сите органи на државната и на локална управа, како и во јавните превозни средства, местата каде што се организираат спортски и културни настани - додаваат предлагачите на измените на законот.
Казни:
  • Секое правно лице кое нема да го почитува законот ќе биде казнето со глоба во износ од 2.000 до 4.500 евра, а
  • иста казна ќе заработат и продавниците кои продаваат цигари на лица помали од 16 години и производителите на цигари кои нема да истакнат на кутиите дека пушењето е штетно за здравјето.
  • Казна ќе заработат и оние кои јавно ќе го рекламираат тутунот и неговите производи.
  • Покрај правниот субјект, казна во висина од 150 до 300 евра ќе заработи и одговорното лице.
  • За граѓаните кои нема да го почитуваат законот се предвидува глоба во висина од 300 евра, а
  • доколку биде фатен со цигара во објектот каде што е забрането пушењето, на самото место ќе биде казнет со 100 евра.
Нешто многу скапо ке стане пушењето ... не ми е јасно зошто се даваат премии за одгледувачите на тутун ...

Честитки за новата влада ...

http://www.utrinski.com.mk/WBStorage/Articles/71ECBC19513ED14187001EB6E5107060.jpg
Заедничка фотка на новата влада ... од мене честитки ...

Заев, сепак во притвор ...

Кривичниот совет со одлука за притворање на Заев ... Кривичниот совет на Одделението за борба против организираниот криминал при Основниот суд Скопје 1 донесе одлука за 30 дена притвор за струмичкиот градоначалник. ... што ке ни се судии, кога пресуди носат кривични совети ...

Sunday, July 27, 2008

Скопско кале - сутон и ноќ ... ноќни фотки ...

http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/18Large-3.jpg

читај повеќе »

Во овој дел ке ви прикажам една поголема серија на ноќни фотки од скопското Кале кои ги крстив “Скопско кале - сутон и ноќ ...“ морам да признам дека таа ноќ беше како создадена за ноќни фотки ...
1.

2.

3.

4.

5.

6.

7.

8.

9.

10.

11.

12.

13.

14.

15.

16.

17.

18.

19.

20.


Просечната плата порасна за 9,8 отсто ...

читај повеќе »
Ова би била не добра вест - туку одлична, да не е паралено сознанието за нивото на инфлацијата - над десет проценти ... и енормното покачување на цените - особено на оние цени кои се дел од потрошувачката кошничка ... и секако цените на енергенсите и комуналиите ... со последниот удар на цената на парното греење и очекуваното зголемување на цената на електричната енергија - кон крајот на оваа година ...

ГРУЕВСКИ ИМА КУКА ВО ГРЦJА ...

http://www.novamakedonija.com.mk/images/Editions/21378%20663/grujos-thumb.jpg http://dnevnik.com.mk/WBStorage/Articles/5809B19FC1927C4E9B903D39B3A92FD0.jpg

http://dnevnik.com.mk/WBStorage/Articles/CBD089F945F61849AA1244BA982CCBCC.jpg http://dnevnik.com.mk/WBStorage/Articles/554290900895F743A741B3C204479CAB.jpg

http://dnevnik.com.mk/WBStorage/Articles/5D12D03AC8808148B0714673A5816CC9.jpg

Ова (ГРУЕВСКИ ИМА КУКА ВО ГРЦJА ...) како коментар го има поставено некој мој анонимен читател кој таму се легитимирал како - grujos ... во посот Писмо од Груевски и до Баросо ... тука ке го пренесам коментарот:

читај повеќе »

Прво не можевме да поверуваме во она што ни го кажуваат жителите на селото Крушоради (Ахлада), Леринско, кога отидовме да ги посетиме за да видиме како живеат Македонците од Егејскиот дел.
- Дедото на премиерот Никола Груевски живееше тука. Таму му е куќата, тука живееше и тука е погребен. Зар не сте знаеле дека корените на премиерот се од Леринско - н* прашаа жителите на селото Крушоради (или Ахлада).
Отидовме да се увериме во она што на прв поглед ни изгледаше невозможно. Селото беше преубаво, чисто, тивко, обвиено во зеленило. Стигнавме до една куќа.
- Ова е втор братучед на премиерот Груевски. Се вика Спиро Николаидис – ни рекоа селаните, покажувајќи кон човекот што во дворот го миеше својот џип.
- Вистина ли е дека вие сте роднина со македонскиот премиер Никола Груевски - го прашавме.
- Да, вистина е – ни рече.
Не знаеше да зборува добро македонски, па разговорот го продолживме на англиски јазик. Ни објасни дека таткото на Груевски, Тало Груевски, живеел во селото Крушоради до неговата 9-та година. Потоа се преселил и сега живее во Скопје.
Дедото на Груевски, пак, Николас Грујос (или Коле Груевски) целиот живот го поминал во тоа село и таму е погребен. Се борел за грчката армија во војната меѓу Грција и Италија и загинал во 1939 година.
- Таткото на премиерот тука доаѓа секоја година, на 15 август. Јас никогаш не сум го видел Груевски овде, но ми кажаа дека дошол само еднаш, кога бил помлад. Нивната куќа сега е празна, па ние ја одржуваме – вели Спиро.
Не однесе на грбот на Николас Грујос за да се увериме во вистинитоста на она што го кажува. Голем споменик, напишан на грчки јазик се наоѓаше само на педесетина метри од куќата. На гробот пишува Николас Грујос.

grujos || 26 Јули, 2008 - 22:28

Saturday, July 26, 2008

Писмо и до Бан Ки Мун ...

Груевски упати писмо и до Генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун ... со кое го актуелизира МК малцинство во Грција и правото на децата бегалци за двојно државјаство и повраток на нивните имоти ...

Предходно на иста тема имаше писмо до Караманлис и до Боаросо ... која е следната адреса ... дали од писмата ке имаме повеќе корист од штета ... би сакал да имаме повеќе корист но штетата е поверојатна ...

Закон за лобирање ... реакции на НВО-а та ...

http://www.utrinski.com.mk/WBStorage/Articles/44E3B973B4B3074798DF82FBF6B72203.jpg

Лобирање е посебен облик на придобивање на влијателните поединци или групи ... кои имаат формална или неформална моќ ... а се` со цел овие влијателни поединци или групи да се придобијат за да се протурка одредена цел ... да речеме да се донесе некој закон ...

читај повеќе »

За лобирање слушаме и гледаме од америчката кинематографија кога лобисти лобираат кај конгрсмени и сенатори да гласаат т.е. подржат одреден закон или декларација ... Лобирањето е моќно во америчката демократија, толку моќно што албанците преку лобирање успејаа да направат втора држава на албанците во Косово ... Во европските држави формалното лобирање не е толку застапено, особено не со закон каков пред некој ден донесе нашиот Парламент се разбира, со скратена и итна постапка ...

Иако во европските демократии уредувањето со закон на сверата на лобирање е направено само во Полска ... некој од постоечкото мнозинство мисли дека од законското уредување на лобирањето Македонија ке има некава корист ...

За мене Законот за Лобирање е тотално непотребен закон ... од проста причина што ние немаме Пратеници кои слободно мислат со своја глава ... тие се само послушници на партиите кои ги предложиле и удомиле во Парламентот ... и од нив очекуваат да бидат послушници и да не брануваат многу ... они служат само како пиуни со кои се играме и вежбаме демократија ... неретко пратениците се и трговска роба - кога поминуваат од опозиција во позиција заради остварување на своите цели ...

Не ми е јасно зошто толку се побуниа невладините организации, бидејки на нив со овој закон не им е ускратено правото да делуваат како и до сега соодветно на ЗАКОН ЗА ЗДРУЖЕНИЈАТА НА ГРАЃАНИ И ФОНДАЦИИТЕ ... Законот за лобирање не ја исклучува работата на граѓанските здруженија (популарно наречени НВО-а) ниту пак фондациите ... тоа е предвидено во член 23 од овој закон став три:

(3) Активностите на здруженијата на граѓани согласно став (1)
на овој член, кога се однесуваат на застапување на интересите на своите членови или на определени целни групи ако ги вршат без надоместок нема да се сметаат за лобирање согласно овој закон
. ...

Примедбите на најгласните граѓански здруженија и фондации ке ги најдете тука ... или јас довро не сум прочитал и разбрал или стравот на невладините организации и фондации е неоправдан ...

Blog Archive

Site Meter