Search This Blog

Friday, October 31, 2008

Мелита ... швалеруша ...

http://www.vest.com.mk/images/%7B28C13535-12A4-4616-AE7F-777334DBA5A0%7D_naslovna-2.jpg http://www.vest.com.mk/images/%7BD2102BC0-E8BE-4DC0-A445-DAB5F0A0521C%7D_mel-2.jpg http://www.vest.com.mk/images/%7B91B7043A-3595-4C88-930A-814867454557%7D_REBEKA-2.jpg

Една од поубавите МК жени Мелита Ракичевиќ начекана на излегување од лифт ... натепана од љубоморна жена ... и влечена за коси ... напаѓачката е сопственичка на студио за убавина ...

Јапан има 36.276 стогодишници ...

Квалитетот на животот во јапан доведува до тоа да има највеќе стогодишниц ... Окинава ги има највеќе ...

читај повеќе »

  • Јапонците се, најдолговечната нација на светот. Според податоците од Светската здравствена организација (СЗО), очекуваниот животен век во Јапонија е 82,6 години, а по него следат
  • Хонг Конг (82,2),
  • Исланд (81,8),
  • Швајцарија (81,7) и
  • Австралија со 81,2 година.
  • Во Македонија очекуваниот животен век е 72 години за мажите и 77 години за жените.
Која е нивната тајна ?? ... тајната на стогодишниците ...

Јонагол ... ресенска кралица на јаболката ...

За мој појам “ресенскиот јонагол“ е кралица на јаболката од МК поднебје ... има прекрасен вкус ... малку киселкаст малку благ ... лесно го вари стомакот ... кората не е тешка за стомакот ... има и карактеристичен мирис ... јаболка полн погодок ... најдобра е сега овој и наредниот месец ...

читај повеќе »

Јонаголд е сорта на јаболко која е хибрид помеѓу сортите Златен Делишес и Јонатан. Ова јаболко е големо и слатко со тенка лупка.

Од другите сорти на јаболка, добра е и “муцо“ ... понекогаш “чаделот“ занае да изненади ... “ајдарет“ е сорта која најдолго време трае и треба да се јаде по нова година ... “грејмисмит“ ... е одличен за пита ... “мело-розе“ - истотака знае да изненади со квалитетот ...

Thursday, October 30, 2008

Државен празник за одбележување на античкото наследство ...

http://www.vest.com.mk/images/%7B3649653F-9FA2-47DA-8274-D3775E399414%7D_Aleksandar-2.jpg http://www.vest.com.mk/images/%7BD5BC68C9-E929-44F4-96D7-3994FE7C784E%7D_pasko-2.jpg http://www.vecer.com.mk/WBStorage/Articles/DB38A5AB7FA6184A82560FF6E5824802.jpg

Како што вети ВмроДпмне во секој град оваа година ке никне по еден споменик за одбележување на античкиот период ... некаде ке се гради споменик ... Скопје ... Битола ... некаде ке се прават плоштади ... а некаде ке се преименуваат улици и плоштади по античките имиња - по примерот на скопскиот аеродром ...

читај повеќе »

Во првиот мандат на оваа Влада - меѓу првите работи беше изменет Заонот за државни празници на РМ ... и покрај големиот број на денови за празнување (27) - ниеден ден не беше предвиден за славење на античкото минато ... заборави ли законодавецот дека ако - централно место на МК плоштад е предвидено за Скулптурата на Александар Македонски ... ако антиката се воведува во сите градови т.е. нивните централни места ... тогаш мора да има и соодветен празничен ден/ови ... можеби во скоро време ке следи предлог за уште еден празничен ден ... “Ден на Античка Македоинја ...“...

http://www.vreme.com.mk/images/Image/plostad%20%28Small%29.jpg http://upload.wikimedia.org/wikipedia/mk/2/26/P1010082.JPG

http://www.vecer.com.mk/WBStorage/Articles/78187D3FC2D6DD419BA624A427326FBB.jpg http://tbn0.google.com/images?q=tbn:FYQtreq5TkWf1M:http://www.europeportreviews.com/GreecePictures/ThessalonikiStatute.jpg

Бајруш Сејдију сепак казнет со 50 вра за плукање на јавна површина ...

http://www.dnevnik.com.mk/WBStorage/Articles/68E16CD4BE74374C9BE6CC5BF46C7B04.jpg

Во моментот кога го спроведуваа Бајруш Сејдију во истражниот затвор - тој плукна онака сочно ... дури вчера на снимките го приметив и си велам - сигурно ке биде казнет со 50 евра ...

читај повеќе »

И вистина читам денеска во Дневник - Прва казна за тутунскиот бос за плукање на јавно место ... олеснителна околност може да му биде бидејки рацете му беа врзани и не можел да бркне во џебот за шамивче ...

Забелешките на ССМ за Закон за придонеси од задолжително социјално осигурување (Бруто плата ...)...

ССМ (синдикатот де ...) има примедби на Закон за придонеси од задолжително социјално осигурување (Бруто плата ...) кој треба да стартува од почетокот на идната година ... предлага да се одложи примената ...

читај повеќе »

Забелешките се однесуваат на:

  1. дефинирањето на поимот плата,
  2. пресметувањето на надоместоците за храна и за превоз и
  3. предвидените казни за вработените за нередовно исплаќање придонеси од страна на работодавците ...
  4. со новиот принцип за бруто-плати не се гарантира зголемување на приходите на работниците
  5. заштедите на компаниите од воведувањето на системот на бруто-плата, во просек, ќе бидат 8,6 отсто ... на работодавецот ќе остане да одлучи колку од таа заштеда ќе му подели на работникот ... евентуалното зголемување на платите на вработените ќе зависи исклучиво од волјата на работодавците ...
  6. синдикатот ја повика Владата во Законот да вметне облигаторна одредба со која на секој вработен ќе мора да му се платат хранарина и превоз, без разлика каде работи, поради сомневањето дека работодавците во приватниот сектор ќе ги плаќаат овие давачки ...
  7. потребата од утврдување минимална плата ...
Синдикатот се однесува како политичка партија - своето работење го сведува на соопштенија за медиумите ... синдикатот само укажува ... одсаствува главното оружје на синдикалната борба штрајкот ...

Патриотите на Уставен ...

http://www.utrinski.com.mk/WBStorage/Articles/58D81D3E87EF3A4A93A4FD5DF15C91ED.jpg http://www.vest.com.mk/images/%7BF4E620F9-48E0-409D-AA39-C26326945854%7D_fiskalna-2.jpg

Уставниот суд деновиве ја земал во разгледување Одлуката на владата на РМ за издавање на таканаречените “фискални патриотски сметки“ ...

читај повеќе »

- Патриотските сметки ќе паднат на Уставен? ... Уставниот суд поведе постапка за оценување на уставноста на Правилникот, со кој беа воведни т.н. патриотски сметки во трговијата. ... Ако владина одлука се прогласи за неуставна, трговците може да си ги добијат парите за надградба на софтверите ... За два месеца ќе биде донесена и клучната одлука ...

  1. со оваа владина одлука е доведено во прашање начелото на поделба на власта и владеењето на правото и
  2. начелото на слобода на пазарот.
  3. воведувањето на патриотските сметки се коси со одредбите на Законот за регистрирање на готовинското плаќање, согласно со нив не е предвидена класификација на производите на домашни и странски.
  4. содржина на одредбите стимулира купување домашни, а дестимулира промет со увозни производи, што не е во согласност со слободата на пазарот и претприемаштвото, чиј елемент е еднаквост на стопанските субјекти на пазарот
  5. одредбите од овој правилник, кој Владата го донесе на почетокот на годинава, нема ниту основа во Законот за ратификација на Спогодбата за стабилизација и асоцијација меѓу Македонија и ЕУ, која предвидува слободно движење на стоки.
Остануваме да се запрашаме зошто на Уставниот суд му треба повеќе од половина година за да види дека некоја одлука на власта е неуставна ... колку во сето ова има изборна тактика т.е. желба да се прикријата лошите одлуки на власта ... има ли во тој поглед одговорност кај Уставниот суд ... или подобро да формулирам - Манипулира ли Уставниот суд со своето работење/неработење ...

Wednesday, October 29, 2008

Кој е најнезадоволен од паѓањето на цените на нафтата ...

Кој е најнезадоволен од паѓањето на цените на нафтата ... Владата ... помали цени помал буџет ... помалку пари за трошење ...

Телефонскиот тефтер на Бајруш Сејдиу ...

Кој се` бил во телефонскиот тефтер на Бајруш Сејдиу ... ова е меѓу првите мерки кој ги спроведува истрагата ... со кого често разговарал осомнечениот ... до таква информација лесно се доаѓа кога се прати телефон и меил комуникацијата ... а помагаат и телефонските тефтери на осомнечениот ... инбоксите ...

читај повеќе »

Прва мерка на истрагата беше сменувањето на првиот и вториот ешалон во кумановската полиција ... бидејки пред нивни очи се одигрувал криминалот а тие не го приметиле ... “виделе“ ...

Правете бекап ...

http://www.greenlightoffice.com/images/EJ074185.jpg

Вчера уклучувајки еден од компјутерите со кои најчесто работам ... ми се појави порака дека треба да го ставам систем дискот ... од сето испадна дека хардот рикнал ...

читај повеќе »

Пораката до сите е правете бекап ... ова ми е прв хард кој ми рикнува во мојата историја од 14 години работење со компјутери ... вообичаено на две до три години ги менувам ... а правам и бекапи но на неклку месеци ...

Предходниот ден додека работеше компјутерот некоја сила ме натера да направам бекап на некои 30 гига со фотографии ... работа од две години ... Сеуште не сум почнал да барам начин како да ги спасам податоците од рикнат хард ... веројатно има ... ако имате интересен предлог или фирма/човек која се бави со такви работи пишете ми коментар ...

Денеска ке ставам нов хард од 500 гига во компјутерот со уште еден надворешен хард исто од 500 гига ... недозволиво за секој кој има податоци во компјутерот да нема бекап ...

http://priceguru.in/wp-content/uploads/2008/04/mypassport_elite_main.jpg http://img.thefind.com/images/VQB7WtYqPY1hGkPhFgaG5PzcgtKS1KJihoySkgIrff3M3MT01GK9xNzEqvw8PaA0VEQ_QN_JwMDAw9gx3NJEz9BML943CgLi9bIK0hkA?m=1&g=2 http://images.pcworld.com/howto/graphics/116995-2209P111_3B.jpg http://www.softplatz.com/shots/31940-80.jpeg http://ai.pricegrabber.com/pi/0/07/05/705067_125.jpg http://a5.vox.com/6a00d09e7bc293be2b00e398cf7ce50002-320pi

Tuesday, October 28, 2008

Порака од Даниел Фрид ... прифатете го предлогот

http://www.dnevnik.com.mk/WBStorage/Articles/363D970AB6D93E4E965258582BBBF345.jpg

Катарина Блажевска во денешниот напис во Дневник - САД силно не' притискаат за името ... ни пренесува порака од Даниел Фрид - во која вели да го прифатиме последниот предлог на Нимиц ... со мали забелешки ...

читај повеќе »

  • Зграпчете го последниот предлог на посредникот Нимиц и направете ја светла иднината на вашата земја и на вашите деца. Тие ќе ви бидат благодарни за тоа - изјави вчера Фрид.
  • Фрид рече дека за пет недели има министерски состанок на НАТО и дека очекува дотогаш да го решиме спорот со Грција.
  • По македонското прифаќање, ЕУ ќе ја притисне Грција и таа да одговори позитивно, бидејќи во Грција има луѓе што сакаат прашањето да биде затворено - порача Фрид.
  • Македонија „може да влезе во изолација ако не ја направи вистинската работа, сега да го реши спорот за името“.
  • Оваа администрација ја поддржува Република Македонија, што не значи дека и следната нема да ја поддржува. Но, ви гарантирам дека следниот претседател нема да се занимава со вашето прашање барем некое време.
  • Дали сакате вашите деца да чекаат за визи и да живеат во изолација. Дали гледате иднина во тоа?
Дали во функција на притискање да го прифатиме последниот предлог на Нимиц е и посетата на заменик на помошник-државниот секретар на САД, Стјуарт Е. Џонс ...

Виртуелно возење ... не возат со неостварливи ветувања ...

Секој кој е на власт виртуелно не исвозува со своите грандомански желби, кои во форма на изборни флоскули (преточени во програми ...) ни ги ветуваат на избори ... што е повисоко местото на летвичката на власта тоа се поголеми виртуелните возења/ветувања ...

читај повеќе »

Од осамостојувањето до денеска не извозеа неколку влади на СДСМ и ВмроДпмне ... сите пред да дојдат на власт ни ветуваа работни места и подобар живот ... Наместо тоа ни испорачуваа полоша ситуација од онаа која ја преземаа ... некои успејаа убаво да ги набилдаат своите конта ... за оние кои вака убаво виртуално ке не извозат нема никаква казна ... ни го трошат само времето од нашите животи ...

Monday, October 27, 2008

Вардарска Долина ... репринт ...


Цената на нафтата достигнува вртоглави размери ... цената на природниот гас ја прати цената на нафтата ... расте и цената на електричната енергија ... Дали сето ова ке допринесно конечно да се започне со остварувањето на проектот за Вардарска долина ... што подразбира интегрално коирстење на сливот на најголемата река во Македонија - Вардар ... за потреби на електрична енергија ... наводнување ... и други бенефити ... дури можеби и како пловен пат ... Ова е репринт на постар пост ... повод е објавувањето на меѓународни тендери ...

читај повеќе »

Форшпан за овој напис ми дава денешната колумна на ВицеПремиерот Зоран Ставревски во Дневник - Енергетски перспективи“ ... каде тој набројувајки ги проблемите во енергетскиот сектор и потребните инвестиции во идниот период - значаен удел дава на проектот Вардарска Долина кој се планира да се дава под концесија ... Македонија барем 25 години наназад го нуди овој проект на странски инвеститори, но досега не се најде таков поради огромната инвестиција ... сега кога цената на енергијата расте до небо веројатноста да се најде инвеститор за овој проект е поизгледна ...

Во написот Ставревски спомнува повеќе енергеттски проекти кои се планираат во предстојниот период:

  • неопходно е првенствено да продолжи процесот на либерализација на сите енергетски пазари врз начелата на објективност, транспарентност и недискриминаторен пристап во конкурентски услови ...
  • заврши започнатата измена на законската регулатива со прифаќање на одредбите од Директивите на ЕУ за енергетиката ...
  • набрзо ќе се избере стратегиски инвеститор и ќе почне изградбата на ХЕЦ Чебрен и ХЕЦ Галиште ... историски најголема инвестиција во енергетскиот сектор во износ од околу 650-700 милиони евра ...
  • ХЕЦ Бошков Мост ...
  • инвестирањето во изградбата на стотици мали хидроелектрани ...
  • ќе направи анализа и за евентуално инвестирање дома или заедно со соседните земји во изградбата на нуклеарна електрана како сигурен, долгорочен и економски прифатлив извор за производство на електрична енергија ...
  • проектот за проширување на гасоводната мрежа и создавање можности за позначително користење на природниот гас како алтернативен извор на енергија ...
  • зајакнат капацитетите за интерконекција во високонапонската мрежа во земјата и со соседните држави ...
  • пуштањето во работа на двата интерконективни водови спрема Бугарија на потегот Штип - Червена Могила и кон Грција на потегот Битола - Лерин
  • нов интерконективен вод кон Србија на потегот Ниш - Штип, надградба на постојните водови кон Косово, како и конечно затворање на анализите за економска оправданост за нова 400 киловолти интерконективна врска кон Албанија ...
  • избор на стратешки партнер за изградба на електрана-топлана во Скопје која ќе користи природен гас ... Со инсталирана моќност од најмалку 300 мегавати електрична и околу 150 мегавати топлинска енергија соодветно, таа годишно ќе произведува приближно 2000 гигават-часови електрична енергија и околу 320 гигават-часови топлинска енергија. ...
  • проект за интегрално користење на водите од Вардарскиот слив ... Покрај сигурно и стабилно снабдување со вода за пиење, наводнување, производство на електрична енергија, пошумување, спорт, риболов и рекреација, овој проект ќе овозможи развој на сите населени места по течението на реката Вардар. ...

Крупни инвестиции ... вака нафрлени изгледаат лесно остварливи ... но ...

- ХЕ во Вардарска долина ...
- Вардарска долина чека вистински мајстори ...
- Програма за наводнување на Јужна Вардарска Долина ...

Сликата “http://www.vardarvalley.org/images/stories/vardaraxiosmap_legend.jpg” не може да се прикаже бидејќи содржи грешки.
Сликата “http://www.inweb.gr/workshops/sub_basins/10_Axios_files%5Cimage002.jpg” не може да се прикаже бидејќи содржи грешки.
Сликата “http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/1.jpg?t=1214046881” не може да се прикаже бидејќи содржи грешки.
вардарска долина 1 сливот

Сликата “http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/2.jpg?t=1214046999” не може да се прикаже бидејќи содржи грешки.

вардарска долина 2 хидроцентралите

Сликата “http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/3.jpg?t=1214047051” не може да се прикаже бидејќи содржи грешки.

вардарска долина 3 висинска разлика

Сликата “http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/4.jpg?t=1214047092” не може да се прикаже бидејќи содржи грешки.
вардарска долина 4 пилот пројект
Сликата “http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/5.jpg?t=1214047149” не може да се прикаже бидејќи содржи грешки.
вардарска долина 5 пилот пројект капацитет
Сликата “http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/6.jpg?t=1214047201” не може да се прикаже бидејќи содржи грешки.
вардарска долина 6 трошоци





http://www.firstworldwar.com/photos/graphics/cpe_vardar_valley_01.jpg

Blog Archive

Site Meter