Search This Blog

Wednesday, September 17, 2008

Ивица Боцевски ... Од блогер до ВицеПремиер ..

http://img225.imageshack.us/img225/9052/skopjetajms5gs.jpg

Ивица Боцевски е единствениот вистински блогер кој стана познат политичар ... за жал тој престана да пишува на својот блог, не затоа што нема време и желба да пишува на својот блог „The Skopje Times-скопски времиња“ ... туку заради потребата како Гласноговорник на владата да престане да кажува свои ставови ... сметаше дека овие две функции се неспоиви ... бидејки сеуште ја извршува работата на Гласноговорник на владата - неговиот блог сеуште е во мирување ...

читај повеќе »

Боцевски е пример кога способен млад човек - кој своите ставови ги обелоденуваше на својот блог, успеа да направи политичка кариера и во СДСМ и во ВмроДпмне ... тоа е возможно единствено поради неговите реални квалитети ...

Како бивш блогер - тој можеше да допринесе за популаризација на блогот/блогерот ... иако нешто ветуваше, колку мене ми е познато во тој правец ништо не направи ... осем што се појави на свеченотоста по повод издавањето на книгата на Алена/Фемгерила ... едно време имаше идеја за средба на владата и блогерите ... па идеја блогерите да може да присаствуваат и поставуваат прашања на пресовите на владата ... за такво нешто сеуште не сум слушнал ... веројатно е во план, ама ете само што не се случило ...

Меѓу блогерските кругови во кои се движам Боцевски е почитуван и како блогер и како професионален-политичар ...

2 comments:

Anonymous said...

`Боцевски е пример кога способен млад човек...`со само 2.000 денари на кредитна картичка и 20 евра в џеб, да ја внесе Македонија во ЕУ.
Аферим!

Anonymous said...

Тој беше колумнист во „Утрински весник“ и пред да отвори блог. Сакаш да кажеш дека тоа што бил и блогер ја помогнало неговата кариера?

Blog Archive

Site Meter