Search This Blog

Tuesday, June 10, 2008

Виница ... Vinica

Виница ке биде домаќин на Младинското светско првенство во ракомет за жени што ќе се одржи од 21 до 31 јули годинава. Шпанија, Франција, Аргентина, Алжир и од Тајван ке бидат гостинки во Виница ...
Доволен предизвик за мене да прочачкам што има на интернет за Винива - во кој инаку сум бил неколку пати ... градче кое живее мирно под падините на Осоговските планини и Плачковица ...

читај повеќе »

Виница е гратче во источниот дел на Република Македонија, сместено во Кочанската Котлина, помеѓу Осоговските планини и планината Плачковица. Низ Виница течат реките Виничка и Градечка, а во нејзина близина течат реките Осојница и Брегалница. Виница брои околу 10803 жители. Во Виница има две основни и едно средно училиште, библиотека, дом на културата, кино сала, градинка, здравствен дом, базен, метеоролошка станица, центар за едукација на деца и млади итн. Виница го има поштенскиот код 2310, и повикувачкиот телефонски број 033.

Археолошкиот локалитет Виница во Виница e средновековна населба. Во дворот на улицата „Наум Наумовски-Борче“, при копање на темели за куќа е откриена фурна за печење на керамички садови и фрагментирана мермерна колона.

Други археолошки локалитети во околината на Виница.

Археолошкиот локалитет Виничко Кале - Виница e утврдена населбадоцноантичкото време, со градби покрај градскиот бедем од 4-6 век целосно зачувани. Се наоѓа на самата периферија на градот Виница, на рид висок околу 70 м, покрај патот КочаниВиница - Берово.

од
Општина Виница се наоѓа во Источна Македонија. Центар на Општината е градот Виница, кој брои околу 14.000 жители. Се наоѓа на оддалеченост од 130 км од Скопје. Низ Виница минува регионалниот пат од Кочани до Берово, преку кој општината се поврзува со овие две соседни општини.

Винички икони

Овие теракотни рељефи содржат иконографски претстави со христијанска тематика, како и латински натписи со литургиска содржина. Датирани се во V - VI век и веројатно служеле како апликација на ѕидовите на гробните објекти во доцноантичкиот период во виничкиот градежен комлекс. Теракотните икони од Виничкото Кале кои биле откриени од археологот Цоне Крстевски претставуваат единствени од ваков тип со непроценливо богатство од археолошка, уметничка и теолошка вредност.

На теракотните икони се прикажани одделни светители, композиции што илустрираат библиски текстови и симболични животни.

Сликата “http://upload.wikimedia.org/wikipedia/mk/1/10/%D0%A2%D0%B5%D1%80%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D1%82%D0%BD%D0%B0%D0%98%D0%BA%D0%BE%D0%BD%D0%B0.jpg” не може да се прикаже бидејќи содржи грешки. Сликата “http://www.makedonium.com.mk/images/HOME_PAGE/Vinica-terakota-01.jpg” не може да се прикаже бидејќи содржи грешки.

Според просторно-географската положба Општина Виница се наоѓа во Источна Македонија. Го зафаќа југо-источниот дел од Виничко - Кочанската котлина и ридско - планинскиот дел од планината Плачковица. Општина Виница зафаќа површина од 432 km2, а се простира на височина од 360m до 1754m.
Просторната и географската локација на општината е многу поволна. Се наоѓа на оддалеченост од 130 км од Скопје. Низ Виница минува регионалниот пат од Кочани до Берово, преку кој општината се поврзува со овие две соседни општини. Меѓународниот пат до Бугарија поминува низ Виница и Делчево, а преку Кочани, Штип и Велес општината се поврзува со автопатот Скопје - Гевгелија.
Покрај градот Виница општината ја сочинуваат уште 16 населени места: Блатец, Истибања, Јакимово, Лески, Градец, Липец, Лаки, Драгобраште, Пекљани, Трсино, Трстија, Крушево, Калиманци, Грљани, Виничка Кршла и Црн Kамен.

Првите траги од постоење на населени места и организирано живеење во Виница се пронајдени од железното врем (од XII до VI век пр.н.е.).
На просторот на Виница, односно во Источна Македонија, егзистирало моќното племе Пајонци. Тие биле припадници на илирскиот етникум. Воглавно се населувале, односно своите живеалишта ги подигале на повисоки, природно заштитени места. Најмногу се занимавале со одгледување на крупна стока. Тоа ги приморувало во потрага по нови пасишта за стоката, да ги менуваат своите места на живеење. Затоа нивните објекти за живеење не биле градени од цврст материјал, туку од материјал што лесно се расклопувал и склопувал. Живееле во мали, засебни живеалишта. Од занаетите најзастапени им биле грнчарскиот и обработката на металот. Претежно изработувале едноставни керамички садови за секојдневна употреба. На повисоко ниво им била изработката на металот, односно правеле разновидни предмети, оружје и накит, поради што и Херодот за нив говори како за добри мајстори на оружје и опрема. Тоа го потврдуваат и најдените предмети во повеќето нивни гробници, како што се: копјето, мечот, кривиот нож и стрелата.
Развојот на економијата и трговијта придонел кон крајот на VI и почетокот на V век пр.н.е. да дојде до економско издигнување на Пајонците. Тоа само по себе повлекло и зголемување на нивната воена моќ. Меѓутоа, за време на походот, којшто персискиот цар Дарие го презел против Ските, јужниот дел од Пајонија бил покорен, а дел од населението раселено во Мала Азија.
Во средината на V век пр.н.е. за време на походот на Македонија, Пајонија повторно била нападната од страна на Персија, на чие чело се наоѓал царот Ситалк. Тогаш таа доживеала тешки разурнувања. Но, по смртта на царот Ситалк, Пајонија успеала да се консолидира и повторно економски да зајакне. Тој процес траел се до 358 година пр.н.е. кога македонскиот цар Филип II војнички ја поразил и ја покорил. Пајонците биле покорени и од Александар Македонски, но не за долго, зашто по неговата смрт тие се ослободиле и под власта на Аудолеон, син на Патрај, доживеала процут. Но, не за долго, зашто по повеќето превривња на овој простор, повторо Пајонците влегле во составот на Македонската Држава и во неа биле се до 146 година пр.н.е. кога на овие простори завладеала Римската Империја. Оттогш па натаму на Пајонците им се губи трагата и тие се изгубуваат од политичката сцена.

Главни стопански гранки во Општина Виница се дрвопреработувачката индустрија, производството на мебел, текстилната индустрија, производството на цвеќе, прехрамбената индустрија, хотелиерството и угостителството и други.

Во Општина Виница има четири основни училишта и едно средно училиште - гимназијата „Ванчо Прке“.

Во Виница се наоѓа и Матичната библиотека „Ванчо Прке“, која е формирана 1946 година. Во библиотеката како културна институција, покрај тоа што можете да добиете и прочитате книга се организираат и различни изложби на книги и други културни активности. Во Општина Виница исто така постои и работи Дом на културата „Тошо Арсов“.

Носители на спортскиот живот во Виница се фудбалскиот клуб „Слога“ и фудбалсиот клуб „Филип II - Виница“.


Сликата “http://www.vinica.org/photogallery/vinica1.jpg” не може да се прикаже бидејќи содржи грешки.

Сликата “http://www.vinica.org/photogallery/vinica2.jpg” не може да се прикаже бидејќи содржи грешки.





























Сликата “http://info.vinica.org/images/stories/vinica.jpg” не може да се прикаже бидејќи содржи грешки.

Сликата “http://info.vinica.org/images/stories/filipii.jpg” не може да се прикаже бидејќи содржи грешки.

Сликата “http://www.musmk.org.mk/images/arheologija/terakota2_g.gif” не може да се прикаже бидејќи содржи грешки. Сликата “http://www.ohrid-vizija.com.mk/images/fotki/mk_k.jpg” не може да се прикаже бидејќи содржи грешки.

http://www.vecer.com.mk/WBStorage/Articles/A32CB027E51C9741A5FD367EDFB4E011.jpg http://www.macedonia.co.uk/admin/images/terakotniIkoni110x110/Bull.gif http://www.macedonia.co.uk/admin/images/terakotniIkoni110x110/StTheodor.gif

1 comment:

Anonymous said...

Vinica posredena od Bitola moja,ako Bitola grad so pogolem godisen budget.

Blog Archive

Site Meter