Во минатата година се работеше на повеќе локации на Стоби ... на коцкарницата ... на куќата ... на заштита на мозаиците ... но највеќе се сработи на таканаречениот Римски Форум во Стоби ...
"Римски форум - Стоби" е проект кој е започнат во 2003 година. Досега е пронајдено изобилство на движен археолошки материјал, меѓу кој позначајни се деловите од мермерни статуи кои ги краселе нишите. Со ископувањата во изминативе две години целосно е истражена западната страна на бедемот на Форумот, кој има внатрешна површина од околу 800 квадратни метри.
По повеќе од 20 години, 2005 година за Стоби, конкретно за Римскиот форум, беше најексклузивна година во поглед на наодите и откритијата. Пред извесен период беа пронајдени делови од четири мермерни скулптури, со зачувани украсни орнаменти изведени со златни ливчиња. Беа пронајдени и голем број фрагменти од столбови, изработени од розов мермер. Големо внимание привлече изгубеното или сокриено мало семејно богатство на незнајниот Стобјанин, што се состои од околу 260 сребрени монети од вториот век и меѓу нив два пара детски златни обетки и два сребрени прстена. Раководител на истражувањата е археологот Мила Шурбаноска.
Монументален отворен влез, составен од три столба високи 7 метри, на врвот споени со аркади, имал Римскиот форум во античкиот град Стоби, кај Градско. Преку тој влез стобјани излегувале од обејктот што во тоа време бил плоштад и стапнувале на градските улици.
Објекти како Римскиот форум во Стоби во првите векови од новата ера имало само во Рим, Помпеја, Херкуланум и уште во неколку градови во Римската империја. Објектот зафаќал површина од околу 1.000 квадратни метри, бил висок околу 15 метри и имал кат над приземјето.
- Најновите овогодишни истражувања фрлаат друго светло на “форумот“ во Стоби ... Археолошки и конзерваторски тим работи единствено на просторот на впечатливиот објект, наречен Римски форум, за кој раководителката на истражувањата археологот Мила Шурбановска, потпирајќи се на најновите откритија, деновиве вели дека најверојатно имал функција на сенат, банка, библиотека и др. Посакуваниот форум, според неа би се наоѓал во непосредна близина. ...
- Погрешни археолошки впечатоци - Римскиот форум во Стоби ...
No comments:
Post a Comment