Утринава се пробудив во 4 часот и неможев да заспијам ... седнав пред телевизор чекајки да ме фати дремка ... во четири часот наутро нема баш некоја програма ... така шарајки по програмите налетав на документарна емисија за студентските демонстрации во Београд 1968 година ...
68 година имав неполни 14 години ... се сеќавам само на сериозните фаци кои се движеа тие седум дена низ градот ... Никогаш до тогаш се немаа случена така силни демонстрации на студентите ... Београд во тоа време имаше 50.000 студенти ... Чинам дека вчера прпат објективно видов што се случувало и што можело да се случи ...
68-година ЈУ беше во економска криза ... се повеќе имашее организирано праќање на ЈУ работници во западните земји ... во ЈУ комунистичко уредување се појави богат слој на комунисти кои беа наречени “црвена буржуазија ...“ ... и светот беше во лош историски период ... војната во Виетнам ... убиствата на М.Л.Кинг и претседателот Кенеди ... во Кина на плоштадот тенк прегази непознат демонстрант ...
На прослава која требала да се одржи на отворено во Студентскиот град во Београд ... заради дождот се организирал во многу помала сала ... незадоволните студенти кои сакале да ја гледаат прославата ... го каменувале театарот ... доаѓа полиција и ги тепа студентите ... против полицијата се свртуваат ситем дури и оние кои ја гледале претставата ... полицијата се повлекува а студентите одат према Београд ... со паролите “радници - студенти“ ... отворено повикувајки ги работниците да им се приклучат ... Пред Београд се случува голем судир со полицијата ...
Студентите се повлекуваат во Студетскиот град ... но утедента понесени од занесот прават уште пожестоки протести ... осем паролата
- “студенти радници “ ... сега има и други барања на студентите ...
- "Доле црвена буржоазија", ...
- „Извозимо људе као смрзнуту говедину!“ ...
- „пуштања на слободу свих ухапшених“ ...
- „смена шефа полиције Београда“ ...
- „слободе штампе“ ...
- увођења категорије „минимални лични доходак (плата)“...
Студентските демонстрации трајат седум дена а на нив им се прикклучија сите професори ... На крај ЈУ раководството попушта пред студентите и поголемиот дел од барањата им ги задовлува ... заедно сосе „минимални лични доходак (плата)“... нешто за кое нашите работници од ова време уште неможат да се изборат ...
Од тогаш навака политичарите се секојпат осетливи према барањата на студентите и употребуваат тактика на ситено шурување со студентските раководители - кои ги гушат барањата на студентите ... Сетите се само на последните десетина години на нашите студентски организации ...
Демострациите почнале на 2 Јуни 1968 година и траеле 7 дена ... значи сега се навршуваат 40 години од демонстрациите ...
No comments:
Post a Comment