Еден од моите верни читатели (sdsm1945new) и коментатори на мојот блог на постот - 9 Јули и името ... глобализација ... дали сме среќни ...даде неколку добри коментари на темата но го издвојувам последниот:
** Ех пусти желби.
- Би ми одговорил кога би имал што да одговориш. или и ти како лидерот утредента ке праќаш соопштенија дека не сме те разбрале?
- Можете само да се надевате дека ке успеете да ти уништите тие што мислат другачије од вас.
- Вашиот тоталитаризам ке ве изеде вас а не нас.
- Нас ни останува да се бориме и понатака за нормален живот на секој Македонец,
- за правна држава во која секој ке може бар до суд да дојде без да го удават во кофа,
- за држава со слободни медиуми во кој нема премиерот да прети на новинарите,
- за држава во која за судските случаи ке дискутираат судиите и правниците а не лидерите на политички партии,
- за држава во која нема да се плашиш дека ке те упуцаат алфи под изговор дека си сакал да пукаш на десетина наоуржани алфи,
- за држава која нема да ги троши парите на даночните обвзници за да обезбеди сопствен опстанок на одредена група криминалци.
- Ја враќате државата таму каде што успеа да побегне пред 17 години, во вителот на прљавите пари, мафијата и криминалот, се разбира државен.
- А криминалот сам расчистува со своите.
И можете да припишувате дека припаѓаме на овие или оние, дека сме вакви или онакви, ама секогаш ке бидеме тука да го критикуваме она што власта го прави од која и да е проминенција.Се додека во македонија не завладее демократија, а не немо и слепо слушање на слепи лидери кој ни домашниот буџет не се способни да го водат а не државниот. После катастрофата наречена Бучковски сега го имаме тајфунот Св.Никола Груевски. Не знаеш што овој народ му згрешил на господа.
No comments:
Post a Comment