Транзиционото долгогодишно уништување на големите фабрики (18 годишен процес ...) од една страна ... доведе до енормно висока стапка на невработеност ... трендот на поскапување на храната како светски процес од друга страна ... неминовно доведува до процес на враќање во запуштените села ... во кои во меѓувреме се заврши електрификацијата ... телефонот и тој не е проблем ... водата е проблем - но решлив бидејки ја има ... значи се вели, дека во наредните години ке имаме се поинтензивен процес на враќање на луѓето во селата ...
Ако “граѓанинот“ кој се врати во селото внесе градски елементи во својот двор ... куќа опремена по сите стандарди ... широк и убав двор со цвеќиња и бавча ... ако успее да инвестира во некакво земјоделско производство ... сточарство ... житни култури ... градинарство ... овоштарство ... тоа ке биде благодет за Македонија ...
Во услови кога светот е глобално село ... ако селото има
- пат
- струја
- вода
- чиста животна средина, воздух
- здрава храна
- здравтвена заштита
- училиште
не гледам причина да не се стимулира враќањето во МК село, кое неоправдано беше запоставувано од 45 па до сега ... поскапувањето на храната е добар момент нашата “природна нафта“ - храната ... да се искористи како момент МК становници да живеат во подобра/поздрава средина и во поширок простор ...
ВМРО-ДПМНЕ јасно вети помош кон МК село ... ја доби довербата од тие избирачи ... би било добро за сите да ги оствари ветувањата ... во секое село да го подигне нивото на инфраструктурата, за да на граѓаните им биде попримамливо побрзо да се одлучат да се вратат во селото ...
No comments:
Post a Comment