По интервјуто дадено за МИА во врска со известувањето на некои новинарки од Брисел ... и по бројните коментари на новинари и новинарски здрженија ... Груевски даде појаснување на за својата изјава :
- „По моето интервју за МИА, слушнав одредени реакции во врска со мојата изјава за малкумина новинари кои се' уште не одговорија од каде им беа лажните информации дека изборите ќе бидат спомнати во заклучоците, односно дека ќе бидат во фокусот на дискусијата и содржината на текстот од Европскиот совет, или, пак, дека се одложила и одбегнала наводната средба со Караманлис, и кој и со која намена им пласирал такви дезинформации.
- Моите реакции во интервјуто беа принципиелни и мотивирани од интересите на државата и граѓаните“
- Премиерот потенцира дека искрено жали доколку ги повредил чувствата на оние во оваа професија кои професионално ја вршат својата работа и се вистински репрезенти на слободното и професионално новинарство, но забележува дека искрено жали и што ги повредил и чувствата на „оние на кои се однесува мојата изјава, малкумина, кои, се надевам, дека моите забелешки ќе ги прифатат најдобронамерно и во функција на заедничките цели“.
- „слободата на новинарството е клучна за развојот на демократијата и новинарската професија, генерално, е носител на демократските процеси во земјата, таа е нешто што сите мора да го почитуваме и цениме“.
- им се заблагодари и на здруженијата на новинари на, како што рече, добронамерните забелешки, но со ниту еден збор не одговори ниту на реакцијата на Меѓународната федерација на новинари, која ги осуди неговите критики на медиумите, а остана глув и на инсистирањата на Здружението на новинарите на Македонија, кое од Груевски побара да се извини за обвинувањата дека шпекулираат на штета на сопствената држава и доколку станува збор за паушална оцена, да ја коригира својата изјава.
No comments:
Post a Comment