Search This Blog

Wednesday, June 11, 2008

Велес ... топилницата ... екологистите ...

http://volanskopje.blog.com.mk/system/files?file=Gol%20protest%20vo%20Veles.jpg
Сликата “http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/7Large-3.jpg?t=1209746084” не може да се прикаже бидејќи содржи грешки.

Сликата “http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/8Large-3.jpg?t=1209746136” не може да се прикаже бидејќи содржи грешки.

Една погрешна одлука во осумдесетите години го чинеше Велес перманентно труење со тешки метали ... кадмиум ... сулфур ... Генерации велешани, особено велешките деца се со трајни последици по своето здравје ...

читај повеќе »

Како се наближува рестарт на велешката топилница така се разгорува борбата на велешките екологисти кои се против рестарт на велешката топилница на исто место ... нудат да се пресели во кругот на фабриката за вештачко ѓубриво кое е под Велес ... На екологистите обилно им помага и градската управа на Велес предводена од Аце Коцевски ... Но и под таа локација е населното место - Градско и бројните ниви со оранжерии - кои би биле директно под удар на издувните гасови од топилницата ...

Затоа ако мора да се сели топилницата најдобро ке биде да се пресели во близината на нејзината руда ... Злетово или Пробиштип ...

Осеќам дека ке се развие голем судир на интереси ... од една страна судир на приватните инвеститори кои за пари ја купија топилница со намера да ја рестартирааат ... и екологистите од Велес кои напатени од поранешното загадување нема така лесно да се предадат ... Чинам дека и самите велешани на крај ке се поделат ... во топилницата чекаат вработувања над иљада велешани ...

1 comment:

Anonymous said...

Нема велешани да се поделат околу прашањето дали да се рестартира топилницата, барем не некој кој има деца. Варијаблата од тип пари не се конвертира експлицитно во варијабла од тип здравје. Но сепак мислам дека се ќе се сведе на старото „Кучињата лајат караванот си врви“. Пример, како си живеат луѓето во близина на Окта, средена ли е работата или само малку ги подзаборавија медиумите да ги зборуваат.

Blog Archive

Site Meter