Search This Blog

Wednesday, June 04, 2008

Женски тепачки ... сеир ...

Сликата “http://www.vecer.com.mk/WBStorage/Articles/A309EE360E2D71488CD4DBE25EB7C6F3.jpg” не може да се прикаже бидејќи содржи грешки.

Вчера се случила голема тепачка помеѓу две групи на девојки ... причината не е ни битна ... битни се сеирџиите, кои мавале сеир додека летеле вилици и се кубеле коси ... една од девојките завршила во болница со потрес на мозокот ...

читај повеќе »

Двете групи девојки се пресретнале на Плоштадот па префрлувајќи си погрдни зборови започнале да се тепаат. Групата по две минути се поделила па така на три страни се влечеле и тегнеле девојките додека случајни минувачки направиле круг околу нив и им фаќале сеир од страна.

Клипот со тепачката снимен на мобилен од некој сеирџија, сношти го видов прво во дневникот на Сител ... не ми се веруваше дека и Сител подпаднал под влијанието на сеирџиите ... Насилно однесување на ТВ медиум “ин риал“ - пропратен со сеирџиски коментар ... тука има работа на Советот за Радиотрансфузија ...

Силеџиството е слика на нашето општество, кое деновие имаше избори ... наместо славење на демократија му покажавме на светот дека сме сеуште примитивци - кои наместо да се справат со идеи, мисли и зборови ... се справуавме баш како женските од клипот со физичка пресметка ... со разлика на тоа што во изборите - сеирџии ни беа посматрачите на ЕУ, ОДИХР ... амбасадите ... не може да ми искочат од глава зборовите на Џилиен Миловановиќ (амбасадорката на САД ...) ке парафразирам - “насилниците воопшто не се криеа и садистички уживаа во тоа што го правеа - со израз на лицето еве ме, ништо не ми можеш ...“... инсистираше насилниците да бидат казнети ...

Насилното однесување на човекот е познато уште од најстари времиња - кога се правеле арени каде се приредувале борби до смерт меѓу луѓе ... луѓе и животни ... гледањето како на некого му се нанесува бол ... му тече крв ... или неговата смрт силно ја возбудувало публиката ... тој порив и до ден денеска не можеме да го искорениме ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter