Search This Blog

Friday, June 13, 2008

Музеј на ВМРО ... Музеј на жртвите од комунизмот ... „МАКЕДОНСКА БОРБА“ ...

Сликата “http://kirilica.com.mk/userfiles/image/11.06.2008/010080432-kamen-temelnik-25.jpg” не може да се прикаже бидејќи содржи грешки.

Сликата “http://www.utrinski.com.mk/WBStorage/Articles/DCBD9D1251DBCA4081DECB7FBA18895B.jpg” не може да се прикаже бидејќи содржи грешки.

Владата на Груевски како што вети вчера свечено почна со изградбата на Музеј на ВМРО - во кој меѓу другите документи ке има и восочни фигури на 40-сетина познати историски личности од периодот на ВМРО ... во истата зграда ке биде и делот во кој ке бидат истакнати документи за “жртвите од комунизмот“ ... за мене поточен поим е “жртвите на социјализмот“ ... бидејки комунизам како општество во Македонија никогаш не постоеше ... да постоеа комунисти, но тогаш називот треба да биде “жртвите од комунистите ...“

читај повеќе »

  • Во Музејот ќе има и изложбени поставки кои ќе ги опфатат сите процеси, појави, настани и личности од дејствувањето на ВМРО, а ќе бидат изложени и записници од сослушувања, обвинителни акти, тужби, пресуди, фотографии, пароли, песни и писма.
  • фигурите ќе бидат изработени во Музејот на восочни фигури од Украина, со утврдена динамика по две фигури за еден и пол месец ..
  • Финансиер на проектот е Владата, односно Министерството за култура, која во буџетот за оваа година намени девет милиони денари.
  • Објектот ќе го гради „Бетон“ од Штип според проектот на архитектот Зоран Јордановски.
  • предвидено да биде готов во рок од 14 месеци ...
  • ќе се наоѓа во близина на стариот скопски театар на левиот брег на реката Вардар.
  • Од Министерството за култура велат дека веќе започнала изработката на восочни фигури на пет лика од македонската историја- Гоце Делчев, Јане Сандански, Ѓорче Петров, Крсте Петков Мисирков и Методија Андонов Ченто.
  • Музејот на жртвите на комунизмот, пак, ќе го претставува континуитетот на идеите и борбата на македонскиот народ за својата самостојна демократска држава по Втората светска војна и за репресијата на тие идеи од страна на комунистичкиот режим. Низ изложбените експонати и преку оригиналните политички досиеја на следбениците и симпатизерите ма историската ВМРО што ги воделе тогашните полициски служби на УДБА и ОЗНА ќе биде прикажана нивната борба за решавање на македонското национално прашање.
  • Соочени сме со трауматизам во сеќавањата. Пораката на оваа зграда треба да биде исправка на тоа, односно помирување меѓу луѓето коишто живеат на овие простори.
  • Музејскиот комплекс "Македонска борба" ќе се гради на површина од 2.500 метри квадратни, покрај реката Вардар, до локацијата каде во тек е обновата на стариот скопски театар. Музеите треба да го отсликаат времето на македонската борба и историја од средината на 19 век до средината на 20 век, преку изложбени поставки на восочни фигури на истакнати историски личности, уметнички портрети, фотографии и графички прикази.


** Еве ископав еден од проектите за Музејот на ВМРО. На РАДО дизајн (овие што победија за Соравиа). Колку што знам ова не е победничкиот.

1


2


3


4



** Еве уште неколку идејни решенија за музејот. Победничкото останува мистерија Ohno
1

2

3

4

5

6

7


** Мој прв впечаток. Не е крај на светот.
1

2

3

No comments:

Blog Archive

Site Meter