Реквизити за пушење ...
Најтешко и најлесно за човекот е она што е зависно само од него ... од неговата воља ... нивото на неговата свест ... и потребата да се бори против одредни свои лични слабости и пороци ...
Пушењето е лоша навика која е предизвикана од потребата за
- докажување дека некој е рамноправен со другиот ...
- дека детето пораснало, докажување пред себе и другите ...
- дека жената е рамноправна со мажот ...
- да се задоволи радозналоста како изгледа пушењето - што осеќаат пушачите ...
- да бидеш како оној од филмот или рекламата ...
- да им најдеш работа на прстите кога незнаеш што да правиш со нив ...
но, со пушењето осем рак на белите дробови и закрчување на дишните канали не се добива ништо ... пушењето е едноставно лоша навика која во голем дел од историјата е фаворизирано со рекламирање, бидејки оние кои го правеа профитот од тоа имаа интерес да се рекламира пушењето ...
Владата оваа година ја чека носење на нов закон за проширена забрана за пушење на сите јавни места ... Затоа не ја разбирам владата кога дава бенефиции/субвенции на производителите на тутун ... ако пушењето е штетно, а штетно е ... ако пушењето е забрането т.е. се повеќе се забранува - тогаш зошто со наши пари од даночните обврзници да се стимулира производството на тутунот и одтаму цигарите ... што е целта, да поефтинат цигарите и да се зголеми нивно производство ?? ...
Затоа и предлагам на владата да престане да дава стимулации/субвенции за производство на тутунот ... и да започне повеќегодишна кампања против пушењето и последиците од пушењето на човековото здравје ... ке бидат тоа добро потрошени пари ...
No comments:
Post a Comment