Во скоро сите изборни процеси не можеме да се ослободиме од насилието во предизборнот процес ... на самиот ден на избори ... има насилие и по изборите ... КУЛТУРАТА во изборниот процес - стандарди ...
- Во предизборниот процес пред почетокот на изборната кампања ... особено во текот на изборната кампања, се осеќа изборното насилие - преку:
- реториката која се упатува преку пишаните и ТВ медиумите ...
- во смисла на омаловажување на политичкиот противник ...
- наместо да се зборува за тоа што тие/ние ке направат/виме во наредните избори - се зборува за тоа како во минатиот период лошо се работело ...
- се оцрнува противникот по сите линии ...
- неретко се препишуваат одредени филства ...
- и во овој изборен процес се случуваше истото ...
- заради таквата реторика во минатото неретко имавме инциденти на млади и не така млади прекршители на изборниот процес ... покрај микрофоните и мегафоните неретко има пиштоли и калаши ... шок бомби ...
- оние кои одлепуваа плакати на противникот ...
- кршење на локални изборни штабови ...
- поставување на партијски симболи и знамиња по места кои не се одредени за плакатирање ...
- праќање на заканувачки пораки по нивниот живот и имот - дотаму да се закануваат и на поблиската фамилија и нивните деца ...
- дишење во слушалица ...
- имеил закани ... особено рисутни во последно време ...
- сеење страв кон фамилијата на политичкиот противник ...
- во сево ова неретко учествуваат и полулегални структури на полицијата - која за тоа ангажира познати криминалци (ситни и крупни ...), дури времено се пуштаат и од затвори ... и во овој процес имавме такви најави ... На времето имавме обратни процеси кога се случуваа важни настани имавме времено “затварање“ на ваквиве ситни криминалци кои беа на слобода ...
- се упатуваа крупни батки кон оние кои не се во група а носат обележје од некоја полит.партија ке го малтретираат и на крај натепаат ... (случајот во Тетово ...) ...
- батки со пиштоли и калаши кои на митинзи отпоздравуваа со “свадбарски“ рафали ...
- палење на автомобили ...
- молотирање на кафеани и други јавни простории блиски до политичкиот противник ...
- негативена порака се испрати со притварањето на снимателот на митингот - во не се сеќавам кој град во источна Македонија ...
- нерамномерна застапеност во медиумите - голем проблем во последниот изборен процес ...
- несоодветни рекламни пораки - како онаа на Сонце со пораката “по е**ње нема каење ...“ ... спотот со “сукњата“ беше истотака несоодветен ...
- немањето на директна дебата на главните полититички противници ...
- двојници во изборни листи ...
- не ја разбирам тупаницата со која се одпоздравува масата на кого му е таа наменета ... тупаницата е симбол за борба/тепање ... тупаници упатуваа/одпоздравуваа сите ...
- зошто се потребни грандиозни митинзи во секој град каде се носат професионални навивачи кои го подигнуваат моралот на говорниците ... знам дека треба да се постигне ТВ ефект на подршка на масата ... но луѓето не се толку глупи, ги гледаат автобусите ... чинам дека само уште на балканот имаме вакви митингашки кампањи - на кои во иднина ке се гледа сосема во друго светло ...
- трошење пари за кампања над дозволеното со законот ...
- Прекршување на изборниот молк ...
- Нарушувањето на изборниот процес на денот на изборите:
- стоење на крупни батки со партијски обележја во околината на избирачките места ...
- “делење на упатства“ на оние кои одат кон изборното место како и за кого да гласаат ...
- “бугарски воз“ ...
- исмејување на луѓето по расна и верска определба ...
- кршењето на изборни кутии
- бркање на оние кои доброволно ги посматраат изборите
- полнење на кутиите
- крадење на кутиите
- влегување на изборно место со оружје, пиштоли па дури и калаши
- било какво попречување на слободниот прток на луѓето кон изборното место
- оваа година за жал имавме многу ранети кои одеа кон изборните кутии ...
- подкупување на изборната комисија да ги наштима резултатите од изборите, да ги дополнат кутиите ... кога велам подкупување сметам и на заплашувањето по нивниот живот и интегритет ... нели не е важно кој ке гласа - туку кој ке ги брои гласовите ...
- спречување на контролорите на гласањето да си ја работат работата ...
- упатување порака да не се излегува на изборите ...
- Заплашувања по завршувањето на изборниот процес ...
- упатување на директни и индиректни закани на “победниците“ кон “поразените“
- “свадбарско“ славење на победата ... со пиштоли и калаши ... ова не е случај само кај албанците ... се сеќавате на едни предходни избори по победата еден наш млад надежен политичар кој потоа за кратко време беше и во дипломатијата ... среде плоштад славеше со пукање од својот пиштол ... не се сеќавам дека е казнет заради тоа ...
- овој постизборен страв е и заканување кон оние кои изгубија - се рефлектира на работните места кои се губат заради тоа што “твојата партија“ изгубила ... тоа е посебен пораз на демократијата ... која се претвара во чиста и сурова борба за власт ... а не за остварување на својата политичка програма ...
- така се ствара чиста партијска држава/администрација и по ништо не се разликува од поранешниот еднопартизам ...
- Сето ова го гледаат “посматрачите“ ... странските представништва и амбасади и нормално е таквата земја да не го положува демократскиот тест ... најсилниот тест кој се дава на секоја држава која пледира кон асоцијациите какви се НАТО и ЕУ ... затоа секое насилие дирекно се одразува кон интегративните процеси ... кои се кочат додека демократијата не “созрее“ ... и затоа да не ги кривиме странците ... кривците сме ние ...
- Политичкиот противник треба да се посматра како спортскиот противник ... противници сте додека се натпреварувате кој ке победи ... во текот на политичкиот натпревар мора да се игра фер и коректно ... на крај оној кој ке изгуби му честита на победникот ... животот не завршува со изборниот натпревар ... премногу судбински се гледа на нашите избори ... во текот на четирте години кои владее победникот политичките противници ке се сретнуваат и ке комуницираат/кохабитираат ... животот тече нормално до следните избори ... знам ке речете сево ова е идеалистички посматрано и напишано ... но идеите и едеалите треба да ни се водилки ...
- Непочитувањето на победниците и нивно омаловажување е исто пречесто ако не и практика во случаите на поделената власт кога Владата, Председателот, Локалната самоуправа, Судството се попречуваат меѓусебно и не се признаваат КОХАБИТИРААТ ...
- Мораме сите да признаеме дека не сме ја достигнале КУЛТУРА-та во изборниот процес - стандардите ...
No comments:
Post a Comment