Денешен Утрински донесува интервју со Робин Хаман, новинар во Би-Би-Си, кој се грижи за блоговите на британскиот сервис. Нашите блогери кои учествуваа на интернационалната конференција „Глокал 2.0“, која се одржа на Њујорк универзитетот во Скопје, имаа шанса да се запознат со Хаман кој беше специјален гостин ...
Додуше нашиот јавен сервис не може ни самиот себе да се одржава на нет ... па не можеме да очекуваме дека нашите блогови ке ги има на нашиот национален сервис ... подолу неколку извадоци од интерјуто:
- Овој месец навршувам седум години работење во сервисот.
- Во последните две години ја водам мрежата на блогови на Би-Би-Си, која се состои од педесетина авторски блога на искусни новинари, уредници и програмери од компанијата.
- Одделот „Би-Би-Си медиуми и технологии“, кој е одговорен за нашата технологија, како и за дигиталните платформи на Би-Би-Си, сега има буџет од 74 милиони фунти.
- Многу мејнстрим медиуми се придвижуваат кон блогирањето, вклучувајќи го и Би-Би-Си и на тој начин градат огромен публикум. Во случајот на Би-Би-Си имаме повеќе од 20 милиони отворени текста месечно само на нашите блогови.
- Мислам дека блоговите и мејстрим медиумите можат да коегзистираат и дури може да си помагаат кон поголем квалитет. Блогерите имаат тенденција со страсти и ангажираност да ги коментираат настаните, а мејнстрим медиумите секогаш, речиси по дефиниција, ...
No comments:
Post a Comment