Од некои кругови во МК јавност ... од некои новинари ... од познати опиниум мејкери ..., Фрчковски е прогласен како еден од главните кривци за проблемот со името ... дека е тоа “негово дело“ ... дека по “ручекот“ со грчката амбасадорка сега оди во Атина да му платат за неговиот допринос за залагање и наклонетост кон грчката страна во спорот со името ...
Утрински денеска пренесува дека предавањето се одржало на покана на универзитет „Пантео“ во Атина ... од шефовите на катедрите по политички науки и историја и за филозофија ...
- карактерот на судирот меѓу Македонија и Грција ...
- тој не се однесува на реалните политички односи меѓу двете земји, туку произлегува од поимот „македонски“ и од симболите на овој поим, како и за тоа кој ја контролира историјата ...
- дебалансиран судир, бидејќи Грција никогаш не преговарала директно со Македонија, туку со посредници ...
- негативната енергија на Грција кон Македонија произлегува и од фактот што македонската држава почива на сосема поинакви основи од грчката ...
- “Ние сме мултиетничко општество со признавање на разликите, додека Грција гради центристичко и етнички хомогено општество. Доколку Македонија успее како држава, со таква внатрешна поставеност, тоа ќе значи дека грчкиот модел не е добар“ ...
- Грција формално преговара додека всушност целта и' е да ги одлага преговорите ...
No comments:
Post a Comment