Search This Blog

Monday, June 30, 2008

Кој губи а кој добива со Кредитните/Дебитните картички ...

Македонија длабока навлегува во светот на Кредитните и Дебитните картички ... Граѓаните со недоверие гледаат на картичките (пластиката ..), особено оние постарите кои сакаат во џебот наместо пластика да имаат кеш ...

читај повеќе »

Кој и што добива/губи со картичката ...

  • добиваат граѓаните ... бидејки немора да носат кеш ... а повеќе добиваат оние кои имаат кредитни картички бидејки до одредена сума на одобрениот кредит граѓаните лесно добиват кредит преку картичките ...
  • добиваат и поголемите трговски продавници кои имаат читачи на кредитни картички од сите банки ...
  • секако добива и државата - бидрјки секое плаќање преку картичка автоматски значи и впишување на дневен промет .... со што се наплатува и ДДВ-то ...
  • највеќе добиваат банките кои наплатуваат провизија од трговците во висина од 1.5 до 3 проценти од трансакцијата ... а одобруваат и кредитни линии на граѓаните со високи процентни стапки ...
  • највеќе губат трговците - особено оние ситните кои неможат да ја пкријат провизијата на банката ... па често трговците ја префрлаат провизијата на купците ...

На темата пишува и денешен Утрински ... Купувањето со картички поскапо задоволство ...

Груевски го отвара “Егејското прашање“ - пред Нимиц...

Во разговорите со Нимиц Груевски го отвара егејското прашање ...

Се плашам дека грците ке се бунат за ова - нели демек МК се обврза во “Времената спогодба“ да не го отвара ова прашање ... ??! ... Инаку да не ме разбере некој погрешно - ова прашање до сега МК требаше да го поставува секаде каде може и треба ...

Sunday, June 29, 2008

Свадба ... вистинско ширење на македонизмот ...

Вчера бев на свадба кај другарот - кој ја женеше керката ... до пред малку ги средував фотките кој ги направив на свадбата ... денеска немам време, уште малку ке одам да афтерпати забава, каде во интимно друштво ке ги гледаме фотките и другиот видео материјал ... утре задутре - ке подигнам неколку фотки од свадбата ...

Им пожелувам на сите да си дочекаат веселба од карактер на свадба, кршевка и сл ... така вистински се шири македонизмот ...

Saturday, June 28, 2008

Каква држава ни треба ...

Еден од моите верни читатели (sdsm1945new) и коментатори на мојот блог на постот - 9 Јули и името ... глобализација ... дали сме среќни ...даде неколку добри коментари на темата но го издвојувам последниот:

читај повеќе »

** Ех пусти желби.

  • Би ми одговорил кога би имал што да одговориш. или и ти како лидерот утредента ке праќаш соопштенија дека не сме те разбрале?
  • Можете само да се надевате дека ке успеете да ти уништите тие што мислат другачије од вас.
  • Вашиот тоталитаризам ке ве изеде вас а не нас.

  • Нас ни останува да се бориме и понатака за нормален живот на секој Македонец,
  • за правна држава во која секој ке може бар до суд да дојде без да го удават во кофа,
  • за држава со слободни медиуми во кој нема премиерот да прети на новинарите,
  • за држава во која за судските случаи ке дискутираат судиите и правниците а не лидерите на политички партии,
  • за држава во која нема да се плашиш дека ке те упуцаат алфи под изговор дека си сакал да пукаш на десетина наоуржани алфи,
  • за држава која нема да ги троши парите на даночните обвзници за да обезбеди сопствен опстанок на одредена група криминалци.
  • Ја враќате државата таму каде што успеа да побегне пред 17 години, во вителот на прљавите пари, мафијата и криминалот, се разбира државен.
  • А криминалот сам расчистува со своите.

И можете да припишувате дека припаѓаме на овие или оние, дека сме вакви или онакви, ама секогаш ке бидеме тука да го критикуваме она што власта го прави од која и да е проминенција.Се додека во македонија не завладее демократија, а не немо и слепо слушање на слепи лидери кој ни домашниот буџет не се способни да го водат а не државниот. После катастрофата наречена Бучковски сега го имаме тајфунот Св.Никола Груевски. Не знаеш што овој народ му згрешил на господа.

Компјутерот

Ми се зезна компјутерот и 24 часа бев вон од догаѓаите ... изедов три кила нервоза ... еве ме пак назад ...

Friday, June 27, 2008

Продажбата на топилницата во Велес - нов скандал ...

Топилницата во Велес е продадена на компанија која понуди милион евра помалку од турската компанија - која е оневозможена да конкурира на тендерот заради мањак од 100 евра како депозит ... тука секако има работа за антикорупциска ... па и за другите органи на државата ... чес поскоро треба да се поништи оваа продажба ... особено затоа што граѓаните не Велес се противат на продажбата бдејки 30 години по ред граѓаните на Велес се трујат од работата на топилницата ...

Во Македонија се‘ е можно ...

  • Можно е во Владата/Парламентот де седи човек кој вооружено ја напаѓал Македонија и Македонците ... на дел од луѓето, оние кои беа киднапирани уште не им се знае судбината ... зе заборавија сите запалени куќи и спроведено етничко чистење кое сеуште трае ...
  • Можно е во Владата/Парламентот да седи човек кој е на црна листа на САД или ЕУ ...
  • Можно е во Владата/Парламентот да седи човек кој има повеќе пасоши ...
  • За да бидеш член на Влада/Парламент не ти треба ни лекарско ... се важат и отпусните листи од затворите ...
  • За да бидеш член на Влада/Парламент - пожелно е да си предходно осуден за стопански криминал ... такви биле демек 30 проценти од власта ... :)
  • Се прашувам чиви интереси такови луѓе застапуват ... од сите предходни точки ...

“Кадијата“ ке го истражува “кадијата“ ...

Теоретски невозможното “Самоубиство со давење во кофа со вода“ ... ке го истражува владата ... некој решил дека е тоа самоубиство и не спрвел ни истрага ... му личело на самоубиство ... кој дилентатизам ... ни се смее светот ... после се чудиме зошто ни се бараат реформи во судството и полицијата ...

Се преговара за името - но не и за идентитетот ... идентитетот не се оспорува ...

Нимиц ова денеска јасно го кажа ... во еден друг пост напишав дека во времената спогодба не е дадено право да се преговара за идентитетот ... од каде тогаш толкава фама се дигна дека некој сака да ни го смени идентитетот ?? ...

Дури и Бакојани стално вели - ние преговараме за името ... не за идентитети ... кој тоа фрла магла ... ??!

Thursday, June 26, 2008

9 Јули и името ... глобализација ... дали сме среќни ..

Поминаа 18 години на самостојна Македонија ... проблемите се исти како пред 18 години ... се сменија на власт неколку гаритури на политичари од повеќе политички партии ... не ги решија основните проблеми ... а ветуваа дека ке ги решат ...

читај повеќе »

Груевски побара мандат од народот за “триумфално мнозинство“, за да може да ги реши основните проблеми - па и проблемот со името ... стоте чекора станаа негова Библија ... народот во огромно мнозинство изрази доверба и му даде шанса на Груевски и неговата партија да ги реши проблемите, оние крупните ... ке има врзани 6 години на власт и нема да има пречки да ја оствари програмата ... опозицијата ке ја прати на плажите во Грција ... верувам дека и идната година на локалните и председателските избори ке победи истата партија ... тогаш власта ке биде апсолутна ... до тогаш ке ги исфрли од игра и новинарите, оние кои му смеќаваат ... ке ги смени сите судии кои не ги научиле новите песни ... сите ке “пееме“ во ист глас ... но тоа нема да бие вечно и 4 наредни години поминуваат ... народот дава, но народот и зема ... ако не почнат да се решаваат вистинските проблеми и Груевски ке замине во историјата како човек кој имаше шанса да реши “големи и нерешливи проблеми“ - но не ги реши проблемите на народот - туку личните и партијските проблеми ... такви случаи имаме со минатите групи на наши политичари кои беа на власт - но не ги решаваа проблемите ... се извлекоа на страна и сега ни се смешкаат од соседни блиски и подалечни држави ... си бркаат работа ...

За две неделки ке дојде и 9 Јули ... проблемот нема да се реши до тогаш ... се прашувам зошто би го решавале проблемот америте, кога ни ние ни грците немаме воља проблемот да се реши ... Грците со отворениот проблем не држат во шах/мат-пат позиција ... сакаат што поефтино да не купат ... а ние преку тој проблем ги изживуваме последните години на решавање на “големите национални прашања“ ...

Сите забораваме дека моментално ја живееме ерата на глобализмот и сакале или нејќеле таа и нас ке не зафати ... најпрвин ке изумрат малите народи и нивните јазици ... па постепено и оние поголемите ... поради технолошката зависност за “XY“ години ке имаме доминацијата на неколку јазикака ... културата ке биде светска и локална ... ке паднат и границите кои и така се вештачки творби ... луѓето како и птиците ке бидат дефинитивно слободни - да се движат по слободна воља ... ке остане потербата да се зачуваат во меморија спомените на културите и историјата на одделни подрачја ...

Затоа за “XY“ години сите ке се чудиме - како сме биле глупави ... толку големо внмание сме давале на решавање на “крупните национални прашања - на идентитетот“ ... сме ги потиснувале по страна егзистенционалните прашања ... вработување, стандард ... квалитет на живеење ... процент на сиромаштија ... подобро школство и здравство ...

И денеска веќе имаме луѓе на кои не им е важно каде и во која држава ке работат ... туку им е важно дали за парите што ке ги добијат ке успеат да имааат просперитет за себе и својата фамилија ... тие таму зборуваат на други јазици - но се среќни ... ние овдека ја имаме Македонија за тактковина, го зборуваме слободно МК јазик, го дишеме воздухот на нашите прадедовци ... имаме суверена власт ... но сме несреќни бидејки немаме доволно добри услови да ги решиме егзистенционалните проблеми на денешниот човек ...

Кој ме сфати свати - кој не веројатно ке ме критикува ...

Римски Форум - Стоби ...

Сликата “http://www.utrinski.com.mk/WBStorage/Articles/6410D8ED2B17CC41A133C218CA411126.jpg” не може да се прикаже бидејќи содржи грешки.

Стоби и наш првокласен Архио локалитет ... Минатата година беше предложено Стби да прерасне во самостојна институција и сам да се грижи за поатамошниот живот на Стоби ... како првокласна археолошка атракција на територијата на Македонија ... Стоби лежи и сега на трасата на главната саобраќајница во Македонија - но од тоа досега нема голема корист ... Минатата година е формиран музеј во рамките на стариота кафеана покрај стариот автопат ...
читај повеќе »

Во минатата година се работеше на повеќе локации на Стоби ... на коцкарницата ... на куќата ... на заштита на мозаиците ... но највеќе се сработи на таканаречениот Римски Форум во Стоби ...

"Римски форум - Стоби" е проект кој е започнат во 2003 година. Досега е пронајдено изобилство на движен археолошки материјал, меѓу кој позначајни се деловите од мермерни статуи кои ги краселе нишите. Со ископувањата во изминативе две години целосно е истражена западната страна на бедемот на Форумот, кој има внатрешна површина од околу 800 квадратни метри.

По повеќе од 20 години, 2005 година за Стоби, конкретно за Римскиот форум, беше најексклузивна година во поглед на наодите и откритијата. Пред извесен период беа пронајдени делови од четири мермерни скулптури, со зачувани украсни орнаменти изведени со златни ливчиња. Беа пронајдени и голем број фрагменти од столбови, изработени од розов мермер. Големо внимание привлече изгубеното или сокриено мало семејно богатство на незнајниот Стобјанин, што се состои од околу 260 сребрени монети од вториот век и меѓу нив два пара детски златни обетки и два сребрени прстена. Раководител на истражувањата е археологот Мила Шурбаноска.

Монументален отворен влез, составен од три столба високи 7 метри, на врвот споени со аркади, имал Римскиот форум во античкиот град Стоби, кај Градско. Преку тој влез стобјани излегувале од обејктот што во тоа време бил плоштад и стапнувале на градските улици.

Објекти како Римскиот форум во Стоби во првите векови од новата ера имало само во Рим, Помпеја, Херкуланум и уште во неколку градови во Римската империја. Објектот зафаќал површина од околу 1.000 квадратни метри, бил висок околу 15 метри и имал кат над приземјето.

- Најновите овогодишни истражувања фрлаат друго светло на “форумот“ во Стоби ... Археолошки и конзерваторски тим работи единствено на просторот на впечатливиот објект, наречен Римски форум, за кој раководителката на истражувањата археологот Мила Шурбановска, потпирајќи се на најновите откритија, деновиве вели дека најверојатно имал функција на сенат, банка, библиотека и др. Посакуваниот форум, според неа би се наоѓал во непосредна близина. ...

- Погрешни археолошки впечатоци - Римскиот форум во Стоби ...

http://users.stlcc.edu/mfuller/macedonia/MacedoniaSiteMap.jpg

Сликата “http://star.vecer.com.mk/content_images/8547001012006130195530.jpg” не може да се прикаже бидејќи содржи грешки. Сликата “http://www.dnevnik.com.mk/WBStorage/Articles/2CB0E7B9A73AC44B9CB1FFEDFD91D47C.jpg” не може да се прикаже бидејќи содржи грешки.

Сликата “http://www.utrinskivesnik.com.mk/WBStorage/Articles/BE3C75BA1DEAA84CB9125B99982D5767.jpg” не може да се прикаже бидејќи содржи грешки.

Сликата “http://bloger.com.mk/uploads/m/milozvu4na/3689.jpg” не може да се прикаже бидејќи содржи грешки.

Сликата “http://217.16.70.245/izdanija/931/12122.jpg” не може да се прикаже бидејќи содржи грешки.

Сликата “http://www.dnevnik.com.mk/WBStorage/Articles/A87398685589C545BB8DD2CFC8477368.jpg” не може да се прикаже бидејќи содржи грешки.

Сликата “http://www.vecer.com.mk/WBStorage/Articles/E67F65313EF6E54C8A69FE45244DCFD0.jpg” не може да се прикаже бидејќи содржи грешки. Сликата “http://217.16.70.245/izdanija/2133/42756.jpg” не може да се прикаже бидејќи содржи грешки.
Сликата “http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/1Large-10.jpg?t=1214418924” не може да се прикаже бидејќи содржи грешки.
Сликата “http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/2Large-10.jpg?t=1214418975” не може да се прикаже бидејќи содржи грешки.
Сликата “http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/3Large-10.jpg?t=1214419014” не може да се прикаже бидејќи содржи грешки.
Сликата “http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/4Large-9.jpg?t=1214419058” не може да се прикаже бидејќи содржи грешки.

Blog Archive

Site Meter