Search This Blog

Friday, July 31, 2009

Кречам ама овојпат вистински по дома ...

Веќе неколку дена кречам вистински. Се вели - да го жалиш оној што гради куќа. Јас не изградив ни една куќа иако силно ја посакував. Цел живот го поминав во стан, осем детството кај мајками и дедоми. Имам два балкона од кои едниет е претворен во остава за гардероба. Ова ми е четврто живеалиште во мојот живот. Тука живеам веќе 21 година што е скоро половина од мојот живот.

Повеќе »

Почнав со кречење и средување на другата тераса. Со години (од кречење до кречење) на неа се одлага тоа што ти смеќава по дома. Од тука работите одат во остава па следно во подрум. Оваа година се решив на старата проверена макслима. Се што не си фатил во раце последните три години и си заборавил дека го имаш треба да се фрли т.е. подари на сиромаштија ако се работи за облека и за ствар која сеуште е исправна.

Кога кречиш тогаш е најдобро се да се извади од сите орамри да се пребришат комплетно од сите страни. По средувањето ке добиеш празни простори. По завршувањето на кречењето веројатно ке заминам неколку дена на некое МК езеро и во бањата во моето село (малку да ја средам реумата ...).

Рецесија и на блог посетите ...


Опаѓа блог посета во цел квартал ...

Цел еден квартал посетата на МК блогови опаѓа. Болеста на рецесијата ја зафаќа и МК блогосфера :) . Причините пробав да ги пронајдам во минатиот пост Самопрочистување на МК блогерски простор ... кој истотака беше проследен со графикон. Верувам дека во Август посетата ке се стабилизира а од Септември повторно ке почне да расте.

Thursday, July 30, 2009

Премиерот во затвор ...

http://www.sitel.com.mk/WBStorage/Articles/3D5700F786C08548852708473A382A76.jpg http://www.utrinski.com.mk/WBStorage/Articles/8BD02B05B1764B4FAD492C713E85C093.jpg http://www.vecer.com.mk/WBStorage/Articles/6ED7FD9B697B2B4E87FDB75FF154A483.jpg
Полека, полека - Премиерот вчера беше во посета на новото крило на затворот во Шутка. Навистина по обичај доцнеше 40 минути но пристигна свечено да го отвори. Македонија под палката на Груевски остварува. Гради нови затвори за своите криминални граѓани - ке заборавев гради со кредитна линија. И не е само Шутка, се градат или реновираат затворите во Прилеп, Тетово, Охрид, Гевгелија, Струмица, Струга, Битола, Куманово ...
Повеќе »
Македонија ги исполнува стандардите на ЕУ - ама во затворите.

Wednesday, July 29, 2009

Рецесија - Депресија - Социјална криза ...


Најпрвин да видиме неколку бројки:

Повеќе »

  • Девет месеци по ред земјава бележи значително опаѓање на индустријата.
  • Пад на индустриското производство од 16,2 отсто во јуни годинава споредено со истиот месец лани,индустриското производство во првата половина од годинава во споредба со истиот период лани се намалило за 12 отсто.
  • БДП во првиот квартал падна за 0,9 отсто.
  • Ич да не спомнувам дека имаме највисока стапка на невработеност во ЕУ.
  • Да не ја спомнувам ни бројката/процентот на сиромаштијата.

Воопшто не верувам на бројките кои ги дава нашата статистика. Веќе одавна е утврдено дека секоја наша транзициона Влада кога ке дојде на власт најпрвин го запоседнува Министерството за Полиција (оосбено тајната полиција - таканаречената државна безбедност ... читај безбедност на владејачката партија ...), како второ е именување на свој директор во Државниот завод за статистика. Бројките се штимаат и се кријат од јавноста. Последен пример е податокот дека во општава клима на светската и нашата рецесија - Македонија искочи со податок дека е намален процентот на невработеност во Македонија. Да не е жалосно би било смешно ...

Луѓето кои работат во/за/околу владата на РМ немаат допир со народот. Да имаа немаше да им се потребни бројките од разните статистики, тоа можеа да го видат ако прошетаа по пазарите, маркетите и трговските центри ... ако само малку ги погледаа лицата на обичните граѓани кои со наведнати глави шетаат по улица ... ако погледаа низ прозор према контејнерите за смет, кои станаа се поголем извор за егзистенција на голем дел од народот/гласачот.

Но еве дури и нашата Влада се одважи да признае дека земјата влегува во рецесија. Се разбира сега се фали дека имаме најмал процент на стапка на рецесија од соседните и ЕУ државите (дури и од Јапонија ...)... Престанаа да не убедуваат дека МК ке ќари од рецесијата. Ова беше главниот аргумент кога се носеше последниот мамутски буџет на надуен список на желби на оваа власт. Власта сега се фали дека нејзините кризни мерки делуваат и затоа имаме најнизок пад на БДП.

Просто е - неможе да паѓа оноа што го немаш. Нашите економски бројки се одавна блиску до нулата. Економската активност е дојдена до таква степен што економијата која одавна го допра дното, тешко дека може натака да паѓа. Веќе десетици години државата живее од приливите на странски депозите кон граѓаните, кои на годишно ниво се движат околу милијарда долари ... (оние кои иселениците ги праќаат на своите фамилии ...) и од донациите на развиените земји од светот.

За да не дојде некоја држава во рецесија кога таа ке се намириса, се спроведува политика на пораст на потрошувачката онаа општата и заедничката (политика на ефтини кредити ...)..., но од кога рецесијата ке стапне тогаш остануваат мерките на стегање на ремените - тоа значи раст на даноците, реално дури и апсолутно намалување на платите и пензиите, намалување на трошоците на администрацијата ... Капиталните инвестиции во период на рецесија се сведуваат на минимум од една страна, од друга страна бранот на капитални инвестиции е најпотребен за излегување од цикличниот на периодот на рецесијата ...

Секојпат се дискутабилни прашањата дали Владата преземала најсоодветни мерки да не дојде до рецесија - во тој поглед стручната јавност треба да суди и за нашата Влада. Самиот се изјаснувам дека нашата Влада не презема правилни и доволни мерки и чекори да не дојде до период на рецесија.

Долгорочната рецесија представува депресија на економијата - која пак предизвикува социјална криза ... Поради тешката социјална криза која ја гледам во околината во која живееам сметам дека МК економија е одавна во депресија, која се крие со штимаше на бројките и статистиките ... во спротивно ниедна власт не би се задржала на своите позиции.

За оние кои ги мрзат да сурфаат по интернет еве неколку дефиниции:

- Рецесија,
забавување на економската активност во една земја за определен временски период. Рецесијата е дефинирана како период кога БДП на една земја опаѓа ( негативен реален економски раст) во најмалку два квартали. БДП, вработувањата, инвестициите, искористувањата на капацитетите, приходите во домаќинствата и бизнис профитите се намалува за време на рецесија.
- Рецесија се случува кога невработеноста ќе се зголеми за 1.5% во период од 12 месеци.
Тешката ( БДП под 10%) или продолжена (за три до четири години) рецесија се нарекува економска депресија.
- Пред почетокот на секоја рецесија претходеле значителни падови на берзанскиот пазар.
- Глобалните рецесии се појавуваат во циклус кој трае од 8 до 10 години.

Tuesday, July 28, 2009

Бесплатен интернет ...

Најпрвин владата презема неколку јас би рекол килави акции за бесплатен интернет:

Повеќе »

  • Во неколку наврати се пристапи кон акцијата бесплатен интернет за сите преку таканаречената дијал-ап конекција. Тотално промашување од кое се офади само интернет провајдерот кој го делеше интернетот.
  • Отвори во сите градови Интернет клубови во кои даваше бесплатен интернет. Оваа акција е килава бидејки првин е прескапа инвестиција која се состои од закуп на простории каде се дава интернет, се купи опремата која воопшто не е ефтина како и вработување на луѓе кои ке ги одржуваат и управуваат просториите. Овие интернет клубови се претворија во партијаски клубови на ВмроДпмне ...
  • Малку беа градовите - од минатата година во сите поголеми села се отворија интернт клубови, со слична трошковна структура како оние градските ... повторно тие се претвараат во бесплатни клубови за ВмроДпмне членовите ...
  • Акцијата ја преземаа општините. Најпрвин Чаир објави дека во цела Стара чарчија има бесплатен ВиФи интернет.
  • Од пред некој ден Коце Трајановски објави дека во паркот Жена Борец има бесплатен интернет ... на ова најмногу се израдуваа пензионерите кои се “најголеми“ корисници на интенетот ... важно некој ке лапа дваесет и пет-шест-ињади денари месечно за делење на интернетот во паркот Жена Борец.
  • Следната акција ке биде веројатно бесплатен интернет за стариот дел на Градскиот парк ... се побунија тамошните пензионери ...
Владата сакајки да прокнижи успех во употребата на новите интернте технологии, направи многу грешни потези.
  • Откако Македонија ја прогласи како земја која тотално е покриена со ВиФи интернет мрежа - проект кој беше спонзориран од САД фондација (од кој се офајди само изведувачот на проектот, кој практички стана сопственик на мрежата, преку која ги снабдува со интернер сите школи во Македонија).
  • ВиФи технологијата во меѓувреме застаре и практички е неупотреблива бидејки е со премала брзина и слаб капацитет на линк ...
  • Не создаде скоро ниедна ВиФи точка таму каде има највеќе потреба во студенските домови, библиотеките, државните и општинските установи ...
  • Не ја искористи и втората технологија за добивање на нешто побрз интернет. Имено пред скоро две години додели концесија за државно и општинско користење на таканаречениот Вајмакс ... Концесиите пропаднаа - никој ништо не изгради.
  • Не изгради мрежа на оптички интернет автопат во Македонија. Долго време има мрежа на оптички кабли кои не се користат за пренос на интернет. Иако ова е најефтин автопат кој може да го изгради владата не постави ни километар од него.
Единствена светла точка во сево ова се кабелските провајдери кои во погусто населените населби и градови создадоа мрежа преку која практички го срушија монополот на МТ-нет за Бродбенд интернет - со што цената падна на поднослив 500 денари за месечна конекција на интернет. Во меѓувреме владата на неколку пати се пофали за огромната интернет пенетрација, која можеше да биде многу побројна. Интернетот во школите поради слабиот проток е практички неупотреблив ...
  1. Интернет, блог, содржина ... МИСЛЕЊЕ/СТАВ ...Интернетот станува секој ден се поголема „Александриса библиотека“. На него пред се можеш да се информираш ...
  2. Скоје и Македонија се сиви зони на интернет мапите ...
  3. Интернет пенетрацијата во Македонија 44 проценти ...
  4. Македонскиот јазик е во црна дупка на светските интернет пребарувачи ...
  5. Интернет телевизија нуди и „Македонски телеком“ - T-Home ... Triple play ...
  6. 41,5 отсто македонци користат интернет ... компјутер користеле 50 отсто ...
  7. Бродбенд интернетот во Македонија во експанзија ...
  8. Оптиката во МК и развојот на интернетот ... МК Интернет Автопат ...
  9. „Зголемување на пенетрација на широкопојасен интернет во Македонија“ ...
  10. Интернет-Македонија ...
  11. AEK - го минира развојот на интернет комуникациите ...
  12. Интернет трка ... и во МК ... конечно ...
  13. Космофон од денеска стартува со интернет на 3G мрежата ...
  14. Бесплатен интернет ...
  15. Интернет понуда во Македонија денес ...
  16. ИНТЕРНЕТ - Кога ќе имаме поевтин и подостапен ? ...
  17. Интернет без граници! – волан предлози ...
  18. Интернет пенетрација - табела 99-2007 ...

Monday, July 27, 2009

Здравство ...

На кого му е потребен ваков гломазем и неефикасен апарат за здравство кој има пари само за своите плати - 80 проценти од парите за здравство одат за плати. Реформите во здравството се млатење на празна слама. Само поради децентрализација на Клинички центар во Скопје - мораше да се вработат нови 200 административци. Од 200 камери за виедо надзор за кои се потрошија десетина милиони евра останаа само неколкуте снимки на сестри затекнати во незгодни ситуации со лекарите ... Секојпат кога одиш на клиника обавезно е со себе да понесеш игли, завои и шприцови - бидејки на рафтовите на болниците нема такви препарати. Да, секако дека ке мора секодневно да одиш да однесеш храна за твојот роднина кој е примен на болничко лекување. Пижамите и личните средства за хигиена се подразбираат. Зошто ни се потреби болници во кои има пари само за платите на лекарите.
Повеќе »
Реформата во здравството е промашување на владите на Груевски ...

Blog Archive

Site Meter