Search This Blog

Thursday, March 05, 2009

Трио Мускетари - Трио Новинари ... “еден за сите“ ...

Во десницата на овие избори се` е во паролата “Трио Мускетари - Трио Новинари“ ... Десницата во промоцијата на својата кампања на неколку последни избори користеше услуги од многу медиуми и многу новинари - но поентираше секојпат кај триото Новинари (ТВ водители) Јанко, Томиќ и Миленко ... Како и во приказната за мускетарите на триото мускетари им се приклучува и друга дружина ... во оваа новинарска приказна приклучок фаќаат Латас и Мирка Велиновска ... но и други, но овие се најславните фаци (брендови) - кои треба да ја пренесат пораката до обичниот гласач ... не е битно што некои од нив во минатото “дуваа“ во едрата на другите ...

читај повеќе »

Доаенот на МК новинарство Госпоѓа Мирка Велиновска неколкупати гостуваше во се` популарните и погледани емисии кај “Триото Новинари“ ... често со иста приказна, но со различни акценти, во меѓувреме ке излезеше и со колумна на слична содржина ... во сите доминира приказот кој ни е главниот кривец за ова што сега ни се случува со името и идентитетот ... нешто не гледам јавниот правобранител да реагира на аргументираните наводи на Госпоѓа Мирка Велиновска ...

Нонстоп враќањето на иста приказна за лошите дејанија во минато - кај народот кога тогаш ке прозвучи како истрошена плоча која од премногу употреба ке се изаби ... ова ми заличува на представата - “Држете го крадецот ...“

Би сакал да слушнам приказни - како да се реши иднината, но некоја реална иднина ... бајките за розовата иднина ми беа омилено четиво во детството - во меѓувеме не само што пораснав туку и остарев ... минатото веќе толку пати е повторено што на сите ни се јасни “предавничките дејанија на главните фаци од СДСМ-то ...“.... ама они иако со толку тешки икриминирани дејанија, се сеуште се слободни граѓани ... кој ги штити ?? ... Да, треба да се сетиме на минатото - но без покажување на патот во иднината, бадијала копаме по минатото ...

Повод за написот е најавата дека - доаенот на МК новнарство Госпоѓата Мирка Велиновска - ке гостува во емисијата на Гос. Јанко “Јади Бурек“ (понеделник, 9 март 2009) ... се надевам ке каже и нешто ново ... секојпат со задоволство ја слушам и читам Мирка Велиновска ...

4 comments:

Anonymous said...

Абе требаше одамна Господинот јавен обвинител да реагира... ама за дотичниот, можеби нештата ќе беа многу поубави денес.
Македонија ќе биде добро место за живеење кога актуелниот ни претседател ќе го снема од политичката сцена еднаш засекогаш и тоа без можност за "враќање".

Anonymous said...

Cekaj malce Volan...ne razbiram...Ti samo sedis doma na komjuter i si pisuvas kao?
Imas li ti rabota, profesija?
Ova mi lici deka nemal glavolot rabota pa...ne svakjam sto e i kakov vid e ovoj tvoj blogeraj. Epten si anti-Vmrovski, se gleda od kilometar

Anonymous said...

Види Волан,

Нема што тука да реагира јавниот обвинител. Тука единствено може - споменатиот - во случајов БЦ - да покрене приватна тужба против Велиновска за клевета и во тој случај обвинетата ќе треба да ги докаже пред судот сите наводи. Но, во таков случај во јавност би излегле доста информации кои органите ќе бидат должни да ги достават до одбраната, а кои очигледно на БЦ не му одговараат. Значи јас контам вака: ако БЦ не покрене приватна тужба - рачунам дека е виновен.

Поздрав од Охрид

Anonymous said...

Мирка е исфрустрирана егејка која Бранко ја откачи о одтогаш влезе во една ментална конфузија од која никако да излезе. Се гледа дека она пати, но ....

Blog Archive

Site Meter