Една изјава која Груевски вчера ја даде кога фрли уште една изборна лопата (при свечењето почнување на изградба на зградата на филхармонија - кога на луѓето од балетот и операта им е запретено ако не дојдат на отварањето дека ке им се скрати од платата 15 проценти ...) а се однесува на трошењето на буџетот не ја гледам во денешните медиуми ...
Повеќе »
Ке пробам да ја парафразирам. Буџетот е за да се троши ... затоа се собираат парите во буџетот за да потоа плански на база на одлука на Собранието се потрошат ... Ние тоа и го правиме трошојки го буџетот ги исполнуваме ветувањата који партијата ги дава во предизборието ...
Колку лесно изречена изјава во услови на светска економска и финасиска криза која се повеќе ја зафаќа домашната економија ... Краткорочно владата за да го одржи најголемиот буџет досега се задолжува кај домашните банки - т.е. ги троши денарските заштеди на граѓаните ... автоматски вршејки упад во монетарната политика ... Од друга страна тврдоглаво опстојува на зацртаниот буџет кој е на стаклени нозе во импутната страна ... Економијата веќе не може да го полни зацртаниот буџет ... извозот опаѓа ... се зголемува невработеноста ... по некој ден каснат платите и пензиите ... бројките за БДП се кријат ... странски инвестиции ни за лек ... млекарите наголемо ги продаваат кравите за да преживуваат месечно ...
Премиерот како да верува дека ке му се случи некое непланирано економско чудо - кое ке ја извади економијата од колапс ... небаре утре ке протече нафта од овчеполието ... или незнам што ... толку лагодно се однесува иако самиот најдобро знае во каква состојба е државното кесе/буџетот ...
Ке се вратам на мој постар пост: Наместо буџетот да се користи за развој - парите се трошат за споменици и плоштади, за полиција и администрација ...
Во услови на:
- над 30 процентна невработеност ...
- стагнација и уназадување на на стандардот ...
- зголемување на процентот на сиромаштијата ...
Наместо буџетот и задолжувањата да се користат за развој, кој ке донесе нови вработувања, подигање на стандардот, Владата троши пари во:
- градење на споменици и мономенти за минатото, минатото по нејзина мерка ...
- воштани фигури ...
- плоштади кои ги бои со партијски бои ...
- спортски сали истотака обоени со партијски бои ...
- секојдневно саморекламирање - во стилот на “огледалце огледалце мое ...“
- зголемување на бројот на полиција и непродуктивна администрација ...
Имаме ситуација да имаме еден продуктивно вработен, еден административец, еден пензионер, еден невработен, еден малолетник ... еден бездомник т.е. пука сиромаштија ...
Се има осеќај дека оваа власт сака позади себе да остави мономенти - за да биде спомнувана по нешто ... сето тоа е добро, потребно за народот ... но, најпотребното нешто во облик на вработување - власта никако да го испорача ... Во собирањето на парите од народот оди до таму што 800.000 случаи на долгови на граѓаните кон јавните претпријатија ке ги наплатува преку извршители ...
Се прашувам, дали не чини народот што толку лоши резултати створи во транзицијата - или проблемот е во власта ... која за себе створи услови на недопирливост ...