Search This Blog

Monday, August 31, 2009

Таму каде првпат го продишав воздухот, таму каде ми е врзан папокот ...

http://www.pungas.com/forum/attachment.php?thumbnail=17245 http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/BanjaStrnovac13Large.jpg
http://www.kumanovo.ca/kumanovo/images/lokaliteti/zabel.jpg http://uzkn.gov.mk/informatori/24/Tekst-4_b_slik_4.jpg
Денеска се вратив од мојот роден крај. Бев десетина дена што на бања во бањата Стрновац, што на мотокрострката кај Манастирот Забел ... што на прославата на Голема Богородица (два дена и една вечер вечер) ... го посетив и Кокино, ги посетив и многуте стари куќи од мојот роден крај ... направив скоро осум гига фотографии - материјал за десетина постови ... попат бев и на Зебарњак, со многу фотки и од таму ... трите цркви во Младо Нагоричане се опфатени и веројатно во моментот ке пропуштам многу нешта, црквата од моето родно село Св. Ѓорѓи, Манастирот Забел каде сум крстен ...
Повеќе »
Чуствата и импресиите ми се помешани (во радосна смисла) бидејки по подолго време (неколку години) го дишав воздухот каде првпат сум го продишал, таму каде што ми е врзан папокот, каде првпат се напив вода од изворот и селската чешма, таму каде ги прележав првите детски болести, каде имам многу сеќавања од безгрижното играње во детска селска идила ... вријам од импресии и сеќавања, роман можам да напишам за неколку дена ... сега засега ке оди сето тоа како постови по моите блогови.
http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/1Large-13.jpg?t=1223231964

Wednesday, August 26, 2009

Google конечно прозборе и на Македонски - Macedonian ...

http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/GT-1.jpg?t=1251315449
Од 24 Август Google конечно „прозборе“ и на англиски, т.е на 50 други горенаведени јазици ...
Повеќе »
На 16 Мај оваа година имав напис дека Македонскиот јазик е во црна дупка на светските интернет пребарувачи. Тогаш искритикував дека никој од нашите авторитети не е заинтересиран за ваква крупна придобивка ... За среќа на сите нас Google сето ова го работи заради свои профитни интереси и престиж и од 25 август 2009 и Македонскиот јазик е уврстен во листата со 50 други јазици за меѓусебен превод со што МК јазик влегува на широка врата на листата на светските јазици ...

Како работи Google Translate? ... За ова најдобро ке дознаете ако просурфате на интернет - доволно ке биде да појдете и на страницата на Google Translate на Википедија ...

  • Google Translate, like other automatic translation tools, has its limitations. While it can help the reader to understand the general content of a foreign language text, it does not always deliver accurate translations. Some languages produce better results than others.
  • Google translate is based on an approach called statistical machine translation, and more specifically, on research by Franz-Josef Och who won the DARPA contest for speed machine translation in 2003.
  • To acquire this huge amount of linguistic data, Google used United Nations documents.
- Во прва фаза вклучени се Англиски, Француски, Германски и Шпански.
- Во втора фаза вклучен е Португалски
- Во трета фаза Италијански
- Во четврта фаза вклучен е Кинески, Јапански, Корејски
- Во пета фаза (декември 2006) вклучен е Руски
- Во шеста фаза (април 2007) вклучен е Арабски
- Во седма фаза (февроари 2007) Традиционален Кинески

- До седмата фаза преводите се од еден јазик према англискиот и обратно, дури во осмата фаза која настапува во октомври 2007 преводите се од 25 јазика сите према сите ...
- Во деветата фаза додаден е Хинду
- Во десетата фаза (мај 2008) се офајдија Хрватски, Бугарски, Дански, Пољски, Румунски, Фински, Чешки. Норвешки, Шведски
- Во 11 фаза (септември 2008) додадени се Српски, Словенечки, Каталонски, Филипински, Хебрејски, Индонежански, Летонски, Литвански, Словачки, Украински и Виетнамски
- Во 12 фаза Јаноари 2009) додадени се Албански, Турски, Естонски, Галициски, Маѓарски,
Малтешки и Тајлански
- Во 13 фаза јуни 2009 додаден е персијскиот
- За конечно во 14-та фаза од 25 овој месец да се воврсти и Македонскиот јазик, заедно со Африканскиот, Белорускиот, Исланскиот, Ирскиот, Малајскиот, Свахили, Велшки и Јидиш,

Заради значењето на воврстувањето на МК јазик во Гоогле машината за преводи 2.5 до 3 милиона Македонци треба посебно да бидат радосни - бидејки ова овозможува онлајн превод не само на зборови туку и на цели интернет страници и содржини т.е. сајтови ... Може да се смета дека е ова голем чекор на МК јазик и негово зајакнување, особено што Гоогле го сврстува во инает на грците како Macedonian без никакви додавки или придавки ...
http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/GT-2.jpg?t=1251318344
Можност и за пребарување на Македонски и Англиски т.е. на уште еден јазик од оние 50 кои се на списокот ...
http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/GT-3.jpg?t=1251318603
Можност вашата интернет страница инстантно да биде преведена на било кој јазик од листата на Гоогле машината за преводи ...
http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/GT-4.jpg?t=1251318750
Пробен превод од еден мој пост ... се приметува дека полно зборови фалат, оние што се подцртани со црвено, може со ваша помош да бидат додадени во Гогле машината за преводи ... се приметува истотака дека преводот не е најсјаен од граматичка страна бидејки сепак е ова само машина за автоматски превод која работи на база на законот за големите броеви и разни статистички закономерности ...
http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/GT-5.jpg?t=1251318994
Можност бесплатно да ги преземете Гоогле алатките ...
http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/GT-6.jpg?t=1251319183
Вака практички изгледа автоматскиот превод на мојот последен пост ...

НЕКА НИ Е НА СРЕЌА АВТОМАТСКИОТ ПРЕВОД НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК СО ОСТАНАТИТЕ СВЕТСКИ ЈАЗИЦИ ...


Friday, August 21, 2009

Бања што лечи рѓу ...

http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/BanjaStrnovac13Large.jpg
Од утре па некој ден натака ке одам во бањата во мојот роден крај ... во една прилика уште кога бањата беше само бушотина на ЗИК Киманово и изгледаше вака - еден заинтересиран иден капач во бањата прашува мештани што тука се бањале. Од што лечи бањата?. Од рѓу синко сигурно - а од друго ако даде господ. :)
Повеќе »
Кој ке сака да ме најде нека ме побара во една од двете кафеани на лице место.
http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/BanjaStrnovac15Large.jpg http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/BanjaStrnovac18Large.jpg
http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/BanjaStrnovac19Large.jpg
Едно време ова беше мое дрво (диво јаболко) под кое ми стоеше приколката ... за жал почина кумашинот што ја држеше едната кафеана и мене некако ми се одмили да одам ... сега по долго време повторно ке одам ...

Ново Лисиче - Решавање на урбанистичкиот џеб покрај Вардар ...

http://www.aerodrom.gov.mk/Images/mapa-smol.gif
Клик на мапата за поголема
Општината Аеродром деновиве започнува со прецизирање на ДУП-от за празната локација кај Ново Лисиче (на горната карта означена со парцела 252), која започнува од мостот близнак, со единствен објект голема трафостаница се до новото свртување на 5 и15-ка, каде сега е лоцирана и почетната транвајска станица која ја предвиде Костовски ... Ке се градат спортски објекти, неколку фудбалски стадиони и две вештачки езера во дупките кои веќе таму постојат ...
Повеќе »
  • Две мали вештачки езера и пет фудбалски игралишта, од кои четири помали и едно поголемо, ќе се прават на просторот меѓу реката Вардар и булеварот АСНОМ во Ново Лисиче, според новиот детален урбанистички план за Ново Лисиче, урбана единица Г. Нацртот на овој план вчера го усвои општинскиот совет на Аеродром.
  • Најголемото фудбалско игралиште ќе биде наменето за одржување натпревари, а четирите помали ќе служат за вежби и за тренинзи на фудбалерите. Тие ќе се наоѓаат веднаш до големата трафостаница на компанијата „ЕВН Македонија“, кај последната автобуска станица на линиите со број 5 и 15. Во рамките на игралиштата се предвидени и три паркиралишта.
Што имаше досега на оваа локација. Неколкупати со слики на мојот блог одсликував дека местото е дивина во која царуваат чергарите и дивите бавчи на осиромашените жители од околните згради.
http://i698.photobucket.com/albums/vv348/volan-sko/91Large-3.jpg?t=1241983908
Чергари кои собираат стара хартија, пластични шишиња и се што е од железо - вклучувајки ги и шахтите по улиците и тротоарите ...
http://i698.photobucket.com/albums/vv348/volan-sko/93Large-2.jpg?t=1241984653
Овој дел беше расчистен пролетва и летово - се предвидува да се продолжи велосипетската и трим патеката од Мостот близнак па надолу ...
http://i698.photobucket.com/albums/vv348/volan-sko/94Large-2.jpg?t=1241985389
Малку подолу од трафостаницата, бавчите ...
http://i698.photobucket.com/albums/vv348/volan-sko/96Large-2.jpg?t=1241985538

http://i698.photobucket.com/albums/vv348/volan-sko/97Large-2.jpg?t=1241985572
Во десниот агол се гледа локацијата на веројатното идно езерце ...
http://i698.photobucket.com/albums/vv348/volan-sko/911Large-2.jpg?t=1241985856
Огромен простор со години собиралиште на комарци ...
http://i698.photobucket.com/albums/vv348/volan-sko/913Large-2.jpg?t=1241985932
две мали “викендички„
http://i698.photobucket.com/albums/vv348/volan-sko/916Large-2.jpg?t=1241986050
дневна во НовоЛисичанската „дивина“ ...
http://i698.photobucket.com/albums/vv348/volan-sko/918Large-1.jpg?t=1241986117
тука веројатно има место за цела „хациенда“ - па и за неколку кучиња, прописно најавени со „пази куче“ ...
http://i698.photobucket.com/albums/vv348/volan-sko/920Large-1.jpg?t=1241987148
веројатното второ езеро ...
http://i698.photobucket.com/albums/vv348/volan-sko/919Large-1.jpg?t=1241987736
веројатниот простор на новите фудбалски игралишта ...
http://volanskopje.blog.com.mk/system/files?file=Gogle%20snimka%20na%20Novo%20lisice%20-%20so%20brojki%20%28Small%29.jpg
девет и десет се локациите на двете езерца и фудбалските стадиони ... што кријат другите блојчиња ке најдете тука. ... 9.- Новата крајна автобуска станица - која никако да проработи ... 10.- Трафостаница ... околу која никнуваат летно време диви чергарски населби на браќата Роми ... кои тука им е база за прибирање на флаши и друг секундарен одпад ... коњите ги ранат со косење на тревниците во населбата ... Се снаоѓаат луѓето, но дали е ова лик за една урбанизирана населба каде по парковите пасат коњи а до нив група на по десетина жени и деца одмараат во ладот пред контејнерите - чекајки некој да фрли пластична флаша ... Добро е што ги собираат ... од тоа живејат ... но ... мора ли тоа така да биде ...
Подолу ке Ви дадам линкови на мои написи за ваквите проекти и животот во близината на мојата населба:
Како што можете да пронајдете во горните написи досега Ново Лисиче беше типична спална соба на Скопје, која изобилува со големи паркови околу зградите. Проблем сега засега се малкуте простори за паркирање и сиромаштијата на жителите на населбата. Со новите содржини се додава спортската компонента на овој дел на Скопје. Во една претходна идеја овој дел беше предвиден за локација на новиот државен Универзитет за компјутерски науки - кој сега се пресели како план во Охридската касарна ... Ова е локацијата која во еден изборен план (од сто чекори ...) беше наменета за новиот Универзитет за информатика . Сега тој Универзитет како локација се пресели во Орид. На просторот се врати старата идеја тука да се градат спортски содржини ...

Thursday, August 20, 2009

Берлин Усеин Болд и Џеси Овенс

Берлин во Август 1936 не го поздрави соодветно црномурестиот американец Џеси Овенс кој освои 4 златни олимписки медаљи. Ариевците и Хитлер не беа радосни што среде берлин еден неариевец беше најголемата спортска звезда.
Повеќе »
Усеин Болд во Август 2009-та година истоткака во Берлин беше со овации поздравн од севкупната публика кога победувајки на 100 метри го постави неверојатниот нов светски рекорд на 100 метри ... победи и на 200 истотака адекватно позравен.

Берлин по седумдесет години еволуирал во односот кон другите нации и раси. Можеме ли ние да научиме нешто од сето тоа, нема веројатно да чекаме 70 години да откриеме топла вода.
Кога сме веќе кај светската атлетика, срамно е што ниедна МК телевизија нема директни преноси од спортскиот врвен спектакал во Берлин - Светско првенство во атлетика ...

Интернет шовинизам - големонационалнистички предзнаци ... Бинационална рамковна Македонија ...

“Битката за Нерези“ е најновата во низа на случки кои се поврзуваат со бранење на својот национализам - напаѓајки го туѓиот. Екстремниот национализам лесно прераснува во ШОВИНИЗАМ. Шовинизмот е екстремен вид на национализам. Негови карактеристики се:

  1. Ширење на национална омраза
  2. Преувеличување на својата нација и потценување на другите нации и народи
  3. Пројавување на национална супериорност и исклучивост
  4. Реакционерна политика на прогонување
  5. Истребување и угнетување на другите народи

Повеќе »

Мајсторите за претварање на очит шовинизам и етничко чистење во “Битката за Нерези“ - препознаа угнетување на својата нација и „застанаа во одбрана на истата“, со закани дека сето ова ке доведе до забрзување на делбите во МК политичко и државно ткиво. Демек они сега се на линијата на Македонија како целокупна држава па заради ова тие ке преминат во другите редови - во редовите на оние кои се за поделба на Македонија преку правење на бинационална рамковна Македонија ...

Албанските политички партии многу лесно ја минуваат границата на национализам во шовинизам. Последиците на таквата активност се гледаат во западна Македонија која триесетина години па и повеќе забрзано етнички се чисти со разни видови на методи и тактики ... се до одтворено барање за поделба и приклучување кон матицата на Албанија. Бериша пред некој ден повторно отворено се залага за севкупноста на албанското национално ткиво. Меѓународната во таа отворена националистичка порака не препозна ништо лошо - нема јавни пораки дека со такви изјави се поткопува мирот и стабилноста во регионот. Сите молчат, што во превод значи одобруваат сценарио кое се спроведува педесетина па и повеќе години, почнато со Призренската лига. Во нашиот случај на историјата на екстерниот национализам до шовинизам карактеристично е дека таквите струи во сите нации како да соработуваат - слично на принципот на соработката на криминалот и мафијата.

Јас не се сеќавам дека некој албански политичар, новинар или колумниста јавно застанал на критика на албанскиот екстремен национализам до шовинизам, кој завршува со етничко чистење некојпат тивко некојпат воинствено ... Некогашните осуди на албанските шовинисти (балистите на пример ...) сега се поистоветуваат со нивно големо херојство (во западна Македонија дури и во школските дворови никнаа споменици на балистите и шовинистите ...). Нивните шовинистички дејанија вешто ги вртат кон демек борба за рамноправноста на својот народ ... Во новата транзициона Македонија немаме ни еден случај на осуда на шовинизмите, ниту на албанскиот кој беше амнестиран со Охридскиот рамковен договор и од него беше направена реална бинационална Македонија, ниту на македонскиот кој мораме да признаеме дека го има ... Екстремниот национализам до шовинизам е многу опасна играчка во балканското буре на барут.

Забегав со постот, идејата ми беше да говорам за облиците на компјутерскиот/интернет шовинизам кој досега како да е незабележан од службите надлежни за прогон ... од една страна поради недоволната кадровска екипираност за компјутерскиот криминал во службите, од друга страна поради тешко пронаоѓање на компјутерските насилници и нивната способност маскирано да дејствуваат.
Интернетот остана единствено место каде може слободно да се искаже мислење и став ... но тоа е и место кое наголемо се користи за сите видови на екстремен национализам до шовинизам ... За разните облици на закани и шовинистички интернет испади често пишував на мојот блог:

Wednesday, August 19, 2009

Влада на тригодишна длабока сенка ... Демократско трокирање на транзициона Македонија ...


Опозицијата во Македонија ги преспа овие три години власт на владите на Груевски. Три години е во ептен длабока и дебела сенка. Дури сега најавуваат некава програма и влада во сенка. Поголема сенка од сегашната каде. Како да чекаат владата на Груевски сама да падне. Непојавување на нов политички субјект е заслуга на политичкиот изборен модел кој ги стимулира големите партиии, а и вештото усмукување на помалите партии во моменталната партија на власт, секако и нелегалниот трансфер на пратеници - избрани од една партија во текот на мандатот одат кај позицијата заради исполување на свои лични лукративни цели ... Стара болка и проблем на нашата демократија е зависноста на независното новинарство - каде сопственици на моќни медиуми се челници на партии ... да не зборуваме дека сега партијата на власт е најголемиот огласувач во медиумите - со народни пари ги подјармува новинарите ...
Повеќе »
Црвенковски си го реши личното прашање - тој е најмладиот пензионер со највисоката пензија во Македонија ... отиде во предвремена пензија - додуша на база на закон ... Шест месеци го ресетира СДСМ, полека пензионерски. Ако така ја ресетира Македонија тешко нам.
Сето ова водеше кон процес на демократско трокирање на МК транзициона историја која никако да заврши ни по 20 годишен период. Најпрвин се офајдија таканречените олигарси кои ја искористија приватизацијата каде со покритие на закон станаа сопственици на големи национални богатства на Македонската економија ... сега на ред да профетираат се националистите/десницата (која владее со програмски чекори типични за леви партии ... матат вода луѓето) кои за домашната јавност играат на тврда националистичка карта и одбрана на името и идентитетот а кај меѓународната само одовлекуваат за подолго да ги користат придобивнките на власта.
И под едната и под другата управа (Курто и Мурто) страдаше МК народ кој во транзицијата осиромаши, ја снема средната класа ... се помалку работни места - спас се бара во масовното иселување од Македонија ... Да не заборавиме дека истовремено се одвива национално диференцирање на двата најголеми етноси, се одеше дури до фингирање на етнички граѓански судир кој беше потпомогнат и од меѓународната. Од една страна албанците кои вешто ги користат барањата за рамноправност спроведувајки всушност бинационална држава по сите основи ... Македонците неможеаа да најдат меѓународен јак пријател кој ке ги спонзорира и подкрепува во нивните политики и потреби. Денеска, во минатите дваесетина години се жртви на лудоста на грчката политика, но подскриени се и апетитите на Бугарската држава и политика - па и не се така скриени ... 20 години Македонецот се повлекува и постепено ги губи придобивките од единствената МК држава која е оспорувана од сите пет сегашни соседи ... со внатрешно еконосмко и политичко слабеење на процесите на демократизацијата и евроатланските интеграции ...

Општина на споменици и мономенти, триумфални капии, обелисци ...

Скопската општина Центар стана општина на споменици и мономенти. По чичкањето на спомениците по најстрогиот центар, по најавата за триумфална капија кај плоштадот Пела, сега е во најава и во план изградба на Обелиск во паркот Жена борец. Од шетањето по светските метрополи (приме Коце Трајановски го виде Париз и заклучи дека на Скопје не му се потребни дрвореди и трафики, ги немало во Париз ...) се множат идеии за иградба на споменици во центарот на Скопје. Ако можат дури 16 светски метрополи да имаат обелисци (Париз, Рим, Вашингтон, Кајро и едикојси ...), зошто и во Скопје да нема обелиск ... повторно историјата ке ја пишуваме на камен, нели на некои обелисци има делови од историјата - во случајот на нашиот обелиск сега за сега планот е историјата да биде пишана на сосени помали обелисци ... Гинис не ни бега - споменик на метар квадратен ...              Повеќе ».....

Tuesday, August 18, 2009

Враќање на напуштеното, непотребното ... Служба за крупен смет ... Програмата не е устав, за да не се менува ...

Честопати сме сведоци дека имаме желба да се вратиме на напуштеното, кое заради одредена причина е ставено во заборав на нашата меморија. Некакво решение кое некогаш функционирало заради носталгија или незнам што го враќаме во сегашното време наново - ако треба и на сила ...
Повеќе »
Оваа година дојде време да кречам по дома. Се одлучив со кречењето да ја празнам просторијата која се кречи со се од неа и во неа да враќам само она што навистина го употребувам, Независно дали е тоа облека или некој друг предмет кој некојпат сум го употребувал. Пронаоѓав предмети кои се сосема исправни, пример електрична мелница за кафе, некој миксер на кого му прошло времето но работеше, неколку телефонски апарати кои работат ама нема место за нив сега. Се одлучив по принципот се што не е во употреба повеќе од три години да оди или во контејнер или на листа за подарување на оние на кои им е потребен тој предмет или облека. Не не фрлав се - спомените не се фрлаат. Примерно сеуште го чувам првиот толчник за пиперки кој го правел таткоми за неговото прво домаќинство, го чувам стариот столарски алат на таткоми, некои плетени работи од мајките ни, го чувам звоникот за крупен добиток којго пронајдов во дворот на деноми ... чувам фотографии, записи ...
  • Дел од облеката спакував и чекам да се видам со тие луѓе за да ги прашам дали им е потребена ... дел од облеката отиде во контејнер ... дел спакував во кутии и ке ги носам во мојот роден крај да ги подарам на некоја сиромаштија ... истото се случи и со многуте кондури што летни што зимски ... се насобрале цел еден регал беше полн со нив.
  • Правевме некој размештај на намештајот - испадна дека еден дел и тој е вишок. Се прашував како да се ослободам од него. Повикав дваица луѓе од „службата“ старо купујем - но залудно земаа само она што беше од метал за останатото немаа интерес. Се прашував како легално да се ослободам од еден кревет да речеме кој е сеуште во функција но ете немаме потреба од него, од два душека кои ги сменивме ... Знам дека вакви предмети во европските и светските градови се оставаат на одреден ден во месецот на обележени места. Поминуваат заинтересирани граѓани и ги прибираат за своето домаќинство - она што при крајот на денот ке остане го собира служба за крупен смет. Кај нас такво нешто нема. Луѓето имаат проблем да ги одстранат бидејки нема места каде може да се одложат - така е и со шутот од градежните интервенции. Така се ствараат мали депонии низ градот кои потоа стануваат големи. Зарем на ниеден градски татко општински или оној градскиот не му текнува на неколку места во градот во текот на летото еднаш месечно да се дозволи легално одлагање на вакви крупни предмети од домаќинството и градежниот шут.
  • Но тие имаат поважна работа во своите програми ... сечат столетни дрвореди по Скопје и чекаат соодветно време да го направат стариот сат да пропее ... да ги вратат двоспратните кои еднаш сме ги напуштиле ...
Пропадна вториот или третиот тендер за двоспратни автобуси (чинам дека сега причината беше немање на пари во буџетот) ... имаше и скандал со последниот тендер кој се заташка со неговото поништување. Но, поважно за ваква крупна јавна набавка е да се изанализира зошто некојпат се напуштени двоспратните автобуси не само кај нас туку и во повеќето светски метрополи каде што биле во функција. Веројатната причина е дека не се економски исплатливи за да ја завршат работата и не одговараат нашите патни правци. Носталгично се оставени по неколку примероци за туристичка промоција во текот на летото. Такви причини наведуваше стариот градоначелник кој беше за варијантна на зглобни автобуси и за транвај како долгорочно решение. Новиот градоначалник на Скопје тотално го потигна проектот транвај по страна - иако му е во програмата.

Прашање кое заслужува вниманите е зошто некој сосила ги натрапува двократните автобуси, кои еднашка се напуштени. Зарем само заради тоа што некој ги ставил во партијската изборна програма на ВмроДпмне ... Програмата не е устав, за да не се менува ... Враќањето на традициите е уште едната причина за ваков потег. Кога сме кај превозот некојпат низ Скопје највеќе имало превоз со пајтони ... си велам - добро е кога не му текна на некого да ги врати пајтоните како изворна традиција за Скопје.

Blog Archive

Site Meter