Владата деновиве поентира со изградбата на северната трибина на Градски стадион кој сега е преименуван во “Арена Филип Втори Македонски“ ...
Повеќе »
Најпрвин околу именувањето на стадионот, т.е преименување во “арена“ ... Сегашната власт милува спортскиот стадион на кој пред се се игра фудбал да го реименува во “арена“ ... веројатно тоа многу повеќе има призвук на античко име во склад со современите тенденции на политиките кои се водат а се во врска со таканаречената антиквизација ... Да, во Македонија имало Арени - антички театри во (Скупи 9000 посетители, Стоби 7.638 посетители, Хераклеја 3000 посетители, Охрид 2400 - 10.000 посетители). Скоро сите фудбалски стадиони се именуваат како стадион осем Алијанс арена во Минхен ... Сите овие арени (антички театри) треба да се реизградат и вратат во употреба ...
Арена е место каде пред се се прикажува, изведува театар, музички спектакал или алтернативно спорска утакмица ... Арените изворно биле места каде се одвивале битки на гладиаторите (меѓу себе и со крволочни животни ...)... Поради бруталноста на ваквите борби (доказ се гобиштата на гладијаторите покрај секој антички театар) тие во еден период на развој на човечанството се забрануваат и арените се користат за театар, музика или спорт. Арените пред се се со кружна форма (може да имаат и елипсеста но многу ретко ...) и се карактеризираат со тоа што од секое место на арената има подеднакво добар преглед на играта или перформансот кој се изведува. Во спортот арени најчесо има изградено за кошарка - за фудбал како што нагласив порано ја имаме само Алијанс арена во Минхен ...
Околу именувањето на “Градски стадион- Скопје“ како “Национална Арена Филип Втори Македонски“ ке кажам дека историски Филип втори е поврзан со Битола т.е. со изградбата на Хераклеја и местото на Филип Втори Македонски е во Битола. Во Скопје немаме ниту историски, ниту археолошки податок кој се врзува со периодот и името на Филип Втори ... Таков историски податок немаме ниту со неговиот уште пославен син Александар Македонски ... Териториите на кралствата на Филип и на Александар се многу појужно од Скопје. Скопската област мноугу покасно е приклучена во Македонското античко кралство. На Скопското Кале (за пример) кое е со историја од предисторијата до денес нема ниту еден артефакт кој го повзува овој средишен скопски архео локалитет со кралството на Филип и Александар Македонски ...
На крај да прозборам неколку звбора околу спектаклите кои ги организира МК влада при пуштањето на затворениот стадион/спортска сала Борис Трајковски и сега за свеченото отварање на северната трибина. И во едната и во другата прилика сево ова се претвара во случка која е со паријски бои (се делат бесплатни влезници за членовите на партијата ...)... и се користат за рекламна кампања. Се прикажува дека е ова врвен дострел на партијата на власт. Да подсетам само Јужната исто таква трибина е изградена во период пред 30 годи ... во периодот на мракот како би го нарекла сегашната власт ... Стадионот се гради со пари на сите граѓани на РМ и срамно е од него да се прави партијски спектакал, но тоа е стил на оваа власт и со тоа мораме да се помириме. Тие власта легално си ја освоија и сега ја практикуваат онака како имаат зацртано во своите програми. Очекувам како врв на своето политичко рекламирање да слушнеме кампања дека власта ни обезбедува бесплатен воздух за дишење ... или можеби и за него (воздхот ...) ке изнајдат начин како да ни го наплатат ...
Search This Blog
Thursday, August 06, 2009
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
Blog Archive
-
▼
2009
(684)
-
▼
August
(27)
- Таму каде првпат го продишав воздухот, таму каде м...
- Мотокрос Забел Старо Нагоричане, дојдете да уживам...
- Google конечно прозборе и на Македонски - Macedoni...
- Бања што лечи рѓу ...
- Ново Лисиче - Решавање на урбанистичкиот џеб покра...
- Берлин Усеин Болд и Џеси Овенс
- Интернет шовинизам - големонационалнистички предзн...
- Влада на тригодишна длабока сенка ... Демократско ...
- Општина на споменици и мономенти, триумфални капии...
- Враќање на напуштеното, непотребното ... Служба за...
- Тиквешко езеро - панорами ...
- Тиквешко ...
- Срамно простување со Артим Шаќири ...
- Блогови кои ми недостасуваат ... зошто блогерите б...
- Мажите сакаат ...
- Жените сакаат ...
- Мостови на Вардар ... егзебиционизам на власта ......
- Никако да му тргне на Претседателот Иванов ...
- Влезница од евро ипол и три евра ... зошто се дела...
- „Руга е Арбрит“ (патот на Арбр) ...
- Борба за столче ... ке обезбедиме воздух за дишење...
- Боцевски - ни на небо ни на земја ...
- Блог VS Дневен весник ... дневните весници се баре...
- Тази дупка не е дупка ... МК политичка Андерсон-ов...
- Свети пророк Илија
- Илинден
- Македонски Археолошки Весник ... Macedonian Arheol...
-
▼
August
(27)
3 comments:
Batka,celata hrvatska sportska javnost mu se voshituva na stadionov ili kako sto ne miluvas ti,na sportskava arena Filip Vtori Makedonski (imeto e bash tamam) a ti batka se najde pameten pa kritikuvas i toa po obicaj negativno,imeto Vi smetalo,te nesto drugo Vi smeta ....... Vi smeta ama koj ve shisha,so vasata "pametna" politika si se marginaliziravte do daska i toa izgleda na p o d o l g o a baska toa da ako bevte na vlast nitu sala ke imase,nitu nov stadion ....... izlisen e sekakov drug komentar .... ete pisuvaj za Andora,ne prizna pod imeto R.Makedonija .... ete i toa se slucuva.......Gospod da cuva i da brani tc,tc,tc,tc ......
Se' shto si napishal za toa shto e arena e tochno. So preimenuvanjeto na Gradskiot stadion vo neznam-kakva-arena samo si gi pokazhuvaat kompleksite od pomala vrednost. No, najttragichno e shto toa go pravat so moi, tvoi, nashi pari
Skopje,batka imeto e bas super e sega sto tebe ne ti se dopagja epa ..... jebi ga a stadionite otsekogas se gradele so moi,tvoi i nashi pari,najvazno da gi ima ... a ovie od opozicija uste dolgo ke dremat kako zaspani i ke treskaat gluposti ...malku kasnam ali jebi ga igrame kosarka ...
Post a Comment