Search This Blog

Wednesday, August 19, 2009

Влада на тригодишна длабока сенка ... Демократско трокирање на транзициона Македонија ...


Опозицијата во Македонија ги преспа овие три години власт на владите на Груевски. Три години е во ептен длабока и дебела сенка. Дури сега најавуваат некава програма и влада во сенка. Поголема сенка од сегашната каде. Како да чекаат владата на Груевски сама да падне. Непојавување на нов политички субјект е заслуга на политичкиот изборен модел кој ги стимулира големите партиии, а и вештото усмукување на помалите партии во моменталната партија на власт, секако и нелегалниот трансфер на пратеници - избрани од една партија во текот на мандатот одат кај позицијата заради исполување на свои лични лукративни цели ... Стара болка и проблем на нашата демократија е зависноста на независното новинарство - каде сопственици на моќни медиуми се челници на партии ... да не зборуваме дека сега партијата на власт е најголемиот огласувач во медиумите - со народни пари ги подјармува новинарите ...
Повеќе »
Црвенковски си го реши личното прашање - тој е најмладиот пензионер со највисоката пензија во Македонија ... отиде во предвремена пензија - додуша на база на закон ... Шест месеци го ресетира СДСМ, полека пензионерски. Ако така ја ресетира Македонија тешко нам.
Сето ова водеше кон процес на демократско трокирање на МК транзициона историја која никако да заврши ни по 20 годишен период. Најпрвин се офајдија таканречените олигарси кои ја искористија приватизацијата каде со покритие на закон станаа сопственици на големи национални богатства на Македонската економија ... сега на ред да профетираат се националистите/десницата (која владее со програмски чекори типични за леви партии ... матат вода луѓето) кои за домашната јавност играат на тврда националистичка карта и одбрана на името и идентитетот а кај меѓународната само одовлекуваат за подолго да ги користат придобивнките на власта.
И под едната и под другата управа (Курто и Мурто) страдаше МК народ кој во транзицијата осиромаши, ја снема средната класа ... се помалку работни места - спас се бара во масовното иселување од Македонија ... Да не заборавиме дека истовремено се одвива национално диференцирање на двата најголеми етноси, се одеше дури до фингирање на етнички граѓански судир кој беше потпомогнат и од меѓународната. Од една страна албанците кои вешто ги користат барањата за рамноправност спроведувајки всушност бинационална држава по сите основи ... Македонците неможеаа да најдат меѓународен јак пријател кој ке ги спонзорира и подкрепува во нивните политики и потреби. Денеска, во минатите дваесетина години се жртви на лудоста на грчката политика, но подскриени се и апетитите на Бугарската држава и политика - па и не се така скриени ... 20 години Македонецот се повлекува и постепено ги губи придобивките од единствената МК држава која е оспорувана од сите пет сегашни соседи ... со внатрешно еконосмко и политичко слабеење на процесите на демократизацијата и евроатланските интеграции ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter